1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Очекувања

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 4 август 2010.

  1. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Песимист сум, вечен песимист и не сакам да имам големи очекувања бидејќи на крај ќе се разочарам. Поубаво ми е кога не очекувам работите да се случат, се надевам, но не очекувам. На тој начин доколку се случат ќе се порадувам повеќе и нема да има место за тага. :)
     
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Додека мислиш на среќата која те прати, се вртиш околу себа, а таа веќе исчезнала.
    Останало само празнина без емоции и чувства лпо сега се твојот нов свет на илузии исполнети со прази очекувања.
    Повеќе не очекувај ништо и не верувај во никого... остануваат празни ветување и верувања од некој кој штотуку те има разочарано.... Ако веруваш во некој, знај дека ќе те разочара или веќе те има разочарано !
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Очекувањето за мене не е збор со негативна конотација...Кога ќе ги затворам очите замислувам како го очекувам доаѓањето на драга личност на железничка станица,очекувањето на зората на хоризонтот или на пробивот на сончевите зраци низ облаците или на виножитото...И тоа ме полни со копнеж и ми буди внатрешни насмевки.
    Мислам дека животот би бил посиромашен без непостоење никакви очекувања.Не сум ни за тоа да се прават кули од песок во воздухот,меѓутоа мора да имаме барем некоја рамка по која ќе се движиме,за да не биде животот само лутање без цел,кое на моменти може да добие авантуристичка цртка и да изгледа шармантно,меѓутоа не е трајно решение.Дисциплината на умот и постапките мора да биде присутна,тотална анархија и препуштање на стихијноста,секогаш води до поголем хаос,едноставно така е запишано во човековите гени таква да биде негова природа.Балансот е секогаш потребен,да не се оди во крајности,не е добро да се биде опсесивен контрол-фрик,нити па тотално раскалашан каприциозен обесеник без никаков смисол за никаква одговорност со девиза „купи ден-помини„.
    Имам очекувања од себеси правам планчиња и цели и тоа како полека да спружам шарени и ароматично опојни алишта внимателно развлекувајќи го секое парче и барајќи му ја идеалната положба,ама не се деморализирам ако забележам варијации,веднаш пристапувам на корекции и прилагодувања на новонастанатите услови.И неуспехот го прифаќам како исход кога ќе дојде,гледам да извлечам поука од неговото емпириско ткиво,ама верувам дека секој наш труд ќе биде некогаш награден,ако сме вложиле многу во одредена врска или работа и да нема успех за конкретната некогаш во иднина ќе се види ефектот на позитивната карма во некој нов,навидум од небо паднат успех.Верувам дека за сите наши постапки доаѓа до урамнотежување,бидејќи знам дека Бог е одличен математичар кој не остава неразрешено ништо.
    Во однос на очекувањето од другите луѓе имам лимити и не ја кревам превисоко гредата ни гардот,па оставам простор и да ме разочараат,но и пријатно да ме изненадат,бидејќи факт е дека и едното и другото се неминовност.
    Секој има неостварено одредени очекувања,но борбата продолжува и по неколку изгубени битки,сега треба да се промени можеби некогаш арсеналот на оружје,стратегијата на офанзивните или дефанзивни постапки,но нема предавање ако целта е остварлива и потребна и во согласност со нашата совест.
    Можеби падот од понискиот лет боли помалку од повисокиот,меѓутоа јас сум слободен летач и паѓач.
    Како дете бев постојано со крвави колена од често паѓање,така да научив дека станувањето е неминовно и дека болката поминува низ плач и дека коленцето кога-тогаш ќе заздрави.Исто и ранетата душа и неисполнетите очекувања,ама како контра-тежа тука се неочекуваните придобивки и случајно настанати можности кои лесно стануваат исполнети желби.
    На крај ќе кажам дека имам позитивно проектирани очекувања и ај вил фајт то мејк дем кам чру 8) .
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Порано имав многу очекувања за некои работи кои никогаш не се случија. Сега ми се сменија многу работи во животот и нема за ништо очекувања - надеж некоја да, али да очекувам нешто премногу не, и затоа ретко се разочарувам. И сега мислам дека ми е многу поубаво и многу поубави работи ми се случуваат и многу ситници ме прават среќна
     
  5. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Очекување ми е близок збор до разочарувањето. Колку и да е слатко очекувањето, ако после него следи неисполнување на истото може доста негативно да влијае на човек.

    Тука се и нереалните очекувања.Сите ги имаме.
    Убаво е човек да си пофантазира, да се опушти и на момент да заборави на
    моменталната "неубава" ситуација,но треба да знае кога да стави точка и да излезе од таа фантазија.
    Колку повеќе очекуваме, толку повеќе се разочаруваме, ФАКТ.
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Понекогаш очекувам повеќе отколку што можам да добијам, ама просто очекувам. свесна сум што може, а што не може и иако многумина мислат дека ако не го добијам очекуваното се разочарувам јас знам дека не е така. Сепак, секој понекогаш се надева на нешто повеќе од тоа што може да го има, добие или што може да се случи.
     
