Отстранување на влакна кај деца

Дискусија во 'Дете' започната од Directioner005, 5 март 2023.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.402
    https://forum.femina.mk/threads/Влакнетост-на-жени-прифатливо-или-не.32550/
    И тука постои темава. И така си ги учат и децата и тоа е се магичен круг.
     
    На VDT2906 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    18.852
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека секоја појава успевате да ја пренасочите кон воспитување.

    Како се однесуваат родителите дома така и децата ке се однесуваат бла бла блаааа.

    Да прекратиме, керката Стојне а синчето Трајче да си ги крстите. Депилации и средување веѓи забранете. Алишта во тренд не, носии или класика панталони на пегла односно здолништа нека носат. Бањање во недела. Се знае, што е ова аздисување со најк патики, бањање секој ден, парфемче елза и фриз од понтерест.

    Сите небулози употребете ги на вашите деца.
     
    На Mikha4, dunika, Directioner005 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.402
    Млада мајка си, имаш време енос.
     
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    18.852
    Пол:
    Женски
    И? Не разбирам што точно сакаш да кажеш...
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.308
    Никој не рече вакво нешто, нити забрани да се депилира некој/а ако сака.

    Ама тоа не го исклучува фактот дека децата од дома учат што да судат, а што не.
    Не се раѓаат со мислења за естетика и мода.
     
    На OmniaVanitas, Cosmic Girl, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    Пак ќе се вртиме кога е прерано за пубертет или не. Ама според официјални извори она се над 8 години е ОК како старт (можеби не за добивање ама за почеток од типот растење влакна, почеток на раст да гради и слично е ОК) Early or delayed puberty - NHS (www.nhs.uk).

    Инаку јас добив на 10 години, а ПЦОС дијагноза добив на факултет и тоа не официјално. Имав јајници со таков изглед, ама ми рекоа ако немам проблем со бременост или претерана влакнатост не е проблем. Е според медицински наоди јас немав претерана влакнатост (ама нивните дефиниции се баш. баш влакна како на маж ако имаш). Најголем број жени добиваат официјална дијагноза кога ќе имаат проблем со забременување (како јас на пример кога заради проблем со забременување правев и скриен шеќер и инсулин и лапароскопско бушење на јајници и слични глупости).

    Терапија за претерана влакнатост има ако се најдат високи машки хормони кај жена (тестостерон). Ако не нема некоја терапија од аспект на лекови и слично.

    Е сега децата под влијание на родителите се злобни. Во таков случај подобро е да му се помогне на детето да се чувстував убаво во сопствената кожа отколку да се робува на норми од типот нема депилација до 18 години.
     
    На Cosmic Girl, ZAHRA, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.399
    Пол:
    Женски
    Јас би му дозволувала на моето дете да се депилира. Јас од 9то се бричам. И мене мајка ми ми викаше дека ми е рано, ама ми сметаа влакна уште тогаш, сакав мазна да сум.
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Мене мајка ми не ми дозволуваше никакво одстранување на влакна од тело кога бев помала, не се сеќавам точно возраст кога почна да ми смета ама знам дека бев "мета" на другите девојчиња со многу злобни коментари.
    Не можев да издржам, па без да и кажам земав брич, тргав и кај треба и кај не треба од што не знаев што правам.
    Тоа и го замерам на мајка ми, сфаќам дека сум била мала, но подобро ќе беше да ме упати, кога веќе ми беше толку непријатно.
    Водена по тоа искуство, мислам дека утре ако на мое дете му смета нешто од овој тип, нема да забранувам.
     
    На Splendor., Victorian, Skyler и 5 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.282
    Допаѓања:
    67.904
    Пол:
    Женски
    Јас доцна почнав да се депилирам, релативно. Мајка ми ништо никогаш ми немаше спомнато за влакната, ни смееш, ни не смееш, ни дали треба, ама баш ништо. Кога ми се изнасмеаја еднаш сфатив дека влакна не се пожелни. :D Па се советував со другарки.
    Моево кога ќе изрази желба ќе и објаснам све, иако си е плава на мене, па не верувам брзо да почнат да и се познаваат.
     
