1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Очекувања

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 4 август 2010.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Би сакала да можам да кажам дека од ништо не очекувам премногу. По природа сум таква да секогаш си замислувам дека тоа што јас сакам, така ќе биде. Дека ќе бидат работите во моја полза. Фантазер сум и си замислувам сценарија во кои секогаш моите очекувања се остварени...
    За жал искуството ми покажало дека што поголеми се очекувањата, толку поголеми се разочарувањата. И неколку пати се изгорев, па научив дека во ред е да очекуваш ,ама не премногу и не пресамоуверено.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Да, јас сум личност која што премногу очекува од другите. Па затоа, често знам да бидам разочарана. Кога се во прашање очекувањата што другите ги имаат кон мене, сакам да ги исполнам, да докажам дека вредам, и поубаво да се чувствувам. А и секогаш сум ги исполнувала.
    И од себеси очекувам премногу. Не се преценувам, ниту потценувам. Ама сакам да исполнам се што ми е зацртано, иако понекогаш спрема себе сум неправедна, и знам да се оставам на последен план. Што е моја маана.
     
    На NelChe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Не очекувам премногу од лугето за да не бидам разочарана или повредена.
     
  4. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Она кое што го очекував од мене горе долу е исполнето,од луѓето порано очекував,сега никако...А од животот во глобала,паа некако во последно време ме изневерува.Обично викаат,нешто колку и да се трудиш да правиш или да стекнеш ако не те поттурне среќата,ништо од тоа.И така е...
     
  5. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Јас сум голем ПЕСИМИСТ :D а и не очекувам многу од никој ;)
     
  6. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    дефинитивно песимист, големите очекувања, носат големи разочарувања :)
     
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Многу очекувам и форсирам, независно дали за лица или ситуации се работи. Секогаш давам се од себе и барам се за возврат. Јас сум напнувач и сум добра во тоа. Не е секогаш како јас очекувам, но не се многу разочарувам, ти се нудат многу шанси во животот, глупав си ако не си ја пробаш среќата. Оптимист сум, верувам во луѓето и очекувам многу од нив.
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Искрено, се трудам да не очекувам ништо од никого, па ни од себеси, затоа што често, многу често се разочарувам. Е добро сега, никој не ми е крив што очекувањата ми се малце нереални :D
    А ова...
    Го практикувам кога знам дека очекувањата ќе ми се исполнат, само ради забава :D Така ми е послатко :)
     
  9. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Очекувам...понекогаш блиските ми велат дека имам преголеми барања и нереални очекувања. Па што, јас не поставувам рокови, датуми, часови, едноставно чекам да ми се случи тоа. И знам дека еден ден ќе се случи! :) Кога си ги читам дневниците и споменарите од малечка секогаш се смеам дека, сепак, по толку време пак излегло по мое! :)
    Разочарувања има, да, но не им потклекнувам.
    Падни ниско, но стани повторно протреси го га*от и продолжи да трчаш!

    Од луѓето очекувања немам, едноставно гледам да ги прифатам какви што се. Ги анализирам, и ако сметам дека личноста има повеќе доблести од маани ја прифаќам. А оној во кој ќе стекнам доберва ми станува пријател.
     
  10. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    За оптимистите, сите потонати бродови се подморници!
    Еве ова важи за мене, оптимист до крај.... Одговорна сум дури и премногу, во 99% си го исполнувам зборот...Многу мразам неодговорни луѓе, али пошто скоро секој 2 е таков научив да не очекувам премногу од луѓето.Па во последно време некој кога ќе си го исполни ветувањето дури и се изненадувам, сакам да се движам во таков круг на личности хахаха
    А инаку луѓето во мојот живот ги прифаќам со сите мани и доблести, зошто колку и да се трудиш човек карактерот не си го мењава... Само за некој кој повеќе пати ќе те разочара...па немој ни да имаш големи очекувања од него.Волкот крзното може да го смени, ама карактерот никогаш!
     
  11. ma4e-94

    ma4e-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    42
    Единствената моја грешка е што имам големи очекувања од сите што ги сакам....и навистина се разочарам кога не ги истолнат ;(
    знам дека понекогаш ни личните очекувања не можеме да си ги исполниме а на па да очекуваме други да ги исполнат очекувањата од нив....ама не е толку страшно јас и на најлошото мислам дека е добро така да не е страшна работа и да ме разочараат (се навикнав) :) ;) :P :D :D :D
     
    На solzuska му/ѝ се допаѓа ова.
  12. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    исто и јас, голема мана ми е што имам големи очекувања од повекето луѓе и што на сите им верувам, а се покажало спротивното. Се надевам ке се сменам :)
     
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Во многу случаеви сум голема песимистка за жал :( .. Неможам да размислувам поинаку .... Не очекувам од животот премногу се што велам е што ќе ми донесе животот тоа и каде ќе ме однесе таму.. Ако очекувам многу и се надевам на некои работи можеби ќе дојдам до големо разочарување понатаму
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Имам преголеми очекувања и единствената причина поради која се разочарувам. Преголеми ми се очекувањата од самата себе, дека можам да бидам подобра личност и повеќе да учам и работам, едноставно очекувам премногу од мене а тешко нешто да си исполнам. Имам исто така големи очекувања од семејството од другарките од дечко ми од животот.. Едноставно животот е претерано суров, треба да се навикнам воопшто ништо да не очекувам па да бидам задоволна :doh:
     
  15. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    ухх сум имала скоро секогаш но ретко(да не речaм никогаш) ми се исполнувале па затоа веќе некое време имам ново мото хаха no expectations no disappointments ;) :*
     
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Никогаш повеќе нема да мавам на празно!

    Имав преголеми очекувања, дури малку нереални, вложив премногу и сега кога ме акнаа од земја, сфаќам дека секогаш треба да си поставиш граница до која треба да одиш за свое добро а и за доброто на луѓето на кои што им значиш.

    Џабе целиш кон нешто за кое што однапред знаеш дека не можеш да го постигнеш за толку кратко време. Но секогаш нели има ќе биде следниот пат...
     
  17. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ах,тие очекувања....

    Тие очекувања мене ќе ме заебат во животот. Ако веќе не ме заебале,а јас да не знам. :^)

    Прво,очекувањата во врска со себеси. И јас очекував многу од мене,ама станав едно огромно,големо разочарување. Добро е што работам на тоа да бидам помало разочарување. :D

    Очекувања од моите дома. Дека нешто ќе променат однос,ама нешто,слабо им оди...

    И...Очекувања од него. Кои веќе не ги очекувам. Доволно се начекав. За ништо.

    Кога ќе видиш,се нешто очекуваме...А што,тоа е добро прашање...
    :)
     
  18. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    да очекувам иако многупати сум се разочарала сепак има 1 нешто за кое сонувам и очекувам дека еден дек кога - тогаш ќе ми се исполни тоа очекување... се надевам барем за тоа нема да се разочарам .... :)
     
  19. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Ауу секогаш сум таква,многу очекувам и оп-троп накрајот ништо :( Затоа сега си се надевам но не очекувам :)
     
  20. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    еееееее дедо ми викаше:„обечање-лудо радовање„и точно така да од никого ништо не очекувам