Очекувања

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 4 август 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Дали имате големи очекувања од себе или од некој друг? На пример од член од семејството, дечко...? Сте имале ли некогаш големи очекувања кои не ви се оствариле па следело разочарувања или пак обратно? Како реагирате во таквите моменти?
    Колку се согласувате со поговорката: Секогаш надевај се на најлошото. Ако испадне подобро, ќе си среќен, ако не, барем нема да се разочараш.
     
  2. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    Никогаш не очекувам премногу затоа што знам дека може многу да се разочарам.Секогаш очекувањата треба да ги согледаме во реалноста,колку навистина може да станат реалност.Ми се случувало некогаш да очекувам за нешто дека ќе постигнам поголем успех,но ете не се исполнило...затоа не очекувам многу од животот и луѓето околу мене,затоа што ако премногу очекуваме и се надеваме може многу да се разочараме.
     
  3. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    553
    Па искрено не очекувам премногу ни од другите ниту од самата себе.Немам некои огромни очекувања во животот зашто едноставно јас сум еден реалист кој цврсто стои на земјата и многу ретко си дозволувам да имам некои нереални очекувања.Свесна сум за моите способности и знам до каде можам да одам,па затоа речиси никогаш не се разочарувам.А, што се однесува до другите,никогаш не очекувам премногу од нив бидејќи знам дека ќе бидам разочарана :!: И со мали очекувања од другите,речиси секогаш сум разочарана :^) така да - не очекувам многу туку онолку колку што сметам дека можам да очекувам од една личност.
     
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    4.048
    Пол:
    Женски
    вечен песимист !! :geek:
    денес нема луѓе од збор , мразам празни ветувања
     
  5. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    24
    Од себеси не очекувам премногу. Прво го ветувам само тоа што можам да го направам, а потоа правам многу повеќе.
    Од другите.. не очекувам воопшто, бидејќи знам дека ќе останам разочарана.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.319
    Допаѓања:
    14.787
    Пол:
    Женски
    Никогаш не очекувам премногу од себеси, затоа што може да се разочарам ако не успеам во тоа што премногу го очекувам.
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.938
    Ни од себе очекувам премногу а од другите воопшто не очекувам..Како што кажа Стронгер денес никој не ги исполнува ветувањата и дадениот збор.Затоа помалку очекувања помалку разочарувања.
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    како и секој, така и јас си имам цел во животот и се надевам дека ќе успеам.
    никогаш не смееме да очекуваме многу затоа што можеме ептен да се разочараме. значи затоа и го потенцирав тоа се надевам, затоа што не можам да очекувам, не знам што ќе ми донесе животот и на каде ќе ме однесе.
     
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    Не се согласувам со поговорката, тоа не е мој начин на размислување, јас сум ОПТИМИСТ, а за да се согласам на ваква поговорка тоа значи да бидам песимист и да го очекувам најлошото :!:
    Како секој човек нормално е да имам свои цели и да очекувам дека ќе ги исполнам истите, ама знам често и да потфрлам во она што сум си го поставила како задача и очекувала од сама себе тогаш се нервирам многу (во последно време често ми се случува и морам нешто да превземам).
    Во однос на другите луѓе ДА имам одредени очекувања од нив, но гледам тоа да биде минимално поради многуте пати кога сум била разочарана од тоа што сум имала малку поголеми очекувања (иако и тогаш биле во границите на нормалата).
    Што се однесува до очекувањата на другите за мене тука многу ме иритираат и нервираат, некогаш дури сметам дека имаат превисоки очекувања и јас треба да го правам и невозможното за да ги задоволам. Мразам да работам под притисок, а кога некој очекува нешто од мене тоа автомацки ми ствара притисок и некоја тензија ]:)
    Имам неколку пати потфрлено во однос на очекувањата од некои познаници или можеби пријатели, но тоа било само ако тие нивни очекувања се против моуте уверувања и принципи или пак ако не сум во можност да им излезам во пресрет и да им помогнам за нешто.
    Како и да е најбитно ми е да не ги разочарам моите најблиски и нивните очекуваа и доверба да ги оправдам. :)
     
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.208
    сум имала очекувања од другите, но ме разочарале! затоа сега, од други не очекувам ништо, но од себеси-ДА! Оптимист вечен, позитивец секогаш! Имам очекувања од работата што ја работам, се надевам на добро и добро ми испаѓа!
     
  11. ludicka

    ludicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    Постојано очекувам многу работи од себе си,знам дека ќе успеам во животот ако имам позитивно мислење за моите способности.Недостаток ми е тоа што мислам дека нема да успеам,некогаш ми се десило да наравам и повеќе од очекувањето па се мислам зар ова испаднало од мене.Од другите очекувам многу,бидејќи кога јас знам за некого да се борам,секогаш да им се најдам,за секого сум тука на кој му треба помош,но увидов дека во денешно време треба многу да се работи на тоа луѓето да сватат дека грешат.Се разочарувам од могу такви луѓе кој секогаш кога ми требаат не можам да ги најдам(па слушам различни оправдувања).
    Увидувам дека светот колку и да сакам да го сменам нема да можам па зар останува јас да се сменам?
    Се имам многу разочарано од луѓето,па сеуште си мислам дека можам да ги сменам....
     