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.402
    Мислам дека мајките што мислат/мислеле дека не е толку табу влакна е пошто постарите генерации како деца не гледале во влакната и не се замарале. Ова е се производ на поновите генерации (главно после Југославија), лигави, безобразни и невоспитани. Не верувам дека некоја мајка свесно би си го праќала детето во булинг ако знае каква жестока тема се влакната и кај мали деца
    Барем јас од тоа колку имам разбрано е „да не се фаќа со бричови додека е мало пошто после повеќе ќе му излегуваат“, јесте да е нон сенс ама пак...
    За членката што велеше дека не е важно воспитувањето. Извини, ама децата нема да ги перцепираат влакната на нозите како „гадни“ ако ти сама не му кажеш, посебно помали деца. Пошто и тато има многу поголеми влакна на нозе па тоа не е гадно.
     
    На Amellie13, Skyler, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Точно за воспитувањето, но и самото општество наметнува дека жената треба да е мазна.
    Сега и платформите како тик ток, инстаграм и сл. наметнуваат уште поголем притисок за тоа.
    Безброј пати имам видено слики или видеа каде жена на пример има влакна на нозе, под пазуви, лице...и коментарите се страшни. Не само во Мк, туку секаде.
    Во "мое време" биле само грди коментари од соученички ама сега од секоја страна имаат девојчињата вакви притисоци.
     
    На GirlRose, Cosmic Girl и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    18.852
    Пол:
    Женски
    Сите ставови што ги имаш сега се формирани под влијание на родителите?

    Јас не си ги сакав веѓите. Никој не ми кажал ништо, ама јас ги мразев. Додека не ги средив ми беа како комплекс, немав самодоверба. Некаде во 7-8 одд закажав на козметичар.

    Не можеш да му забраниш на тинејџер да размислува и да има став за што е убаво а што не. Бидете реални.
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.608
    Допаѓања:
    192.004
    Ај да не ја мешаме темава со другата тема, јер сме во подфорум дете мислам. Дете по дефиниција не треба да праи контент за на тик ток, инста и што и да е тоа ,,виртуелно,, општество. Дете не е жена, не знам во која насока дефиницијата важи, во која не. Жално за децата што не можат да бидат деца, жално на какви медиумски содржини се изложени и жална е културата на исмевање со која растат. Ако не се влакна ќе бидат криви нозе, криви заби, очила, слаба, дебела, оти се викала вака или онака, додајпожелба(lalala)
    Се би направила да го поштедам детето од малтретирање, ама ми се чини толку е општеството збеснато, што избегнување на булинг е невозможен. Евентуално да воспитувам були, па така да ја свртиме играта:|. А можеби најдобро да ги научиме децата дека ништо совршено не постои и ништо совршено на интернет не е реално, се е тоа филтер.
     
    На Mikha4, Celltica и OmniaVanitas им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    18.852
    Пол:
    Женски
    Кога било општеството толку прифатливо за секакви различности? Верувам никогаш.
    Зависно од модата на одредено време, дебелите или слабите биле исмевани, за финансиски разлики и поделби да не спомнувам, геј или не, итн.
    И депијацијата не е од сега смислена.

    И убедена сум дека не секогаш родителите израснуваат деца - булис. Од прекрасни родители и семејства може да излезе насилник. Јас знам такви.

