Девојќи сакам да си купам очила коишто служат за одмарање на очите од компјутер, читање и сл, но мајками никако да ми дозволи. Демек тие биле штетни, ги оштетувале очите, сега вакви после ќе требало и со диоптер да носам и уште еден куп работи. А имам слушнато дека оптичарите и докторите ги препорачуваат само за пари. Дали може да добијам некој стручен совет?! Благодарам однапред
А какви се поточно тие очила за одмарање?Јас имам очила со диоптер и со анти-рефлекс заштита.Е сега ако мислиш на такви стакла можам да ти кажам дека стварно се добри зашто откако ги имам тие стакла воопшто не ми пречи да седам пред компјутер и цел ден,очите не се замараат за разлика од порано кога за многу кратко време почнуваа да ме печат очите и да ми бидат црвени и уморни. САмо не знам дали збориме за истото...
А не треба темава да е во Здравје Инаку постојат очила само за одмарање на очите,без диоптер, ама сепак треба да ти ги препише лекар. Барем јас така мислам.
Да, јас се извинувам ако е на погрешно место темата, може да се премести. А колку отприлика ќе бидат тие наочари? Скапи се? Баш утре ќе одам на очно и ќе прашам. Инаку elygj јас сакам без диоптер, зошто немам потреба од диоптер и може ќе ми се оштети видот па ќе треба да носам со поголем диоптер. Да за такви стакла, само без диоптер Да не знаеш кај има?
ДА,па сфатив дека немаш потреба од диоптер,само ти кажав пример за мене.Така и мислев дека бараш анти рефлекс стакла.Па мислам дека ги има во секоја оптика,си земаш само рамки и такви стакла.Само за цената не знам да ти кажам зашто јас ги плаќав заедно со диоптерот
Очилата ќе ти бидат со диоптер 0,5. Другарка носеше, но одамна ја немам видено за да се рапрашам. Оди на консултации, а како може мајка ти да не ти дава, кога е за твое добро? Не е точно ако почнеш такви да носиш, дека ќе треба понатаму да ти се зголемува диоптерот. Јас носам голем диоптер, а сестра ми 0,5 некои 4,5 год. па не и се качил.
Па денес бев на очно кај една соседка ми ги гледаше очите немам потреба од диоптер, а може да носам такви очила 3000 и нешто се. Сега ќе одам утре кај неа во ординација да си изберам рамка, ама нешто многу скапичи ми се видоа
Па и не се баш скапи, ако се работи за здравје. Инаку што направи, ги купи, помага? Јас носам очила со диоптер, веке 6-7 години. А за вакви, прв пат слушам, а и не верувам повеќе да се оштетува.
Сега дури ја гледам темава, а Барби се изнапрашувала Јас имам такви, носам(додуша сега поретко ги ставам). Всушност, очилата се исти ко сите, јас имам и малце диоптер, 0,5 десно, 0,25 лево, ми ги препиша очен лекар затоа што на час на факс на пример од табла се си гледам, по некои 20-30 минути имам мака, ми се мати, ми солзат очите, ме фаќа главоболка и слично Јас и ко мала, во второ и трето дделение носев исти вакви очила, затоа што ми се јави некоја си бактерија, и цело време трепкав и замижував. Не знам која е финтата со стаклата и зошто се викаат очила за одмарање, ама знам дека мене ми го вратија видот, чистината, и немам мака со седење пред компјутер или ТВ
Тоа се антирефлексни или супрема стакла. И да, служат за одмарање на очите, и не е точно како што кажа Марама дека ќе ти бидат со диоптер. Штетни не се, во никој случај. Досега не сум слушнала некој да дошол по препорака на лекар, а баш повеќе им препишуваат диоптер 0.25 (тоа е само за пари), бидејќи истото почисто гледање се добива со овие стакла без диоптер. Лично јас имам проблеми на моменти од премореност, на факултет и пред компјутер па бев на лекар ама немав диоптер. Затоа си направив такви наочари и си ги носам ( имам кажано дека имаме оптика па логично не сум будала да носам нешто што е штетно ). Баш и тие што имаат диоптер ( во последно време 80% ) ставаат и плус ваква заштита, а заштитата е од ув зраци (само што не потемнува) од неонски светла, компјутери, тв, електромагнетни зрачења, исто така се препорачливи и за ноќно возење. Во однос на квалитетот и цената ( ќе ја кажам таа јас што ја знам ) антирефлексни стакла би чинеле околу 1200ден., а има поквалитетни, многу побистри и со повеќе заштитни слоеви супрема се викаат и тие се околу 2200, 2400ден.
Бидејќи имаш оптика, дали супрема стаклата се доволна заштита. Еве јас неколку години носма очила со диоптер и со антирефлекс и диоптерот се качува секоја наредна година. Работам пред компјутер неколку саати дневно и мислев ако треба и филтер стакло за заштита да ставам на мониторот?Совет?
Феминки знаете ли кои антирефлексни стакла се квалитетни? Ја си купив рамки, сега треба да купам стакла, ама ме бунат цените низ оптикиве, некаде се 1000,1100,1200,1500,1800 до 2500 ден.Стварно не се разбирам во што е разликата а во секоја оптика различно ми кажуваат,односно стаклата кои ги имаат ги фалат како број 1, доколку знаете ве молам помогнете да знам што да барам,некој бренд, потекло (италијански, француски)и сл.? Поминувам околу 10 часа на компјутер и плус доста читам книги, имам постојани главоболки па ми препорачаа очила со вакви стакла, диоптерот ми 0,5.
Дали може да се однесат во оптика рамки купени од друго место и само да ми стават ваква заштита? Ако некој е поупатен, ако може нека пише
Јас си купив рамки од Бит пазар и си ставив само стакла со заштита од зрачење, околу 2500 беа стаклата а 400 ден рамките.Искрено јас сум многу задоволна од очилата, по 9-10 саати дневно сум пред компјутер, и предходно имав мака со главоболки ама со очилава ми е полесно.
Дали целосно заштитуваат тие од зрачењето? И 24/7 да гледаш во телефон со тие очила нема да ти се расипа видот? Одамна барам вакви очила но за да не ги дадам 3000 без веза сакам да се информирам, не сакам да почнам да носам очила со диоптер...