1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Очекувања

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 4 август 2010.

  1. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Рационалните очекувања во новата класична макроекономија се однесуваат на современата конфронтација во макроекономијата на релацијата помеѓу новата класична макроекономија и новата Кејнзијанска економија. Новата класична макроекономија е школа која што потекнува од неолиберализмот и израснува врз традициите на модернизмот. Таа претставува посебна макроекономска школа која што го релалативизира значењето на модерните фактори за економијата, кои можат да бидат причина за бизнис циклуси само во услови на модерното изненадување.Што се однесува до очекувањата коишто имаат фундаментално значење во макроекономијата, денес современата економска теорија распознава два основни вида на вакви очекувања:
    Адаптибилни очекувања, кои што се формираат со пресликување на трендовите на економските процеси и појави од минатото во иднината. Според ваквите очекувања луѓето ги предвидуваат на пример идните стапки на инфлација со пресликување на стапките на инфлација од поблиското минато.
    Рационални очекувања, кои поаѓаат од претпоставките дека луѓето, врз основа на бројните информации што ги имаат за движењата во економијата, коректно ја предвидуваат иднината без никакви систематски грешки.За новата класична макроекономија е значајно и тоа што антиципирањето на иднината го врши врз основа на рационалните очекувања. Како најзначајни претставници на новата класична макроекономија во САД се споменуваат професорите Роберт Лукас и Томас Сарџент, додека во Велика Британија најзначаен во новата класична макроекономија е професорот Патрик Минфорд. Сепак како вистински творец на хипотезата на рационалните очекувања се смета Џон Мјут. Тој ја формира хипотезата на рационалните очекувања во својата позната статија од 1961 година „Рационалните очекувања и теорија за движењето на цените“. Сублимирано неговата хипотеза гласи вака :
    За да се објасни доволно едноставно како се формираат очекувањата, ние ја развиваме хипотезата дека тие суштински се нешто како предвидувањата на релевантната економска теорија.
    Основата на хипотезата за рационалните очекувања на Џон Мјут е дека очекувањата односно предвидувањето на иднината, во мера во каоја тие се фундирани врз добри, квалитетни информации, суштински се идентични со предвидувањата на една коректно изведена економска теорија, што значи дека се доаѓа до резултати кои се еднакви со оние кои во иднина де-факто ќе се случат.
    Хипотезата на рационалните очекувања математички може да се формулира на следниот начин :
    Пте = Пт + Ет
    Пте – антиципирана стапка на инфлација во перодот меѓу т и т+1
    Пт – ефективна, фактички остварена стапка на инфлација во периодот меѓу т и т+1
    Ет – термин што укажува на грешки произлезени од неизвесноста при антиципирањето на иднината
    По Мјут хипотезата на рационалните очекувања се развива неверојатно брзо. Во раните седудесетти години следат придонесите на Лукас, Сарџент, Валтерс и Блек. Кон крајот на седумдесетите оние на Милфорд, Бел и Бинстук, Дорнбуш, Фелпс и Тејлор, а во раните осумдесетти на Лонг и Плосер. Сите тие развивајќи го концептот на рационалните очекувања, го применуваа во моделите кои го објаснуваа начинот на функционирањето на одделни сегменти на економијата или пак на економијата во целина.
    Во овој контекст секако најзначајни се придонесите на Лукас и Сарџент, лидерите на новата класична макроекономија, кои увидувајќи го големото значење на рационалните очекувања го развија концептот до фаза на негова практична применливост во економските модели и од него извлекоа значајни консеквенци за начинот и брзината на урамнотежувањето на пазарите, за интеракцијата на релација економска политика на Владата и формирање и формирање на очекувањата.
    Битни карактеристики на хипотезата за рационалните очекувања се:
    Учесниците во економскиот живот, врз основа на општите познавања на начинот на функционирањето на економијата, врз основа на следењето на настаните во економијата, промените во економската политика, иднината ја предвидуваат коректно без притоа да прават систематски грешки.
    Предвидувањата на учесниците во економскиот живот, доколку се засновани на квалитетни информации, не отстапуваат од предвидувањата на самата економска наука.
    Рационалните очекувања не се сепак синоним за совршени предвидувања на иднината. Грешките се можни пред се поради некомплетност на информациите, но таквите грешки во просек тендираат кон нула.
    Економските политики кои ги имплементираат владите имаат силно влијание врз начинот на формирање на очекувањата.
    За разлика од адаптабилните, рационалните очекувања се свртени кон напред.