    Ни интернетот не е виновен. Јас растев без интернет, па насилство односно булиг имаше. И тоа многу деца беа жртви.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.608
    Допаѓања:
    192.004
    Има разлика меѓу многу деца беа жртви и речиси сите деца се жртви. И не станува збор за толерантност кон различности, станува збор за булинг.
    Искрено, не сум пораснала на Марс, во Македонија сум пораснала. Очигледно новиве времиња носат толеранција, просперитет и добробит:inlove:, ние пред 30 години што сме биле деца, дали еднаш дали ниеднаш сме доживеале булинг.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    18.852
    Пол:
    Женски
    Во моја генерација голем дел беа жртви на булинг за многу многу работи, килажа, очила, гради, влакна, се се се што може да ти падне на памет. Од мое одделение повеќе од пола беа исмевани за нешто.
    Што е поразлично денес?
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.608
    Допаѓања:
    192.004
    Не знам што е поразлично денес.
    Кажувам дека пред 30 години исмевање било реткост, ти кажи кога било тоа твоето пола-пола, да пресметаме кога ќе постигнеме 100% булинг.
    Имаше тема негде за влијание на социјалните мрежи на самодоверба и млада психа, ако нема да ја напраиме па да продолжиме таму.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.308
    Си слушала од луѓе одоколу дека е 'срамота', 'не е убаво', 'гнасно е'...
    Како сите што сме слушале од возрасните, кога сме биле деца.
    Затоа, како родители, треба да внимаваме што кажуваме пред деца, општо... а посебно пред сопствените.

    Од нас зависи дали ќе се срамат и кријат и навредуваат во иднина за влакна (и се' друго)
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Уште една тема како треба да биде во фантазија, а не како е реално.
    Фантазирања дома, кога ќе излезеш ќе се судриш со светот.
    Некои девојчиња влегуваат во пубертет на 9-10 год, влакна под пазуви на пример што се гледа.
    Ти ако не се депилираш како мајка, можеш да му забраниш и на девојчето.
    Ако се депилираш, глуп е муабетот - жени се депилираат, мали деца не.
    Твоите влакна се неприфатливи, ама детето ќе го учиш да се прифати себе си и да е отпорно на булинг :drunk:
    На гинеколог не одиме недепилирани, а баш му е гајле на докторот, ама девојчето мора да е отпорно за време на физичко сите кога ќе го гледаат.
    Одкако ќе влезат во пубертет што некогаш може да е ко 9-10 години, немам против.
    Реалноста е дека некогаш ќе добиеш неправедна оценка, некогаш некоја Славица ќе добие покачување на работа, а ти си заслужила повеќе, ама и знак на зрелост е да прифатиш дека има по некоја неправда во животот и тоа е факт.
    Во еден животен век не можеш секоја крива дрина да ја исправуваш и да избувнуваш на све, убаво е да може, ама не може и треба да се научиш да се прилагодиш некогаш на условите.
     
    На dunika, MacenceEna, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    9.434
    Пол:
    Женски
    Без разлика што е дете од 10 години, ако детето имало изразена влакнетост и тоа му смета на детето, го прави несреќно, подобро да се депилира отколку да се мачи.

    Дури и пластични операции оправдувам во вакви ситуации, на пример ако има многу клемпави уши...
    Ама тоа е посебна тема.

    Зошто да нема самодоверба и да е задоволно детето со својот изглед?
    Не верувам дека има штета од самата депилација..сега има секакви методи кои не се штетни..

    Не ми се грди влакненца како мов, на рацете, на бакембардите или позади на вратот...дури и привлечни ми се кај жената. Мислам дека и даваат уникатен шарм..

    Мајка ми растела со многу строга мајка и скришно си ги избричила нозете првиот пат.
    Токму затоа не ја разбирав зошто и мене ми бранеше да се избричам кога сакав и кога имав потреба. Знаеше колку не е океј тоа ограничување, ама и мене ми го постави.

    Нормално знаејќи ја приказната и јас како неа направив, т.е. не ја послушав и се избричив. Не и ни криев.

    Си ветив дека ако имам ќерка никогаш нема да и бранам депилација.
    Така и беше.
     
    На Mikha4, dunika, lackygirl и 6 други им се допаѓа ова.