1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отуѓување меѓу луѓето

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 6 септември 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Кратко и јасно несигурноста, апатијата ... разните проблеми посебно финансиските капак на се технологијата доведоа до ова отуѓување кај нас. Човекот пред се ги става сопствените интереси, сопствените проблеми сопствените потреби. Станавме индивидуалисти. Влијанието дојде од далеку. И ќе биде и полошо.
     
  2. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Не е оди на добро ваквиот песимизам... Можеби и јас сум песимист, но се трудам да гледам од подобрата страна... Размислете, можеби сега се отуѓуваат луѓето, но секој има работа, веќе нема време за се и сешто. Можеби сега се е до немање време... Не сакам да мислам на каде води овој свет бидејки го знам одговорот, кон никаде... а тоа навистина не ми дава надеж... Пријатели има, можеби само сеуште не сте ги запознале вистинските, (јас сум многу повредувана од моите пријатели, но затоа пак и има моменти кога ме подржале, ме насмевнале и ми помогнале да се изборам со кризи), млада сум и се трудам да не мислам на лошо, но со таквото размислување, што ќе придонесете??? Треба да давата примери на помладите генерации зар не? Наместо да ги онерасположувате дајте им надеж, никогаш не се знае, можеби иднината ќе биде подобра, можеби малите ќе почнат уште сега да размислуваат, дајте не бидете дебили и размислете се ќе си дојде на своето! :!:
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Точно е. се оттуѓуваме се повеќе и повеќе.

    Со пријатели со кои порано се гледавме секој ден, па и по неколку пати дневно, сега се се сведува на еднаш во неделата, па дури и еднаш во месецот. Преку тоа ќе поминам, секој со свој живот, обврски... ама и разговорите не се тоа што беа, ја нема таа хармонија, топлина, отвореност. Не е истото што беше, се плашам дека никогаш нема ни да биде. Да бидам искрена, со некои од нив се обидувам да остварам повторно контакт, не одеднаш туку постепено пак да се зближиме, ама не оди. Како да се во некој оклоп, оддалечени, оттуѓени во вистинската смисла на зборот.

    Немаме време, финансиски можности да отидеме некаде-се помалку и помалку, комуницираме на секакви начини, само не очи во очи. А таквата комуникација е ладна, неприродна. Технологијата е непоходна, но верувам дека на многу од нас им фали тоа што беше пред барем неколку години.

    Живееме брзо, брзо се разминуваме, правиме се помалку нешта на кои човек вреди да се сеќава. Што е најстрашно, изгледа се навикнавме да живееме вака.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    За жал,ова е реалната страна на светот.
    Но пак од друга страна сум среќна што моето семејство, и пошироката фамилија се знаеме.
    Можеби не другарувам со далечните роднини како со првите,но сепак контактот го одржуваме.
    Истото гледам дека се случува и кај страната на дечко ми,и тие меѓусебно 1/2 колено се доста блиски и се дружат. Тоа навистина ми се допаѓа.Утре и јас кога ќе имам свои деца,ќе ги учам на такво нешто.
     
  5. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    Не знам стварно што е со луѓево денес, не знам што влијаело толку за да се сменат, дали немањето време, работата, технологијава, но сметам дека сето тоа се само изговори. Колку и да си зафатен а сакаш некого да видиш ке го повикаш барем на на некоја минута кај тебе, или ке отидеш на едно брзинско кафе. Ајде што никој нема време, до некаде може да се оправда, ама за злобата и потребата да му се наштети на блискиот? И тоа правиме муабет за навистина блиски луѓе, фамилија, пријатели. Ретки се тие роднини и блиски што одржуваат контакти и добри меѓусебни односи.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Се сложувам. Сум приметила дека кога имаме дома проблеми роднините почесто ни доаѓаат и почесто се јавуваат за да видат, што е, како е?
     