    Луѓето се рационални. Ако луѓето коректно ја предвидуваат иднината, тие брзо им се приспособуваат на промените и преземаат неопходни мерки за да ги елиминираат несаканите последици од новонастанатата ситуација.Роберт Лукас ја откри вистинската вредност на рационалните очекувања и нивната практична применливост. Лукас тврди дека економската политика што ја спроведува владата има силно влијание врз начинот на формирањето на очекувањата во економијата. Но, според Лукас, конвенционалните методи на оцена на економските политики не даваат одговор на прашањето како промените во политиките влијаат врз самите очекувања. Ова е сублимат на т.н. критика на Лукас, која има три значајни аспекти:
    Адаптабилните очекувања не се најсоодветен начин на антипицирање на иднината. Користејќи ги адаптабилните очекувања, луѓето ја предвидуваат идната инфлација врз основа на просечната динамика на пораст на инфлацијата во минатото.
    Обратно, во економијата со висока стапка на инфлација токму рационалните очекувања, кои силно зависат од самите економски политики и навестените промени во нив, можат да бидат значаен фактор на брзо намалување на инфлацијата, а со тоа и намалување на дезинфлаторните трошоци, доколку владата, која ужива висок кредибилитет, најави рестриктивна монетарна и фискална политика.
    Двете опишани состојби само потврдуваат колку е големо значењето на рационалните очекувања во реалниот економски живот, односно колку е силно нивното влијание врз фактичките економски текови.
    Врз основа на теоријата на рационалните очекувања се појави школата на новата класична макроекономија и таа се темели врз два основни постулати и тоа:
    пазарите се урамнотежуваат многу брзо, односно моментално
    антиципирањето на иднината се базира врз рационалните очекувања.
    Од причина што оваа макроекономија претпоставува дека со помош на флексибилност на цените и платите економијата може да се доведе до состојба на целосна вработеност, школата се нарекува класична, бидејќи слично на класичната економија, тврди дека цените на добрата и услугите и на платите се флексибилни нагоре и надолу. Таквата флексибилност на платите и цените ја води економијата кон целосна (полна) вработеност и овозможува нејзино функционирање на нивото на тн. потенцијален бруто домашен производ. Називот пак, нова школа произлегува благодарение на тоа што оваа макроекономија претпоставува дека со флексибилноста на платите и цените, ќе дојде до урамнотежувањето на пазарите и дека тоа ќе се случи моментално.Познато е дека во современи услови номиналните плати се утврдуваат на почетокот на секој период и остануваат фиксни за целиот период, бидејки е навистина не рационално и скапо работодавачите и синдикатите перманентно да преговараат за нивната висина. Притоа платите се фиксираат на рамниште коешто овозможува урамнотежување на пазарот на трудот.
    Бидејки работниците се заинтересирани за одржување на реалното ниво на платите, на почетокот на периодот платите се индексираат со очекуваниот пораст на цените (антиципираната инфлација) и се фиксираат токму на тоа ниво.
    Меѓутоа, ако цените порастат повеќе од очекувањата, претпријатијата ќе профитираат, односно ќе бидат во состојба да го зголемат поризводството во услови на фиксирани номинални плати кои меѓутоа се под реалното рамниште. Но ваквата ситуација, според преставниците на новата класична економија, не ќе може долго да се одржи. На почетокот на следниот период платите ќе се усогласат односно ќе се фиксираат на ниво коешто го антиципира порастот на цените за тој период.
    На овој начин флексибилните цени и плати го урамнотежуваат, „чистат“, пазарот. Невработеноста во ваква ситуација егзистира на нивото на природната стапка на невработеност, која ја покажува долгорочната тенденција на вистинската стапка на невработеност – фактички таа е стапка на невработеност којашто не ја забрзува инфлацијата НАИРУ (нон аццелератинг инфлатион рате оф унемплоѕмент). Овој едноставен пример го покажува големото значење на рационалните очекувања за функционирањето на економијата.
    Кон почетокот на седумдесетите години на XX век, со појавата на феноменот на стагфлацијата, се покажа дека стабилните односи помеѓу инфлацијата и невработеноста не се валидни на долг рок. Во тој период најпрвин Фелпс, а потоа и Фридман излегоа со тврдењето дека Филипсовата крива на долг рок е вертикална линија на нивото на природната стапка на невработеност. Ова нивно откритие потврдува дека зголемувањеро на понудата на пари на кус рок предизвикува промени во реалните фактори (инвестициите, производството и вработеноста), а на долг рок инфлација, односно општ пораст на нивото на цените. Појавата и развојот на Лукасовиот концепт за рационалните очекувања ја засили аргументацијата за егзистенција на нестабилни односи помеѓу инфлаијата и невработеноста на долг рок.
    Основата за дистинкција помеѓу Филипсовата крива на кус и долг рок денес се токму рационалните очекувања, очекувањата за инфалција се константни – поради едноставниот факт што просечниот тренд на пораст на стапката на инфлација во поблиското минато едноставно се пресликува, се експлоатира во иднината. Кај Филипсовата крива на долг рок, меѓутоа, очекувањата за инфлацијата се еднакви на актуелната инфлација. Така, доколку економските субјекти коректно ја антиципираат инфлацијата (што е основна пертпоставка на рационалните очекувања), ако предвидат, да кажеме, 6% пораст, тогаш оптото подигање на цените ке биде вградено и во платите. Тоа ке предизвика контракција на агрегатната понуда и сите реални фактори, вклучувајки ја тука и вработеноста, односно невработеноста, ке се вратат на првобитното рамниште. Но, рамнотежата ќе се воспостави на повисокото општо ниво на цените. Ова покажува зошто Филипсовата крива на долг рок е вертикална линија.
