Епа вака, барав ваква тема низ форумов и не најдов па затоа решив да си го искажам проблемот тука. Сега ќе полнам 17 и сум во врска со дечко две години постар од мене. Прв ми е и тоа се случи после 8 месеци цврста врска значи не бев присилена од негова страна ниту ме напнуваше за тоа, едноставно се случи. Е сега проблемот е малку деликатен, јас со самото тоа што му се предадов целосно очекував дека нашата убава врска полна со разбирање, љубов и доверба ќе се збогати со самото тоа што ќе ни се зголеми блискоста ама се тргна кон полошо откако се случи. Запоставена сум од негова страна, си зема за право повеќе работи, не е исто внимателен кон мене. Се си мислам дека сега се осеќа семоќен и дека јас морам да трпам се што ќе направи, што и реално така и е со оглед на тоа дека го сакам и сакам да си ја задржам врската. Оние изјави на љубов и да не речам лигавење ги нема веќе, не е исто заинтересиран за мене, ова му доаѓа како да сум целосно освоена тврдина што знае дека никогаш нема да ја изгуби па затоа и не вложува труд како порано, не смеам за ништо да му преречам, едноставно е минимално заинтересиран за мене, се однесува погрубо што ме доведува до лудило сепак очекував двојно повеќе внимание и почит. Имаме разговарано на оваа тема, му имам кажано што мислам и како се осеќам поради тоа тој на тоа ми има кажано дека не е променет и дека не е тоа точно, значи негира и секој пат кога ќе почнам таква тема се караме а се е јасно. Не сакам веќе да му спомнувам ништо за тоа дека односот негов ме повредува, ќе изгледам уште толку како гревче кое моли за внимание. Во тоа дека ме сака сум сигурна и знам дека не планира да ме остави. Всушност јас секогаш сум била совршената девојка за него, не дека се фалам ама убава сум, не сум го лажела и сум правела се за да биде среќен и сега дури и му дадов, значи со мене има се што му треба. Ама она добро познатото добро девојче сум и знам дека тоа здосадува. Ај ве молам пишете ми нешто како ви изгледа ситуацијава, што да правам за да му го вратам вниманието и да биде позагреан за мене ама не во таа смисла загреан, да ми обрнува внимание и да ме третира како најзначајното негово нешто, како и што беше пред да му дадам. Што би правеле вие во мојава ситуација и како да го добијам тоа што го заслужувам. Ќе ви бидам благодарна доколку споделите некоја добра тактика.
Каква тактика ти овде бараш? Со сила убавина не бидува, ете може те сакал, сте се сакале де, ви одело добро, цветала љубовта.. но, ете може едноставно има нешто што се скршило во него, може не е повеќе загреан како што бил, човек се менува.. се се менува кога ќе размислиме подлабоко. Може дечково има некој сериозен проблем, може повеќе и да не чуствува нешто што чуствувал порано со тебе, стојат многу прашања кој што ти самата треба да си ги одговориш. Велиш те сака не се сомневаш, ако те сакал навистина дали сето ова ќе го прави? Не би требало. Ете може и до секс му било, а може има и некој сосема различен проблем што не го открива. Сето ова размисли го и пробај да го одговориш и слушнеш од него. Знам дека не ти е лесно, секој имал најслични разочарувања низ животот и најразлични ситуации, но, животот е таков а ти што повеќе чекориш низ него тоа повеќе и созреваш како личност, се цврстиш и зајакнуваш. Што и да е не ја спуштај главата, барај одговор и решенија. Едноставно не молчи .. ако бидува врскава бидува ако не секој по свој пат, мали сте.. имате време да распознавате низ животот. Може е и период, почекај времето ќе ти го покаже патот низ кој што ќе чекориш.
Јас ќе ти кажам глумел за да те легне, си направил мерак и сега гледа да се отргне од тебе. Каква тактика бараш? Нема тактики, после ебе*е нема каење. А инаку да те сакал немало да си бараш совет, џабе си убава и не си го лажела, ако само физички си го привлекувала за во кревет.
Фала за мислењето, па ќе видиме како ќе испадне сето ова на крај, како ќе заврши, знам дека не е до мене.
@Lana30, има име за таквите како дечко ти кое гласи „тешко сељачиште“! Те легнал, си го добил тоа што го сакал и сега веќе не планира нешто особено да се замара со тебе. Знае дека го сакаш, знае дека ти е прв и дека нема лесно да се осмелиш да му раскинеш па сега ќе си прави како што си сака. Верувај дека не е ни прв ни последен од неговиот сој, да знаеш колку само девојки се зацрнеле со волови како него. „Не ме почитува, не сум среќна покрај него но што да правам, прв ми е и го сакам, не можам да му раскинам блаблабла“- слушнато 100 пати во живо и исто толку пати прочитано на форумов. Совет за тебе немам. Ако можеш да се помириш дека врската ќе ви биде таква каква што ви е сега, продолжи со него, ако сметаш дека повеќе вака не оди, знаеш и сама што треба да направиш, прв или десети.
Очигледно тоа е тоа и мн ми е тешко поради се, во секој случај фала ви девојки што го споделивте мислењето со мене.
Јас мислам дека дечко која единствена цел му е "да легне" нешто не би бил во цврста врска со љубов, разбирање и слично 8 месеци. Таквите брзо се покажуваат. 8 месеци не е воопшто мал период. И доста веќе со тоа дека мажите сакаат само да ги легнат и готово особено при советите на 17годишни девојчиња.