  7. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24

    За да се ситат на туѓата несреќа ете затоа идат, наместо да се тука онака без повод и причина, од што посакале, или кога е во прашање нешто добро, тие напротив баш тогаш ги нема.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Баш и јас го приметив ова веќе не е како порано,неможеме да се наречеме дека сме како на западот иако таму немаат контакти луѓето едни со други па и не ги ни интересира што ти се случува во животот,а кај нас кај вистина не е како порано доста луѓето се отуѓуваат меѓу себе но никако да престанат да се ситат на твојата несреќа или пак да пољубоморат на твојот чекор кон напред е баш ова е разликата.Ова одалеченост е само поради финансиите и ништо друго еве мојот сопруг оди на работа од7 на сабајле до 7 навечер кога иде дома калдисан е и кај ке одиш некаде да ми заспие тамо и така оди тоа непојди нема да ти дојдат.Ретки се денес луѓето што имаат нормална работа од 7 до 3 и да има време и да одмори и да заврши и дома работа и да излезе да се прошета и нагости да појде,а порано имаше државно и скоро сите одеа на работа по 8 часа и имаа време да си ги посетат пријателие роднините е сега ова се падна во вода.Баш поради оваа причина се заладуваат односите мое мислење немора да се сложите со мене.
     
  9. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    10.085
    Да време нема, сите бразаат по работа и пари, тоа малку време што останува се поминува со семејството. Некои се себични и се е побитно од времето за дружење со пријатели, ги гледаат само своите распореди, нема простор за флексибилност. Но ме вади од такт кога имаат време за три турски серии да изгледаат секоја вечер, а немаат 1 саат за кафе!?
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Потполно се сложувам со тебе
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  11. VanessaCool

    VanessaCool Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Да ама има и типови кои сакаат да излезат на кафе и да се дружат ама немат со кого. :(
     
  12. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Отуѓувањето е само поради работното време. Одам на работа од 8 часот а се вракам во 17.30.
    Кога ке дојдеш претепан, ручаш, обврски со деца и немаш сила за ништо. И ние се одалечивме со сите пријатели баш поради тоа. И повечето луге се така.
    И не се сложувам со тоа дека имаат време за турски серии. Може да легнат пред телевизор и да гледаат ги одмара него да им дојдат гости или одат на гости.
    Порано моите работеа од 6 до 2 и си доагаат дома во 3 и цел ден пред тебе, а цега многу поинаква ситација.
     
  13. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    Се согласувам. Јас на пример земам мизерна плата (не сум со полно работно време) и кога колешки ќе ми речат ај на кафе - јас не можам од причина што со таа мизерна плата ги задоволувам потребите за храна, нешто козметика и еднаш годишно некое парче облека. Не ми останува ни за џепарлак а камоли по кафулиња да одам.

    Навистина сакам да се дружам и да имам вистински пријатели (што за жал не верувам дека некогаш ќе ги најдам).Да наведам пример еве само за моите другарки. Една од другарките е мажена близу мене 4 години, нога и нема влезено кај мене од кога е мажена, а не па да ми кажува што битно и се случува во животот.Сите меѓу себе се оговараат, се исмејуваат, секој спремна нож да ти забоде в грб и секоја гледа корист да има од секоја, а не љубов и поддршка да дава и да и биде дадено. И само за свадби се сретнуваме. И колку е само ладен односот меѓусебно - нема муабет. И како не би, кога сите се полни само со злобни мисли. И колку е иронично сето тоа - да го поканиш некој на свадба што ни два реда муабет не правиш во годината со него, чисто онака оти некогаш ти бил "другар" иако ни Д нема од другар.

