1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отуѓување меѓу луѓето

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 6 септември 2012.

  1. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Хмм.. :?: Отуѓување меѓу луѓето..
    Јас многу пати сум се нашла во таква ситуација.
    Со многу другарки сум го прекинала односот или сум се `отуѓела`
    Со роднините само најблиските и толку. Подалеку не можам да одам.
    Јас секогаш сум за одржување на контакти..
    Секогаш сакам тие врски што се граделе толку години да останат..
    Но, ако само јас сум таа што сака, а пак од другава страна не се пројавува никаков интерес.. џабе е се.


    :doh:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    Многу луѓе со кои порано си се дружел, сега на улица ни здраво не си викаш. Од комшии и роднини подалеку си стојам, заштопрви се да се смеат или да озборуваат ако нешто ти се деси. Се секавам порано како мали почесто сме си иделе на гости, кај роднини или комшии, со часови сме си играле не можеле да не одвојат, а сега И да го видиш по улица нема за што муабет да правиш. Тоа е, се е изопачено денес, сите сакаат да се фалат, да кажуваат кај биле, со кого биле и што правеле, и преку глава веке од такви личности што се упикуваат секаде, и со секого глумат добри односи, а се е само маска.
     
    На Tanjamm и jesicaalba им се допаѓа ова.
  3. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Досега јас лично сум се отуѓила со неколку личности.Некои сум ѓи отуѓила по своја а некои се отуѓиле по нивна воља со мене.Јас сум учела со дваесет и шес сооученици до пето одделение но сега само со пед од нив се имам и си кажувам барем едно здраво на улица кога ќе ѓи видам.А останатите кога ќе ѓи сретнам и кога ќе им кажам здраво се вртат на друга страна-се прават важни.Заедно сме делеле се тие четири години што сме биле заедно а сега како воопшто да не те познаваат...
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.225
    Работата е очајна , ама луѓето сфаќаат финтата во што се состои. Сите нешто кријат,се изолираат, имаат проблеми, а не сакаат на никого да се доверат. Еве јас кога сакам негде да шетам , абе немам со кого. СЕ случило многу пати, имам 2 поблиски другарки и ако не се слободни, ништо не можам сама некаде да одам и да шетам.
     
  5. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Да се случува ради нив и ти да седиш дома.Луѓето се изолираат баш можеби баш заради тоа што сакаат да бидат приметени од околината и да им се пружи подршка штознам..
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.225
    Не знам, ама први иницираат да одиме негде,на базен, во некое ретсоранче, на викенд и после ама свадба имам, ова , она, е сега или е до пари, може снемале или па не сакаат да одат. Не знам што е, ама многу луѓе со кои често кафе пиев ни на фб не сакаат да пишат.
     
  7. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163

    Сигурно има причина.Сега дали е до пари или си имаат “подобри прилики“ незнам..Ама жално е што така се завршува едно пријателство.Мислам дека сега на нив им е добро па не размислуваат ко што треба да ги видиме коа ќе им биде лошо кој ќе биде до нив,или коа ќе ги откачат сите па ќе останат сами...Дури тогаш ќе ја сватат вредноста на вистинскиот пријател..но за жал многу пати тоа е предоцна....
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.225
    Сакав да кажам луѓето не знаат што сакаат. Нестабилни се. Сакаат негде да одат, а откажуваат во последен момент и не одат никаде. Не е до подобри прилки, туку се прават дека имаат пари, дека можат да одат кај сакаат, а не е така. другарка што зема плата над 20.000 се договараме за Нова година да одиме во Крушево, а ноќевање чини 600 ден, и демек не е проблем може да оди било каде и на крај вика “абе јас постам, па како ќе зидржам“, ќе седела дома. Знали си ги штеди парите, да не се потроши.
     
  9. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    :x :x Аман бре,па ако нејкела да се троши можела да каже па другарки сте..Психолошки проблем е тоа,испружи се колку што ти е долга чергата,а таа..! :x Уште неизградена како личност па уште се занимава со тие фори,ИАМ ПАРИ! Мене ваквите за жалење ми се............
     
  10. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Нешто што најмогу неможам да ги разберам што ни еден телефон немаат кренато. Барем да одеа на работа и пари да немаа ќе сватев. Го оставија факултетот и само шетаат и пијат секоја вечер.
    Неможам да ги препознаам, па имат лице да речат дека смената сум била. Нека се видат па нека зборуваат . :(
    Колешките кои ми се само за оговарање знаат.

    Си ја имам брачеда ми, супер ми е со неа. И ако не се слушаме и гледаме редовно, но знам имам чоек покрај мене. И подобро дома ми е. Некогаш ми е тешко си признавам (дома седам целовреме, не излегвам), ама па можеби подобро без нив отколку со нив.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.225
    Одамна не сме пишале на темата. Еве пред некој ден една колешка ми раскажува дека е многу осамена, нема со кој муабет да направи. Постара жена. Вели не одам никаде. Како е во вашата околина, има ли луѓе кои се соочуваат со ист проблем?
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.548
    Пол:
    Женски
    За жал, дури и роднините се едни покрај други само додека се има корист, затоа се случува ова. Имам такви случаи во фамилија. Кога вистински требаше да се покажат, пред сѐ, како луѓе, тогаш ги снема. Да не зборам за кражбите, лошите зборови упатени едни кон други... (facepalm) Често мислиме дека некој, затоа што ни е роднина, би требало да нѐ сака, почитува, помага и сл. но многу често излегува дека крвната врска не е ништо. За добри меѓусебни односи важна е внатрешната, духовна поврзаност меѓу луѓето.
     