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Моја голема мана е што премногу очекувам од некои личности да добијам работи кои ако размислувам трезвено и свесно би знаела дека нема шанси да ги добијам
    Очекувам многу од себеси,ми иде школото,ми идат јазиците и очекувам да постигнам нешто повеќе во животот,да имам диплома и успешен живот.
    Се имам разочарано многу пати во некои луѓе од кои сум очекувала повеќе,а сум добила помалку.Очекувам да бидам сакана на ист начин како што и јас сакам,очекувам да добијам добрина на оние на кои сум им подарила.Денес често наидуваме на гребатори кои гледаат да извлечат корист од тебе,а после тоа те фрлаат.Очекувајќи да добиеш нешто за возврат добиваш "корпа" и се разочаруваш.Мразам оправдувања кои се толку очигледни и провидни.Доброто со добро се враќа.Очекувам максимална подршка од моите домашни и скоро за се ја добивам.Тие се единствените од кои можам да очекувам добрина,љубов и подршка.
     
  13. happygirl

    happygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    5.566
    Пол:
    Женски
    Многупати до сега сум очекувала многу ,а сум добила едно големо НИШТО за возврат.Единствено знам дека од моите дома можам да очекувам нешто и да не ме разочараат.Инаку,сите останати се од корист.Додека им требаш и си тука за нив,се е ок.Сврти ја страницата и никаде ги нема.Затоа очекувам некои работи само од мене и се надевам дека ќе ми се исполнат очекувањата.А од другите-ништо!
     
  14. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    2.352
    Очекував многу од животот. Очекував дека како поминува времето ќе биде подобро. Очекував дури и премногу од некои личности, како ќе се подобрат. Многу очекувања и само разочарување. Залудно е од некои луѓе да очекуваш нешто што никогаш нема да дојде.
    Очекувам работи за кои мислам дека ќе ги постигнам. Верувам во себе дека ќе успеам. Прво очекувам да поминам одлична и оваа година, потоа да се запишам средно, па нормално факултет и да најдам работа. Очекувам да бидам успешна сите овие години, како и на курс.
    Од другите не, но од себе и од брат ми имам големи очекувања дека ќе го постигнеме она што го сакаме и ќе го добиеме она по кое мечтаеме.
     
  15. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    130
    Sovet:

    NIKOGAS NEMOJTE DA OCEKUVATE NISTO, ZATOA STO SAMO AKO OCEKUVATE NESTA, RABOTI ILI BILO STO KE BIDETE RAZOCARANI BAS RADI TOA DEKA STE GI OCEKUVALE...AKO NE OCEKUVATE NISTO...NEMOZETE DA BIDETE RAZOCARANI I POVREDENI....NELI! ;)
    SITE GOLEMI RAZOCARUVANJA SE REZULTAT NA GOLEMI OCEKUVANJA!

    Zatoa zenski..... culirajte si.....:D
     
  16. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    1.135
    Сите ние без разлика дали млади или стари сме очекувале или сеуште очекуваме нешто од животот, со таа разлика што некој помалку некој повеќе. Јас своите очекувања коишто си ги имав замислено како мала ( на некои мои 13-14 год.) ми се имаат исполнето , но со многу труд, мака и откажувања. Немојте да се разочарувате, зад секој дожд доаѓа сонце. :*
     
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.872
    Oчекувања?па вака од други луге не очекувам и нешто којзнае што,затоа што секогаш кога сум очекувала сум се разочарувала,па сега играм ако биде-нека биде и не обрнувам внимание,за себе очекувам да и ако сум се разочарувала и од себе си,не ја губам надежта,и пробувам одново да се борам да станам подобар човек,да почнам повеке да се грижам за себе,да не гледам толк црно околу себе и слични работи и ова го очекувам сега :)
     
  18. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    34
    Кога нешто очекуваш, најмногу се разочаруаш... Често пати ми се има случувано да се договараме да одиме некаде и на крајот ништо, а и да отидиме нема да си пониме како што треба :) Се договаравме може цела година да одиме кај другарками на викендицата на езерото ништо не исапдана, заврши таа тема, после некое време онака се собравме сите на скајп во 9часот, а во 9:30 се собравме и заминавме, си поминавме феноменално :)
    А јас сум таква особа што кога некој нешто и ветил едвај чека да се оствари затоа и патам на крајот :)
     
  19. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    38
    Сум била еден најјјголем оптимист!Ама ми се случија работи кои ме направила реалист,ама се надевам дека оптимизнот ќе ми се врати.Јас правам се за другите и најчесто добивам big fat nothing многу очекувам и ми го имаат тоа кажано многу пати.Очекувам премногу од безвредни луѓе и сум длабоко разочарана па се стремам да намалм малце.Јбг тоа е...
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    6.455
    Пол:
    Женски
    е јас сум тежок песимист... секогаш ја гледам чашата полу празна, некако на тој начин си се штитам коа нешо нема да испадне ко шо треба, зашо не сум ни очекувала да испадне,

    а спротивно пак ако искочи се ок тогаш сум позитивно изненадена