    Урамнотежувањето на пазарите во современите пазарни економии е значаен елемент за новата класична макроекономија. Инаку пазарите се урамнотежени кога невработеноста постои само на ниво на природна стапка на невработеност.Како дел од новата класична макроекономија се појавуваат и теоретичарите на реалните бизнис циклуси. Тие во целост ги прифаќаат сите постулати на новата класична макроекономија. Како најзначајни претставници на оваа школа се спомнуваат Едвард Прескот, Фин Кидланд и Чарлс Плосер.
    Современата макроекономија е поврзана со теоретичарите на реалните бизнис циклуси поради нивните два значајни придонеси:
    проблемот на конзистентноста, односно неконзистентноста на економските политики низ времето
    теоријата за реалните бизнис циклуси.
    Голема заслуга која што ја имаат теоретичарите на реалните бизнис циклуси е тоа што тие отидоа еден чекор понапред во објаснувањето на рационалните очекувања врз економската политика, од причина што го имаат откриено проблемот што всушност се нарекува конзистентност на економските политики низ времето.Развојот и примената на концептот на рационалните очекувања имаа силни импликации врз економската политика. Најзначајните импликации на учењето за рационалните очекувања врз економските политики можат да се сублимираат на следниот начин:
    економските политики се неефикасни
    рационалните очекувања имаат силно влијание врз реалните дезинфлациони трошоци
    макроекономските политики се значајни за зголемување на агрегатната понуда
    Ако економските субјекти се способни коректно да ја предвидат иднината, вклучувајќи ги тука промените во економската политика на владата, и брзо да реагираат на новонастанатите промени, тогаш економската политика е неефикасна и често бескорисна. Во вакви услови управувањето со агрегатната побарувачка преку мерките на монетарната и фискалната политика нема никаква смисла. Притоа анализата на претставниците на рационалните очекувања посебно е свртена кон ефикасноста односно неефикасноста на мерките и инструментите на монетарната политика. Тука може да се издиференцираат две специфични ситуации со кои мое да се покаже дека монетарната политика е неефикасна.
    Првата се однесува на антиципирано зголемување на понудата на пари, односно кога владата соопштува дека има намера да ја зголеми понудата на пари.
    Втората се однесува на неантиципирано зголемување на понудата на пари, односно владата не навестува зголемена понуда на пари.
    Секоја редукција на инфлацијата е врзана со реални дезинфлациони трошоци. Неокејнзијанците сметаат дека реалните дезинфлаторни трошоци во современите економии се високи поради рестриктивната буџетска и монетарна политика, понекогаш комбинирани со политика на доход и особено поради фактот што цените и платите се нефлексибилни надолу. Во таква ситуација без оглед на смалената агрегатна побарувачка, пазарите тешко се урамнотежуваат, а рамнотежата се воспоставува на пониско рамниште со евидентно губење на БДП и работни места.
    За претставниците на новата класична економија пак, дезинфлационите трошоци можат да бидат многу мали, а коефициентот на жртвување дури да тендира кон нула, доколку монетарните власти уживаат висок кредибилитет и репутација и доколку и буџетската политика е компатибилна со монетарната политика. Многу економисти најдуваат висок степен на корелација помеѓу степенот на независност на централната банка и ниските стапки на инфлација, (колку е поголема независноста на централната банка толку е пониска стапката на инфлација).
    За претставниците на рационалните очекувања, управувањето со агрегатната побарувачка преку мерките и инструментите на монетарната и фискалната политика по правило нема посебна смисла. За нив е значајна агрегатната понуда и стимулирањето на потенцијалниот БДП. Во овој домен посебен придонес може да дадат микроекономските политики преку зголемување на поттиците за работа и инвестирање.
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Kако сто на сите ни е вазна лјубовта и иднината,така јас верував во лјубовта и ветувајната од мојот сакан...Vерував во прекрасните и невозмозни сонови.
    Vерувајнето во некои лјуге и сонови и ветуајна (кои не се остваруват) те доведува до многу теска и неубава ситуација,,и сами сме свесни дека тоа ветуајне нема да ти го исполнат иако со сета сила од лјубовта спрема лицноста те доведува до веруајне на невозмозното...тоа те доведува до премногу оцекуајне од другата лицност која само те доведува во оцајност,солзи,несакано цуство и многу неубави цуства. ZATOA NE OCEKUVAJTE нисто а не премногу од никоја лицност иако вие давате се од себе да ги исполните неговите оцекувајна!. :)
     
