Оттргнување на сопругот од фамилијата

Дискусија во 'Брак' започната од budgettime, 3 декември 2013.

  1. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    5
    Незнам насловот колку ви помага но во суштина сакам да кажам /прашам што мислите вие за тоа кога една жена оди в куки како снаа и подоцна го оттргнува синот од неговото семејство , дали е тоа во ред. Мое мислење е дека тоа е најнеисправна одлука. Како ние би се осетиле еден ден да ни дојде снаа во куќа и да го отргне синот од нас (во смисла засекогаш) , невелам не ама ако снаа ми не ме сака зошто синот да го натера да не ја сака мајката и таткото? Оние кој за да и биде сопруг го донеле со тешки маки на овој свет , оние кој со ноки не спиеле за него , оние кој бдееле врз него кога бил болен , оние кој го израснале од 3 кг месо. И јас сум снаа во некоја куќа и јас имам проблеми како и сите но никогаш не ни помислив да го оттргнам мм од семејството , најпрво помислувам дека имам 2 брата и дека едниот има сопруга а другиот наскоро ке има и снааите да ги оделат од мама и тато како би им било на моите ? :^)
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    34.169
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ниту една снаа неможе да го оттргне синот од најблиските ако во тоа семејство има хармонични и нормални односи. Крај краева доколку дојде до такво нешто повеке е на грбот на самиот син што дозволил некоја жена од страна да му ја наполни главата и да го сврти против најблиските отколку што вината е во самата нејзе.

    Фала богу сите сме разумни битија со свест и памет да можеме да правиме динстинкција помегу добро и лошо. Да, ги има секакви ,лакоми и дрски кои уште невлезени во нечив дом размислуваат како да присоединат повеке,како да го набуцкаат родителите нему да му остават повеке за луксуз но тука тој е оној кој треба да пресече и да и рече-Моите како ке одлучат така ке биде,нема ти што да се мешаш во нивната работа..

    Доколку секој си го знае своето место во една куќа никогаш ке нема поделби и препуцавања. Од една страна и старите треба да прифатат дека синот или ќерката основаат ново семејство но од друга страна и снаата и зетот треба да прифатат дека не се центар на светот и дека нивниот избраник во својот живот има и други луѓе освен нив.
     
    На Glasna, tessie и MacenceEna им се допаѓа ова.
  3. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    5
    Во потполно се сложувам со тебе , да се надополнам ...
    И јас имам секакви проблеми со свеки и свекорот ама не го отргнав мм од нив значи секој треба да прифати дека тоа не се неговите туку свекор и свекрва мајка и ттако на сопругот и да трае и попушта дур може.А ако нема крај на маките тогаш не е решение беганје во друга куќа/преселба или барање сопругот да се откаже од нив , секако ако е во право снаата сопругот е должен да ја заштити ама не да и даде и право да раководи снаата со нив како сака.
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    18.397
    Пол:
    Женски
    Интересно за овој феномен е тоа што е во две насоки. Значи може да има, од една страна оттргнување на сопругот од фамилијата од страна на снаата, но постои и обратно - оттргнување на сопругот од жената од страна на член на фамилијата.

    И во двете ситуации последниот збор го има мажот, неговиот карактер и неговото воспитување за основните семејни вредности. Доколку е зрела, свесна личност, без комплекси, ниту снаата може да го оддели од семејството, ниту пак семејството може да му го растури бракот. Тој како зрел човек, треба да е свесен дека со стапувањето во брак формира ново семејство за чијашто безбедност е должен да се бори, не заборавајќи ги секако родителите и не дозволувајќи злоупотреби од ничија страна.
     
    На Thallia, Daydream, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    34.169
    Пол:
    Женски
    ^Тоа и ми беше поентата. Секогаш се зборува како свекрвата е таа што прави бељи како е снаата таа што цепидлачи,а никој не се осврнува кон тоа дека мажот/синот е тој кој што треба да пресече во еден однос и да каже -Е до тука можат да одат и двете страни.