    Заклучок: Финансиите се битни ДА, но доколку знам дека со тој човек што ќе седнам на кафе ќе си направам убав, лежерен муабет што нема утре цел град да го знае, тогаш ако треба и ќе побарам пари и од родителите.
     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    И јас се трган настрана.Се пронајдов во дел од постот на BeLLaDona23 .И јас сум сега во период каде што се дистанцирав од сите,од луѓето што ме опкружуваат тука дома.И мене кога најмногу ми требаше љубов и внимание не ја добив.И мојата сестра беше ладна со мене.Затоа што јас побарав да ми се тргне од животот некое време баш затоа што не била тука кога ми требала.Јас барав ЉУБОВ,толку ли е тешко да сватиш? Колку повеќе ја бркав толкју повеќе ми требаше,а таа не..Само го прифати моето барање и си продолжи со животот..По некое време каејки се као прости ми бла бла...ПРОСТЕНО ТИ Е,ама пак по старо..И многу други работи кои ме тераат да се одалечам скрос од неа затоа што само ми отежнува кога ќе видам колку и е гајле за мене а мене тоооооооооооолку ми треба.И пак негледа.Можеби изгледам
    како да сум во некоја да речеме добра состпојба,а сум далеку од тоа,премногу огорчена од луѓето,од БЛИСКИТЕ.Ми иде кога ќе наполнам 18 да и идам од куќава секако ако имам работа и доволно пари за да си плаќам кирија ои да си живеам со цимерки.Премногу сум огорчена од се и мојата приказна е долга подобро да не продолжувам...Се на се,кога помошта нема да ти биде возвратена кога ти е потребна,луѓето сами се туркаат подалеку од нас.Што ќе си ми сега кога тебе ти е лошо,кога ти немаше разбирање за мене кога јас пропаѓав? ако ти е лошо сама ќе се справиш.Стварно сум огорчена и баш затоа се оттуѓувам од луѓето.Ми треба простор за самата себе.Да дишам и да се потсетам која бев и која сакам да бидам,да се вратам на патот од кој скршнав и да му погледнам на животот во лице.Затоа што порепреките постојат за да бидат поминати,морам да успеам!
     
  15. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Јас би го напоменала фактот и на бурните промени со кои секојдневно се соочуваме. Кога ќе размислиме подобро, луѓето како да се натпреваруваат меѓу себе, кој ќе заврши факултет, купи телефон, реновира дома, нов телевизор, нови парчиња облека и тн. Седиш и гледаш како некој постојано ги прави горенаведените работи, грубо кажано "се фали". Тука нема простор за муабет да се насмееш да споделиш мислење и тн. Значи самата технологија, развојот не доведе во таква ситуација да се гледаме меѓу себе кој што има и каков е. Трагично е тоа што истото се пренесува и на малите деца. Тие денес во градинка уште се гледаат кое што носи, едното девојче имало фустанче, другото тренерки, првото и вели второто "па како тоа си облекла тренерки, не ти се убави, стари ти се" или пак "моето венче е поубаво од твоето, мајка ти глупи работи ти купува". Ете вакви примери има денес за деца од 4-5 години. Јас како мала појма сум немала ништо, што ќе ми облече мајка ми тоа ќе носам, два дена по ред исто. И со никое девојче не сме правеле такви муабети, сме знаеле само по цел ден да си играме со играчки.
    Значи овие работи се пренесуваат од нас на децата, на помалите. Такво дојде времето, зајадливо, натрпеварувачко.
    Јас ги гледам овие работи меѓу луѓето и се чудам. Не викам не, и јас сакам да бидам со нов модел, да одам на шопинг и сл., но не сум така зајадлива да се натпреварувам со никого. Едноставно толкав е мојот вкус и џеб, не се замарам со никој, и се трудам муабетот да се сведе на друго нешто. Така и ќе ги воспитувам моите деца, понатаму. Само гледам, како сме тргнале се' бетер и бетер оди.
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  16. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    заради тоа што дојде времето секој со секој да се напреварува од премногуте разочарувања со пријателствата што ги имам буквално со никој не зборам од таму кај што живеам ,едноставно избегнувам буквално контакти со секого станав неприметлива за сите подобро вака отколку да ти ја извадат маста од завист ]:) ете до кај забегав ама па вака си се чуствувам многу посреќно зошто нема кој да ме разочарува и да паѓам по депресија за некој кој што сум мислела дека му значам ,таква сум премногу сум чуствителна и не поднесувам затоа ете до кај ме донесоа меѓучовечкиве односи ДО ДНОТО |( и да ви кажам ми е гајле
     
