Очни болести

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од GirlLove, 12 јануари 2010.

  1. GirlLove

    GirlLove Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    4.387
    Пол:
    Женски
    Здраво,здраво..јас не знам многу за очните болести...но знаам некои:кратковидност,далековидост и јас што ја иам оваа СТРАБИЗАМ но немам шашливи очи.Па ме интересира да напишите нешто повеќе ако знаете за што се работи...Инаку имам 19 години а пред 1 година ми ја откријаа болеста ми дадоа да носам очила со МНОГУ голем диоптер( 2 и пол на левото и 4 на десното :worried:hock: )...одам редовно на прегледи но засега нема никакви промени
    Може да пишувате и за другите очни болести кои се појавуваат
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.693
    И јас имам страбизам и тоа од раѓање. Очила носев од една година па се до пред година-две кога ги тргнав самата. На почеток двете очи ми биле „криви„ али сега по толку години со очила се имаат корегирано, а и самата знам да ги котролирам, д ги држам како што треба. Иначе ти што се жалиш дека голем диоптер си носела, на последните очила имав диоптер 4ка на двете стакла, а замисли на првите наочари колкав диоптер сум имала :lol: :lol: Иначе сум далековида, па и затоа ги тргнав наочарите бидејќи ми беа плуски и ми сметаа.... За очниве болести можам да пишам до бескрај бидејќи не само што и самата ги имам, мајка ми работи на очно па и од неа мн работи сум научила. Ама да не должам мн ако некого нешто го интересира... ;)
     
  3. NormaJean

    NormaJean Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    0
    I ja imam problemi so ocite. Uste u pubertetot mi se pojavi dioptrijata, pa pocna da mi se kacuva mnogu brgu. Pa koga pocnav ja da panicam....:P Sega nekako podzastana. Na pocetokot nosev ocila, ama pusta moda, mi zdosadija pa si zedov lekji. Prakticni se, abe uzivancija. Inaku dioptrijata mi e nakaj -5.00. E mnogu e.
    A inace i levoto oko mi zabeguva pomalku u strana ama ne se primetuva, a mi smetaat i onie trepkacite u klubovi... a i jakoto sonce.....
     
  4. GirlLove

    GirlLove Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    4.387
    Пол:
    Женски

    Но јас до сега никогаш немам носено очила и ми се први во животов :D па затоа докторката ми рече дека е многу лошо бидејќи ми се први,а ако не ги носам можно било и до 6ка да стасам :worried:hock: :worried:hock:
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.693
    Јас ти препорачувам да ги носиш и да не си забушаваш, затоа шо стварно може да ти се зголеми диоптерот. Јас ако кажувам дека ги оставив, сепак ги носев цел живот и знам како да се справам со проблемот и без очила, но сепак и јас ги носам одвреме-навреме, особено кога сум пред компјутер затоа шо тоа еден од најчестите начини преку кој видот се оштетува и ослабнува.
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.143
    a dali so nosenje ocila moze da se koregira setanjeto na okoto? mene desnoto oko mi seta i toa ne se primetuva mn. mn. najcesto koga sum zamorena ili koga ke stavam premnogu jaka sminka (molivce zatoa i ne stavam cesto). a moze da se stavi leki? inaku imam mn. slab diopter 0,5 (ili -0,5)taka nesto ako dobro se sekavam.
     