    Особено кај нас е изразена таа лакомост и дрчност да се прибира што повеке да се бара што повеке. Ако е една соба -зошто е една соба а не е спрат,ако е спрат зашто е долен спрат а не горен спрат,ако е стан зашто помал стан а не поголем стан и така натака...

    На нероден Петко капа се крои,уште неомажени бројат и планираат колку свекорот и свекрвата ке остават. Јас сеуште стојам на тоа дека додека моите се живи НИТУ ЕДНА ИМОВИНА ПО НИТУ ЕДЕН ОСНОВ НЕ Е МОЈ ТУКУ Е НИВНИ и ке располагаат со него како сакаат. Ако се на добра воља утре нека ми остават ако не се молим лепо нивно е они го отплаќале станот во кој што живеам они го реновирале со нивните примања , они ке го остават на кого сакаат тогаш они кога ке сакаат.(барем конкретно за мене)

    Пак ке кажам доволна е темана Снаи свекрви да се види какви се не луѓе постојат по светов . Се додека додека сите идни снаи меѓу кои сум и јас бидејки не сум мажена , не сакаат ни најмал ефорт да направат за да се сложат со останатите во куќата во која што отишле да живеат ке има поделби,одтуѓувања и караници. А и такви сме ние жените ,за родителите на сопругот/дечкото можеме да брмљаме до 101 и назад а за нашите родители некој збор да каже очи ке му извадиме. Никој не изнел проблем да мажот ја отуѓи жената од нејзините родители туку секогаш е обратна ситуација тој да треба да биде во среда и да бира и да поставува златна средина помегу двете страни. И сето тоа затоа што македончето е научено дека коа ке се омажи со сите 4 во вис треба да е .Мажот ке ми обезбеди кров над глава,неговите ке ни остават кука и сл. Каде се тука родителите на невестата во целата приказна. Или они си ја завршија нивната работа со тоа што ја омажија керката и ја пратија во "туѓа" куќа да живее...
     
    На SV1911, Glasna, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    5
    Во потполост се сложувам со вас феминки. И јас сум снаа веке реков ни јас не побарав да се отргне сопругот од фамилијата иако ми е тешко траам. Сегашната ми снаа исто така може и е тешко ама не е рЕКЛА ДА СЕ ДЕЛИМЕ ИЛИ НЕ ГИ САКАЈ ТВОИТЕ а иднава уште небидена имот бараше и дури побара да се оттрегнат од моите за сама да била. со тоа и брат ми што ја поддржа ги откажа своите и дали е тоа добро. Како ке ни е нам да не отргнат од нашите деца еден ден?
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    6.512
    Допаѓања:
    44.763
    Пол:
    Женски
    Болдираново ми падна во очи. А тебе ти е нормално да се живее чопоративно?? Зашто бе да не се оделат ако има услови?? Аман доста со тоа живеење во заедница по секоја цена. Сте погледнале календар која година и кој век сме. Ако има услови, зашто да не си живеат заедно. Ако се географски раделени не значи дека е некој oдвоен од мајка му и татко му.
     
    На LudaJakimovska, CameliaMiller, okcenzi и 7 други им се допаѓа ова.
  8. hajdivo

    hajdivo Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    16
    Ме зезаш или МЕ ЗЕЗАШ????
    Незнам зошто ми се намента веднаш ЛОГИЧНОТО прашање- а тебе не те оттргнаа од твоите родители???


    Небулоза до небулоза во последно време ви се темиве . . .
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    5
    Мене се обиде свеки да ме отргне ама јас не дозволив. Да 21 век сме реално и модерно е да се оделат младите од старите ама не во таа смисла , синот засекогаш да се одели да не ги познава. Крајно решение е да делба/преселување ама не е решение тоа . На сите ни е тешко ама не се делиме и да имаме услови сепак тоа е семејство на сопругот и јас немам право да барам да ги откаже засекогаш само за тоа што јас не се сложувам со свеки.
     
