1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откривање на болести без симптоми

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од sunfemina, 28 јануари 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Често кога барам информација за симптомите кои ги предизвикува некое опасно и тешко заболување предизвикано од бактерија, вирус, габа или паразит, речиси секогаш стои меѓу другото дека заразата може да има симптоми на настинка или обичен грип или пак уште полoшо да нема воопшто симптоми. Може да се повлече без да дава симптоми на присуство во организмот, а при тоа да работи на случајот да го разора организамот и да предизвика недајбоже трајни последици па и смрт.
    Прв пример за таква болест т.е. вирус е ХИВ, кој не дава никакви симптоми дека нешто не е во ред со личноста што го има се додека не дојде до стадиум на СИДА и кога веќе е доцна за да се превземат мерки за да не дојде за брзо време до најлошото.
    ХПВ е исто таков вирус кој не дава некои особени симптоми, а некои типови се особено опасни и предизвикуваат на рак ако не се открие инфекцијата во ран стадиум.

    Вака може да поминат и многу други болести. Може да сме носители, а да не знаеме и многу да ни наштетат и незнаејќи да ги заразиме другите околу нас.

    Прашањета ми се следниве:
    1. Дали некогаш случајно сте дознале дека имате некоја бактерија или вирус и сл. при проверка на крв, мокрача, брис...а претходно не сте имале никакви симптоми дека имате проблем со здравјето?

    2. Дали знаете каде да се обратите за испитување ако се сомневате дека сте заразени со ХИВ?
    Колку што знам тоа испитување можеше да се направи и анонимно под голема дискреција, меѓутоа еднаш кога побарав на интернет каде се испитува тоа кај нас речиси не најдов информација која дава насока дека на пр. таму и таму може да се обратите, да испитате итн.

    3.(И НАЈВАЖНО :) ) Дали некој знае какво испитување е потребно доколку сакам да испитам чисто превентивно дали во мојов организам постои некоја било каква бактерија, вирус, паразит која би можела да ме "ремети" без да знам?
     
  2. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Отркривање на болести без симптоми

    До сега фала Богу не сум открила некоја болест така...
    За второто прашање мислам дека се испитува на инфективна клиника ама не сум сигурна
    А за третото бактериите и вирусите обично може да се откријат и преку крвна слика , нели, не конкретно, но мислам дека од самата крвна слика се гледа дали организмот се бори со некој вирус или со некоја бактерија... А што се однесува до подмолните болести за жал не се откриваат лесно , ако човек се сомнева, бил во некаква опасна ситуација, изложен на нешто или пак знае дека фамилијарно е склон кон некоја таква болест најдобро е да иде на подетални испитувања почесто...
     
  3. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Ова моето јас што го открив без сиптоми не знам дали е болест ама знам дека не се лечи,додуше и не го открив јас туку случајно во школо ни даваа листови за прегледи на тироидна жлезда.Ни донесоа ехо во школо и не прегледуваа и ми кажаа дека имам зголемена тироидна жлезда.Јас бев 4то одд ми запишаа на ливче број и рекоа моите да се јават.Мајка ми се јави и бевме на преглед ми земаа крв и ми препишаа апчиња редовно да ги пијам оцабајле на гладно затоа што сега сум во пубертет може да варира инаку сега ми е во нормала жлездата.Се информиравме дека сиптомите за тоа се нагло здебелување,испакнување на очи,потење,паѓање на коса кршење на нокти и слично ама тоа кај мене го немаше.
    Во целост ние сме немарливи луѓе се додека што викаат не дојде јајцето на гз ете тогаш ќе одиме да се лечиме.Треба барем на 6месеци да се прават редовни испитувања за цело тело и да си раат.
     
  4. chavenera

    chavenera Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Интересна тема!
    Интересна тема навистина!Туку прашањето ми е,дали сметате дека паразити не можат да бидат откриени преку крвна слика или микробиологија?Т.е да бидат и двата тестови во ред,но сепак да постои можност за паразит.И како да се провери во тој случај доколку е сомнежот дека постои тој.