Јас мислам дека треба пробно да му раскинеш, да видиш како ќе реагира. Дали ќе те моли или дали ќе му биде сеедно. А следниот чекор, треба ти самата да го одбереш.
Јас не ги подржувам останатите мислења, можда дечкото има некои проблеми:домашни и сл,па за тоа да е малку отсутен,може таков период има. не се откажувај. Сте се научиле сите "сакал да те легне" пф. Ако сакал да ја легне ќе навалувал уште од првиот ден а девојчето убаво кажа дека такво нешто немало.
Сигурно проблемот е лош или здодевен секс мислам дека треба малко повеќе да експериментираш и да се опуштиш во сексуалните задоволства,мажите сакаат добри девојки кои се уште подобри во кревет.верувај ми се ке тргне на подобро само потруди се да го задоволиш повеќе
Не верувам дека има домашни проблеми. Јас мислам дека целта му било, по негово да те искористи. Убаво ти кажа феминката погоре, ако пробаш да му раскинеш и да му речеш дека не сакаш да го видиш веќе и ако него му е сеедно значи тоа му било целта. Ако ти рече дека треба да разговарате или изреагира изненадено, нешто друго го мачи. Пробај така и немој да се разочаруваш. Светот е полн и со прави мажи, што знаат да ценат и почитуваат yo lee не зборувај глупости девојчето прв пат имаше односи.
значи не,не го советувајте така девојчето,сите знаеме дека пробни раскинувања и паузи се најлоши за врска во која планираш да продолжиш
Nema nisto da te sovetuvam,takvi gi ima na sekoj cekor,odgovorite na tvoite prasanja sama si gi napisala,celta mu bila jasna mozebi si se svestila no kasno,a po napisanovo izgleda ne si osvestena celosno.Devojko dodeka ne go dobie sakanoto i zvezdi ke simnuva a posle (da ne se izrazam),i nemoj da misles ako mu raskines deka ke go isplasis mozebi i ke mu olesnis sepak so sreka
А да пробаш малку поладно со него да се однесуваш. Да се посветиш повеќе на школо, на другарки, да си излегуваш повеќе со нив. Да види дека светот не се врти околу него.
@Lana30 Јас не мислам дека му било за секс и чекал 8 месеци за тоа. Се знае на тие што му е за секс одма почнуваат да напнуваат, да притискаат и така натаму не им се чека, а искрено и во денешно време лесно прилично може да се најде некоја само за секс. Значи мислам дека не му било до тоа. И мене ми се случи една верзија од ова што го зборуваш, со таа разлика што мене ова не ми се случи после сексот и не е поврзано со сексот, туку после 2 години врска. Во која смисла сега ќе објаснам. Во смисла во која што му си потполно сигурна! И јас му бев. Кога машко мисли дека си му сигурна, а очигледно знае дека си му бидејќи ти сама така си се поставуваш со тоа што постојано го потсетуваш како треба да се однесува, што ти недостига и така натаму се однесува малце слободно. Сега секако си има се граници доколку те понижува и непочитува до крајности, жалам. Тоа си е тоа, млада си ќе биде се во ред. Накратко почни малце да си поладна. Да знае дека можеш без него. И велиш не смееш да му преречеш нешто- тоа не си го дозволувај! Ако треба ќе се скарам до крај, ама нема мене што да ме заќутва некој. Не му попуштај и не му се лигави. Не го барај постојано не го моли за излегување итн. Олабави си. Посвети си повеќе време на себе, на другарките, на училиштето. Ете велиш убава си, паметна, добра и не се сомневам во тоа. Имај си повеќе самодоверба и гордост. Баш се пронајдов во твојот пост бидејќи и мене дечко ми ми е прв и стварно многу се осигура дека јас го сакам толку многу што ќе останам со него покрај сите негови испади. Врска без компромис не успева да знаеш. Знам дека го сакаш и затоа не ги слушај сите овие што се научени на првиот проблем одма РАСКИНИ, ТЕ КОРИСТИ бла бла бла... Пробај. Да не ти биде криво. Ама имај си граница и добро памти си ја за да не жалиш некогаш потаму. Дај му време и простор. И ако треба потсети го добро дека тоа што го сакаш и што те освоил не значи дека сега готово ти ќе го трпиш него на глава да ти се качува. Нема да ти давам совети за тоа како да го правиш тоа, сама размисли си индивидуално така најдобро е. Поздрав.
Точно така ... те поддржувам ... и јас се согласувам дека пробните раскинувања не се дозволени во врска која сакаш да ја оддржуваш во живот а потполно се согласувам и со @s1a1n1d1r1a1
Колку и да се вели дека не треба да и е криво, не е лесно, мојата расправија со бившиот почна уште од кога легнав со него. Знам како е, се чувствува како фрлена крпа. Но од друга страна и направил услуга и си го покажа своето вистинско лице всушност. Замисли дали би останала со него само заради секс? Да те користи само како сексуална играчка? Не дека се сите мажи исти, не се туку постојат вакви кои што едвај чекаат да ја легнат девојката и наместо тоа повеќе да ги зближи тој бега. Всушност кога ќе размислам подобро тој не бега туку само гледа да и раскине на девојката затоа што е веќе освоена тврдина. Прости за искреноста но таа е реалноста. Ќе ти биде тешко но кога всушност ќе сфатиш подоцна каков гад е ќе престанеш да го сакаш.