  17. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас одамна сум одалечена од сите. Имам само две братучетки кои ми се како сестри и на нив само можам да им кажам што ме мачи. Другарки - одамна се разбравме на што сме. Учевме заедно основно, средно, ја советував, ја тешев кога требаше, секогаш имав време за неа (дури и кога до 2 саат и помагав за испитот утредента,а и јас самата имав испит) и на крај еден мој бивши, сакајќи да ми врати зошто сум го оставила, ја сретнал негде и и изназборувал дека сум ја оговарала, дека и љубоморам и што уште не. И оваа му поверувала! И молим те ми пишала на ФБ една порака, чиниш писмо пишувала, и на крајот стоеше: Отсекогаш знаев дека ми љубомориш!
    Во тој момент сфатив што другарка сум имала. Оттогаш - сам па како знам. Познанички колку за едно кафе имам. На никој не се доверувам, ни пак го чувствувам близок.
     
  18. B-I-B-A

    B-I-B-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    12
    Заради љубомората кај луѓето која за жал е се повеќе присутна се појави и ова отуѓување кај луѓето,никој со никој не сака да се види :x
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Страшно сме оттуѓени...а и сме се унамќориле, машала...последно време само арогантен и дрзок ако си, или пак немтур невиден, можеш да бидеш убаво прифатен од средината. Насмеани и учтиви луѓе, или ги класираат во дволични, или пак во користачи, или пак во “оваа/овој сака да има нешо со мене“ групата. Колку јас имам пропатено ради таа моја насмевка и учтивост, ама бре, не можат да ми ја загушат. Весело чоече сум ја :D

    Родниниве, па, да не почнам...доволно е да те отпуштат од работа или да го изгубиш влијанието/моќта шо си ги имал порано за да не ти викаат ни здраво на улица. Се` е оттуѓено, студено, немтуресто и изматеријализирано...со чесни исклучоци.

    Во контекст на темава еден поздрав

    http://www.youtube.com/watch?v=3Dsz4dB6 ... re=related
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш сум била за тоа да се одржуваат контакти со луѓето, секогаш главен иницијатор за средби, сум гледала да се дружиме, да бидеме што почесто заедно итн. Меѓутоа, во последно време гледам дека всушност твојот живот и се’ она што ти се случува никого не го интересира. Мислев дека пријател е некој кој е постојано тука за тебе, да те утеши, да ти пружи рака, едноставно да те ислуша, да праша како си.

    Но моите пријатели се се’ освен ова што го набројав. Кај нив секогаш е муабетот „Јас ова, јас она“, а не „А ти како си?“ или „Како е кај тебе?“ Себичност и егоизам до немајкаде. А да не зборувам за моментите кога ми беше најтешко и кога можеше во секој момент да го изгубам брат ми. Никаде ги немаше. Ниту поддршка, ниту утешен збор, ниту прегратка. Наместо тоа, пак муабетите се одвиваа околу нив и нивните „величествени“ достигнувања, нивните кукања, нивните проблеми итн. Ниту еднаш не ме прашаа како сум, дали сум добро, како е брат ми, дали е жив или мртов. Баш поради ова, јас свесно одлучив да се дистанцирам од моите пријатели, ако може така да се наречат. Ќе продолжам да се гледам со нив, но многу поретко од порано, а со тек на време верувам и дека сосема ќе се оддалечиме. Не ми требаат такви „пријатели“ во животот. Подобро да сум сама, отколку пријателите да ми се лажни.