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    11.130
    Допаѓања:
    129.665
    Изгледа дечко ми ич не ги почитува неговите, кога на 25 год се оттргнал сам да живее. :^)
    И тоа што јас и он нон-стоп трубиме дека ќе живееме одделно , ни со мои ни со негови, здравје Боже.

    Жално е млади, израснати во 21 век, со вакви закоравени размислувања... |(
     
    На LudaJakimovska, okcenzi и tessie им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    34.169
    Пол:
    Женски
    Во денешно време секој сака сам да си биде. Јас со моите несакам цел живот да бидам а не па со туѓи родители и нормално ми е кога некој од сам старт покажува иницијатива за двоење. Но има двоње и двоење. Едно е идните сопружници да седнат на маса и да разговараат за нивната иднина,за нивниот живот за стамбеното прашање и дали таа поделба сами ке ја остварат а друго е две лејки без цел и визија да кажат -Сакаме да живееме сами ама мама и татко да ни остават куќи и станови или истите да ни ги купат.

    По кој основ родителите се дожни да ни остават нешто особено ако тоа нешто го немаат ?!? На улица да ги испратиме да живеат или во шупа да ги стаиме само за да се шириме ние во стан од 100квадрати? И крај краева зошто само на мажот се оние кои се морално задолжени да обезбедат кров над глава над идните сопружници а не и родителите на невестата?!? Зошто во едно семејство каде што има брат и сестра братот по дифолт го добива имотот а сестра е таа што ке излезе од дома и треба да се снаога како знае и умее?!? И најбитно од се НИКОГАШ не ми биле јасни оние снајки кои се свесни во каква состојба живее идниот сопруг ,во еден стан со мајка татко и брат/сестра и по секоја цена се упорни и они да се тупнат таму со 4 души под изговорот -Па тоа е и негов стан. И после поделби и проблеми.Е па ке има проблеми коа у 50 квадрати се стискаат 5 души и не се знае кој јаде кој пие. Зашто братот носел друштво галамел,зашто свекрвата чистела еднаш наместо три пати неделно, зашто свекорот секој петок сакал да јаде грав со ребра наместо со кобасици и сл. И нормално тука снаата се јавува како угнетена и обезбправена бидејки очекувала дека коа ке се омажи ружи ке цветаат и мед и млеко од чешма ке тече а добила трње и помија. Па ајде удри по сопругот за се што ти смета кај неговите. Секако има и обратна ситуација каде и староседелците се научени на еден начин на живот па промената со доаѓањето на свекрвата го гледаат како смак света.

    На крај се се сведува дека доколку си имаш работа со неразбрани,затуцани и лакоми луге секогаш некој ке биде незадоволен и ке наога замерки па макар и со златна лажица супа да сркаш.
     
    На tessie, lady.v, Glasna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.011
    А бре ајде budgettime (твојава сторија е слична како онаа што ја раскажа babynova во темата Снаи и свекрви -проблеми, некој добил инспирација или има повеќе идентични случаи :?: ), што збориш?
    WTF? Ако се осамостојат младите тогаш сопругот (кутриот) е оттргнат од родителите? Нема кој да му чита приказни за добра ноќ? А снаата? Таа, ако по мажењето оди да живее со сопругот, тогаш по твојата логика, таа е оттргната од своите родители и семејство!?

    Само да ти кажам, младите можат да живеат одвоено, а истовремено да ги почитуваат и сакаат и едните и другите родители, и според тоа никој да не биде оттргнат од семејството. Синот (и снаата) можат и покрај тоа што живеат одвоено, кога сакаат да одат на гости кај своите родители или истите да ги пречекуваат во новиот дом. Комуникацијата, дружењето и соживотот нема да престанат ако физички се одвоите од родителите, напротив: ќе ви биде уште поубаво! ;)

    И да додадам: одвојувањето на младите НЕ МОРА да биде потпомогнато од родителите (ниту на мажот ниту на жената).
     