  3. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Секогаш очекувам премногу од лугето и секогаш се разочарувам.Најдобро е да не се очекува но во тој случај треба да си песимист.Најубавите нешта и најголемата срека доага кога не очекуваме!
     
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Главната причина за моите разочарувања.

    Да, очекувам многу.
    Посебно од оние на кои што јас им пружам и нудам многу повеќе. Очекувам возврат, но не и тотална рамнотежа на вагата. Доволна ми е само една насмевка и прегратка во вистинскиот момент. Само, ретко кој знае истиот да го погоди..

    И секогаш е истата приказна. Се имам изгорено многу пати, но пак продолжувам да очекувам.. Затоа што верувам во луѓето, верувам дека има сеуште благодарни и свесни луѓе. Иако, мал милион пати се докажало спротивното.

    Јас верувам..
    И очекувам.

    :)
     
    На baguf4e и Hayley им се допаѓа ова.
  5. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Секоја чест Изабела, искажа се што мислам и чувсвтувам :)
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Јас очекувам кога правам добро со лошо да ми се врати,и до сега не сум промашил!
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Дефинитивно имаш лоша проценка кон луѓето.

    Ако не очекувам и не се надевам во животот не би ми бил интересен животот :). Баш тие очекувања - неизвесности не разбрануваат и не прават појаки кон следен зелепен шамар во животот.
     
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.176
    Денес очекувам да ме тагнат на табла Велигденски јајца на Фејсбук!