  7. lina2

    lina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    1
    Уште кога ја видов темава се замислив дали да го раскажам моето искуство во врска со истата. И јас имам проблем со видот,но мојата дијагноза е астигматизам.Многу врвни офталмолози во Македонија и бившата ни СФРЈ немаа конкретни решенија за мене дијагнозата нивна беше: предизвикано оштетување на видот од алергија на полен, рецепт очила со диоптер од -0,75...додека стигнав до -2,50.Можеби ќе се помирев со тоа ама имав мал проблем: покрај тоа што дисциплинирано си ги носев очилата,тие не само што не ми помагаа туку имав неправилна слика:гледав смалени објекти,кога се движев како да имам дупка пред мене и уште којзнае колку неправилности.Носев и леќи и тоа 7год.Дојде ден офталмологот да ми каже дека не му е јасно што е со мене.Проблемот што се јавува кај мене на 23год. возраст се јавува вообичаено само кај постари т.е. не гледаш ниту на блиску,ниту на далеку како треба?Искрено се ИЗБЕЗУМИВ :worried:hock: Помислив на рак на очен нерв и сл.најцрни мисли ми пројдоа низ глава. Ама се сетив дека некаде бев прочитала дека во Русија има добри специјалисти и специјални болници за микрохирургија на очи се заинтересирав и отидов таму. ЛУЃЕ се уште немам видено тука некои од тие апарати кои таму ги употребуваат за прегледи
    Од тука тргнав како најнеозбилен случај.Демек што барам јас на микрохирургија во Русија со така мал диоптер.Само кратко кажав"знам,меѓутоа,јас сепак не гледам".Од најнеозбилен случај таму излезе дека сум случај бр.1 Бев прегледана двапати и направив КЕРАТОТОМИЈА со сите 12 реза,додека оние сериозните случаи имаа по 4,6,и еден со 8 реза.Не смееше да се бара решение со една операција за да не одам во плус диоптер и требаше да одам повторно по 2 год. за конечно да се ослободам од целиот проблем. Кога се вратив дома не ми се веруваше колку работи кои до тогаш ги гледав секој ден сега се поинакви,колку линии има на паркетот,колку е убава ќерка ми кога ја гледам со новите очи,ги гледав броевите од дигитрон,ТВ,се беше ново и поубаво од било кога порано.Одлучив дека ми е доволно да гледам толку,дека сум задоволна со резултатот и немам потреба од уште една операција.Барем знаев што ми е со очите. Е сега она најважното.Таму страбизмот не го рачунат за болест ниту ги гњават луѓето со носење диоптер. :up: СТРАБИЗМОТ го третират со обично мало затегнување на некој мускул што трае кратко и не го сметат за некој зафат. Сега ги има такви многу ординации гледам во Словенија,Турција,... Можеби ке најдете нешто на интернет зашто да се мачите со диоптрии. Се извинувам за долгиот текст.И се надевам дека ќе ви даде некоја идеја.Вие сте помлади и се надевам ќе се снајдете подобро и од мене. ;)
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.693
    Зависи од тоа колку ти е искривено. Во глобала мислам дека може. Јас сум родена со двете криви очи, особено левото. Очила носам од 1 година и ги носев континуирано до 15тата. Десното око ми е скроз право. Левото не, но сепак научив да го контролирам. Иначе диоптерот нема врска со искривеноста. А за леќи, не сум баш информирана да ти кажам со сигурност дали може или не. Зависи од случајот и од самото око. Некои очи едноставно не поднесуваат леќи.
     
  9. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    492
    и јас имам астигматизам и носам очила веќе 11 години...на почеток диоптерот ми беше појак т.е. +2,5 и 3,5 ама од пред неколку години ми се намали и е 1,5 и 2,5 и сега стагнира. Инаку редовно си носам очила иако и без нив можам да гледам тв и да читам.
    Лина 2 каде беше ти на прегледи во Русија и колку те чинеше сето тоа? Поздрав
     
  10. Nenad1990

    Nenad1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ZDRAVO NA SITE
    I JAS IMAM VAKOV PROBLEM STRABIZAM NA DESNOTO OKO.KAKO MAL IDEV KAJ DOKTORKATA JULINANA DIMITROVA VO SKOPJE SPECIJALIST ZA OVAKVI BOLESTI.TREBASE DA GI NOSAM NAOCARI DO 12 GODINI I AKO NE MI SE ISPRAVI OKOTO TREBA DA NAPRAVAM OPERACIJA.JAS GI NOSEV SKORO DO 10 GODINI,NEMOZEV DA GI NOSAM POVECE ZNAETE VO SKOLO NATAMU NAVAMU MI SE KRSEA NON STOP TREBASE I VEZBI DA PRAVAM NA APARATITE ALI MOITE RODITELI NA RABOTA I TAKA SE OSTANA.
    NO KAKO ZNAM VO 50% SLUCAEVI SO NOSENJE NA NAOCARI I VEZI SE ISPRAVAAT OCITE.AKO TOA NE SE SLUCI SE PRAVI OPERACIJA.VO 2003 GODINA BEV KAJ EDEN VO KUMANOVO JAS SUM OD TAMO I MI PREPISA ALI I TIE MALKU GI NOSEV POSTO NE MI GI DOBRO NAPRAVIJA MI SE ISKRDIJA I TOJ ISTO TAKA MI KAZA DEKA MORA OPERACIJA DA PRAVAM VEZI I AKO SUM VO MOZNOST DA IZBERAM BUGARIJA BIDEJCI TAMU IMA POSOVREMENI APARATI.