  7. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    14.003
    Јас многу очекувам а ништо не правам за да го исполнам тоа што го очекувам. :(
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Песимист сум и тоа непоправлив. :x
    Едноставно не очекувам многу, за да не се разочарам. Во оние ретки случаи, кога сум имала големи очекувања тоа не се исполнувало.
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Секогаш се лажам себеси дека не очекувам ништо,и глумам песимист,а всушност длабоко во себе се надевам и очекувам многу,па затоа сум разочарана понекогаш.
     
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Секогаш очекувам премногу, а добивам многу малце! :^)
    Веќе сум се навикнала на тоа, па сега кога ќе добијам нешто повеќе од очекуваното е изненадување за мене како да сум добила 7ца на лото! :lol:

    Да, да -очекувам и тоа: да добијам 7ца на лото! :rofl:
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Секогаш ја гледам позитивната страна на работите, оптимист сум по природа, и од себе секогаш премногу очекувам од себе...
    Лошо е кога нема да го постигнам тоа што сум го очекувала и потоа паѓам во депресија и сум разочарана од себе, и си ветувам дека во наредна прилика ќе дадам се од себе да ја достигнам целта која сум си ја зацртала.

    Имам големи очекувања, некогаш и надвор од моите можности и свесно фантазирам за тоа, а знам дека ќе бидам повредена и депресивна на крајот, но подобро ми е така кога се стремам да постигнаам што повеќе.
     
  12. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Секогаш реално ги согледувам работите, па така не обврнувам внимание на оние желби кои што ми се малку нереални, и не очекувам многу. Некогаш навистина се изненадувам, и тие моменти се оние кои што вредат во животот.

    Инаку не можам да кажам дека сум песимист, секогаш гледам на светлата страна, се надевам, иако не го кажувам тоа на глас. Најлошото чувство што може некогаш да се добие е чувството на пропаднатата и изгубена надеж. Затоа некогаш и очекувам повеќе од што треба.
     
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Секогаш се надевам, а никогаш не очекувам.Се надевам дека се ќе биде ок, но не очекувам, затоа што може да се разочарам... 8)
     
  14. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Па јас си се надевам за се.. Надежта последна умира, али сепак умира!
    А па ми е гајле, не биде не биде, не е смак света!
    Како и да е, си се надевам на нештата кои што сакам да се случат, имам некоја таква среќа, тоа ми се отстварува :)
     
  15. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Многу се разочарувам кога работите не одат според моите очекувања. Затоа се учам се помалку да ги имам или воопшто да немам очекувања.
     
  16. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Кога премногу очекувам, се разочарувам, а пак и некогаш кога го добивам тоа, некако не ме изненадува, како веќе да сум го доживеала, од што премногу сум сакала да ми се случи.
     
  17. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Порано имав многу големи очекувања, премногу големи. Едноставно премногу очекував од сите (плод на мојата имагинација). И така после секое преголемо очекување, следеше разочарување, бидејќи тоа било два пати помалку од она што сум си го замислувала. Затоа сега се научив воопшто да не очекувам, односно да очекувам разочарување, па се што и малку подобро од тоа ме прави среќна :) И верувајте навистина животот е поубав кога не е исполнет со премногу очекувања ;)
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Имав големи очекувања од бившиот дека откако ќе замине ќе продолжи да се однесува добро спрема мене ама многу се разочарав од него .... јас си имам големи очекувања од самата себе, многу сум амбициозна и секогаш си ја остварувам зацртаната цел. А со реченицата па може да се каже дека се сложувам песимист сум била од секогаш :)
     
  19. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Нема да почнам да објаснувам за моите очекувања зошто не ми е толку богат речникот да се доискажам да се разбереме а и просторот за постот е сигурно мал..Ќе го кажам во кратки црти : сум се разочарувала од по и пре големите очекувања од луѓето што сватив дека едноставно ни се различни приоритетите во животот,критериумите за однесување меѓу односите на пример татко - ќерка..Секој мој обид да се докажам дека не сум таква како што он мисли ќе го зачини со некој “омаложувачки“ збор кој многу многу многу ме нервира што на самиот почеток ме разгневува и фрла во депресија..(My father)
    И јас не сум цвеќе за мирисање во случајов,немам некое сјајно понашање за по дома но секој мој обид да се променам во неговите очи е во стилот “не се прави паметна“ .. :@
     
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Најголемите очекувања водат до најголеми разочарувања, затоа од ништо и од никого не очекувам премногу затоа што утре со некаква постапка ќе ме разочара..