    Последна измена: 12 ноември 2017
    На Justicija, Tanjamm и zokystanoevsky им се допаѓа ова.
  13. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Скоро 9 месеци сум во ваква ситуација, после се што ми се случи некако имав потреба да се отргнам од сите и на некој начин да си посветам внимание на себе си, а воедно и да ја одморам психава. Мислам дека сите ние имаме потреба барем на некој одреден период да се отргниме од се.
     
    На PaLaVa, buba4e89 и Justicija им се допаѓа ова.
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Отуѓување со причина.
    Барем кај мене.
    Кога човек ќе сфати дека дури и најблизок е од корист со тебе, нормално се оддалечуваш.
    Оддамна немам контакт со прва братучетка.
    После 10 годишна борба да добие она што најмногу го посакуваше (свое чедо) и се исполни. Сите бевме околку нејзе, како капка ја чувавме. Ќе звучи како да се фалам што се сторив за неа, нема да навлегувам во детали.
    Цели 9 месеци бев во постојан контакт, до сам пораѓај, до прв роденден на внуката.
    Слушнав многу глупави муабети за мене и сестра ми. Почна да си се однесува примитивно, како што си беше и пред блажена состојба.
    - еј, ај дај ми го ова, види како ми стои?
    -еј, ај дај ми ја колата и онака се ти е близу не ја возиш често.
    -појма немаш од готвење, па кој ќе те земе ваква ма? (Она знаете експерт беше :D )
    Ред глупи муабети. Ми се лоши кога ќе се сетам. (facepalm)
    -еххх како немав јас татко како тебе, се ти пруштува?!?
    Се правев глува на муабетиве.
    Еден ден ми пукна филм.
    Си се повлеков.
    Следеше тел. разговор, пак во нејзин стил, вечна жртва глуми.
    Ок реков ајде на муабет ќе останеме.
    Еден ден отварам фб, еден статус.... Буквално исдраматизирана приказна за мене и сестра ми. Поодвратно нешто немам видено.
    Крај. Од тогаш добри 4год. немам комуникација. Уште прашува за нас, уште глуми жртва, но веќе сите ја знаат.
    Според мене отуѓувањето во денешно време е токму поради овие причини. Не сме "слепи", нема веќе што ќе рече баба ако не збориме, што ли ќе речат роднините. Не сум гневна на неа, не и мислам ништо лошо, баш напротив. Само далеку од мене.
    Можеби и подобро е вака. Т.е не можеби, сигурно.
    Неколкумина во животот,но знаеш дека тие се правите луѓе кои заслужуваат внимание.
    Така да, мене ништо не ми е чудно што се случува наоколу.
     
    На PaLaVa, buba4e89 и Justicija им се допаѓа ова.
  15. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Времето и забрзаното темпо на живот не оттѓија сите.Кога ќе се сетам,со месеци не сум била кај роднини,кај братучетката не сум отишла да го видам бебето...Порано не било така,сме седеле по цела ноќ.Муабети,смени,ех спомени.Поранешна најдобра другарка ми се омажи.Комшивка ми е од мала и пак е тука во комшии,а ја гледам многу ретко.Сме растеле заедно... Пријатели,собиранки, движење,се ми фали.
    Не за џабе викаат: порано имавме двајца пријатели,не можеа да не приберат дома.Сега на Фејсбук илјада,и пак дома седиме.
     
    На ТрагачПоНадеж му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Подобро сам а не да бидеш опкружен со луѓе кои се од корист, безразлика дали се тоа пријатели, браќа, сестри, роднини. Ако не те зезне твој близок кој друг? Особено на овие простори традиција е тоа браќа или подалечни роднини со години да не зборуваат помеѓу себе да се тепаат и бркаат по судови поради имот од 5 илјади евра. (facepalm)
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    И јас сум соочен со ова.
    Едвај договарам и убедувам некој да се подружиме.
    Недела ќе идам на кафе кај едни пријатели тук-тамо ама не е таа дружба ко порано.
    Мислам дека интернетот е во голема мера крив
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Зошто е дојдено да ти прават муабет додека имаат корист од информации е вака.
    Реално не ми е гајле за таквите луѓе и мило ми е што покажеле вистински кои се ми заштедиле многу квалитетно време кое би го трошела на нив незнаејќи какви лицемери се да си го вложам за нешто што ме развеселува.
     
    На PaLaVa и ТрагачПоНадеж им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Отуѓување ...? Можам за мене слободно да кажам дека никогаш не ми се случило да се отуѓам од пријатели и роднини бидејќи како прво никогаш не сум не ни зближувала или емоционално сум се приврзувала со некого. Никогаш не сум имала пријатели бидејќи знам дека само сакаат да ме искористат поради интелигенцијата, а за роднините ... мех, воопшто не ми било гајле за нив ниту пак за други луѓе генерално.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не сте ја разбрале темава. Не се зборува за тоа што немате пари некој викенд да излезете туку за оттуѓување на луѓето што ви се блиски односно со луѓе кои воопшто немате контакт.
    Ми се случило и не жалам поради тоа, имам случки и подобро ми е без нив.
    Среќна сум без тие луѓе, научив една добра лекција.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.