    Да, дури и оние познаници за кои мислам дека имаат три чисти, ќе ме облагородат со таква некоја глупост. :emo:
     
  9. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Expectations lead to disappointments. Ја ова го научив на потешкиот начин. Секогаш кога сум очекувала нешто сум била разочарана. Сега ништо не очекувам од никого, и затоа сум уште посреќна ако добијам нешто.
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Имам очекувања од самата себе пред се. Поставувам цели работам на нив и сакам да успеам. Барам начини како да ги реализирам, змам дека можам да паднам, ама не би ме обесхрабрило воопшто, можеби моментлано но не и хронично.

    Од луѓето порано очекував многу, додека не ми се случи пресврт во животов и сфатив кои се вистински за мене тука. Од тогаш не! Знам до кого можам да добијам и кому треба да дадам.
     
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    моментално очекувам каејне од една личност,,извинувајне и се разбира глас или негов повик,за сето тоа да биде....па ке видиме....иако веке знам што точно ке биде..но тоа е.. :|
     
  12. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    не сакам да имам големи очекувања баш поради тоа што доколку не се остварат ќе бидам разочарана. Не дека се потценувам, туку на тој начин сум посреќна
     
  13. sweetgirl77

    sweetgirl77 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    12
    Имам очекувања од самата себе и се што очекувам не испага така како што си замислувам ама сепак не се разочарувам многу затоа што и додека очекувам знам дека тоа нема никогаш да испадне така како што сакам..
     
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Кога помалку очекувам нешто да се реализира посреќна сум.Не сакам да си поставувам високи цели,па да се разочарам.Колку и да се остварливи очекувањата реалноста е сурова,па може да ни подготви непријатни изненадувања.
     
  15. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Многу ситуации во животов, дел лични, дел на мои блиски, ме научиле дека од никого ништо не треба да очекуваш и од друга страна да бидеш спремен на сè од секого.
    Некогаш и без да сакаме стекнуваме огромна доверба во некој, љубовта не заслепува и забораваме реалистички да гледаме на работите. Е тогаш доколку дојде до разочарување на таа доверба, во вода ни паѓаат сите очекувања кои сме ги имале од таа личност.
    Многу пати сум осетила на своја кожа и се научив малку поинаку да гледам на работите, односно многу малку да им верувам на луѓето. Мајка ми ме вика Неверен Тома:)
     
    На licemerna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Очекувам се и сешто. Ништо не е предвидено, за жал. И мора да бидеме спремни за било што. Сум очекувала некои работи и на крај сум била разочарана. А колку поголеми ни се очекувањата, разочарувањата уште поголеми ќе се.

    Затоа јас не очекувам ништо повеќе. Верувам дека се ќе си дојде во свое време, и на времето му треба време. Верувам дека се ќе е во ред, верувам дека одиме на подобро. Колку помалку очекувања толку подобро.
     
  17. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Колку се поголеми очекувањата толку се поголеми разочарувањата.
     
  18. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Прво да ја прокоментирам поговорката. Навистина прекрасно кажано, ама тешко што јас неможам да ја применам. Секогаш моите очекувања се нешто најдобро од некој, и потоа тој некој нема да ги исполни и јас сум онаа што е повредена. Затоа и веќе не верувам на никого и ништо не очекувам од никого. Зашто иако сум сеуште млада имам прожвеано многу во врска со разочарувања што и моите родители не знаат како да ме советуваат, велејќи дека такво нешто немаат доживеано во нивните животи, а јас на моите години имам..
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Порано очекував многу, од сите го очекував најдоброто. Ама, со тек на време научив дека колку помалку очекувам толку помалку се разочарувам. Подобро да се изненадам, отколку да се разочарам. Ова го практикувам во последно време, бидејќи најмногу можеш да очекуваш од самиот себе, од другите не.
     
  20. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Не очекувам ништо од никому. Всушност, очекувам, но само едно во цел живот. Се надевам дека ќе биде сѐ во ред и очекувањето реалност. Иако знам дека не треба ништо , никогаш да не очекуваме, ова ми е исклучок :)