    На LudaJakimovska, tessie, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    46.260
    Пол:
    Женски
    Ma се оттргна уште кога ме зема. ;)

    Јас му перам гаќи,јас му готвам ,јас го пеглам,...се јас.Кога си доаѓа дома кај жена му и децата си оди,не кај мама и тато.
    И треба да се оттргне,свои деца си има за гледање.

    И јас сум се оттргнала од кај моите.Кога се венчавме си создавме свое семејство,примарно,се друго е пошироко семејство.

    Малку се чудни темиве.

    Или станува збор за оние подбуцнувања,од типот мајка ти не чини,чинат моите,така ли нешто беше?!Смешни ми се и недозреани ваквите мислења.Јас ако имам недоразбирање со неговата фамилија( која исто како и мене мојата,многу му значи и јас тоа го почитувам)јас ќе си ги решам,не ми треба адвокат,во случајов маж ми,мене да ме брани,мајка му да ја напаѓа.
    Мои,твои не се мешаат во бракот помеѓу мажот и жената.Колку повеќе се мешаат,толку повеќе главоболки.
    Сите ние си имаме корени,какви се такви се,треба да се почитуваат.
     
    На LudaJakimovska, tessie, lady.v и 4 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    18.397
    Пол:
    Женски
    Оттргнувањево го сфатив на друг начин, пред се` не-географски, да се разбереме. Неверојатно себично е да бараш од детето при услови, да се стиска со тебе.
     
    На LudaJakimovska и Glasna им се допаѓа ова.
  15. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    5
    Temava koga ja sozdadov mislav na ottrgnuvanje na onoj nacin koga zenata bara da se otkaze od negovite samo za toa sto taa ne se slozuvala so svekorot i svekrvata,
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    18.397
    Пол:
    Женски
    Ова ме збуни, воедно нена го потенцираше и така и мене ми падна во очи. Таа не го тера да се откаже од неговото семејство, туку се бори за поголема хармонија во новото семејство.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    6.512
    Допаѓања:
    44.763
    Пол:
    Женски
    А јас па скоро 10 години што живеам сама? Ич не си ги сакам родителите, срамота !!!
     
    На LudaJakimovska, okcenzi, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.252
    Поубаво од тоа да се оттргни сопругот и да стане свој човек, домаќин и газда дома - нема.

    Чешки повеќето да сакаа да се отргнат од папочната врвца на мајките, од командата на татко им, итн.
     
    На LudaJakimovska, okcenzi, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  19. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    5
    Отргнување како селење во друг стан за да се осамостојат тоа го прифаќам , но никако неможам да прифатам како некој дозволува жената да му команда да ги откаже родителите и да не ги сака никогаш повеќе , тоа ми е исто како мене да ме тераат сега кога сум мажена да се откажам од моите зошто живеам во ново семејство. И кога ке се откажат по волја на сопругата/сопругот тие веќе не му се родители глупости. Сите си имаме некаков проблем ама никако не го подржувам тоа ако јас не се сложувам со свекор/свекрва и ги мразам и син им / сопругот тоа да го прави зошто мене така ми одговара па дури и да сум во право.
     
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    49.101
    И мажот и жената треба да го почитуваат семеjството кое ги израснало. Тоа не мора да значи дека задолжително мора да живеат под еден покрив, коj какви возможности и сфаќања има. Конкретно, jас и моjот сопруг живееме на одделен спрат, но имам супер современа свекрва коjа често вика дека сами треба да донесуваме одлуки, нема што да ни се мешаат нашите. Така да со неа ама баш никакви проблеми немам.

    А како може некоj (без разлика маж или жена) да дозволи да го/ja отргнат од луѓето кои му/и биле сѐ во животот? Тоа според мене е непочитување, а доколку некоj не си ги почитува родителите, тогаш како ќе ве почитува вас?
     
    На LudaJakimovska му/ѝ се допаѓа ова.