    I SEGA DA VE PRASAM DALI ZNAESTE ALI USTE RABOTI DOKTORKATA JULIJANA DIMITROVA TAA RABOTESE KAKO DA VI KAZAM KAJ FONTANA PRED ZOOLOSKATAGRADINA TAA FONTANA VO ZGRADA IMASE ORDINACIJA.SEGA NEZNMA DALI USTE RABOTI ILI NEKOJ DRUG JA ZAMENIL BIDEJCI NE SUM OTISOL OD 98 GODINA.
    ILI DA NE ZNAETE NEKOJ DRUG DOKTOR STRUCEN ZA OVIE RABOTI.NO AKO ZNAETE DA MI KAZATE DALI USTE RABOTI I AKO VO SLUCAJ GO DOZNAETE TELEFONOT OD ORDINACIJATA DA MI GO DADETE.POZDRAV
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.647
    Допаѓања:
    9.660
    Пол:
    Женски








    и јас имам астигматизам, моментално носам леќи ама нема некое значително подобрување.
    размилував за ласерска операција, ама сеуште не сум сигурна за тој чекор. ако имаш било каков совет, добредојден е.
     
  12. Em4e711

    Em4e711 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    141
    Само што мислев да отворам тема "Страбизам" налетав на ова...
    Болна тема не викам не, цел живот се носам со тоа (од преголема температура кога сум била мала).. Левото око се уште не можам да го исправам и самата сум крива за тоа. Имам правено 2 операции, првата за двете очи втората само на левото, ама сега за џабе ми е. Дали бев премногу мала..ама тоа докторите алчни за пари. Па уште се чудеа на моите цврсти очни мускули, викаше докторката дека никогаш ова и се нема случено XD
    Имам 18 год и ми кажаа дека ако не ми се исправи со очила пак операција ќе треба да правам, ама по приватниве ординации не ми препорачуваат кај нас (најчесто во Белград..).
    И да, нема врска со диоптерот, видот ми е добар во зависност од тоа колку ми е искривено окото :( Докторката ми рече да ми се исправи окото не ни морам да носам очила.. Ама ете, левото око скоро ич не го користам :(

    Мачно ми е, подобро да имаш диоптер и да носиш очила одколку вака да се малтретираш... :devil:
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    664
    ми игра окото веќе 5 месеци без престан и ме пече, пиев магнезиум не ми помогна, Б6 исто така и бев на контрола за бактерии се ми е чисто, како да го решам овој проблем? неможам да гледам убаво!
     
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.627
    Имам страбизам и нистагнус. Носам наочари од три години. Кратковида сум. Диотерите ми се 3 со 3.5. Докторката кај која одам на преглед ми рече за операција да видам негде во Русија. Но, бидејки и не сме баш во можност, разговаравме со офталмолог од Турција кој доаѓа во МК во Ремедика и прави операции. Рече дека до 18 да не пробуваме ништо. Инаку, кога бев помала очиве не можев да ги држам смирени, ми шараа нон-стоп. Сега се посмирени. А и сама ги контролирам кога ќе се сетам дека ми шараат.
    Диоптерот исто така варираше. Ми беше поголем, па помал, па сега е тој што е! Веќе неколку години не ми е променет!
     
  15. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    32
    и јас исто имам страбизам од 5 години и сум правена операција на двете очи.Од тогаш носам очила и сега видот можам да кажам дека ми е супер. Ме оперираа во Прилеп во болница кај др.Ружа и сме презадоволни со моите родители. Неколку месеци пред операцијата секојдневно одевме во болница на вежби пред апарати. После операцијата веднаш ми дадоа очила, и секоја година диоптерот ми се намалува ,ги менував очилата. Ги носам скоро 16 години и воопшто не ми сметаат,дури некогаш заборавам и да ги извадам пред спиење,како неизоставен дел од мене се од пуста навика.
    Ми рече докторката дека привремено можам да ги вадам ,да гледам без нив,но не долго за да не се заморуваат многу очите, а посебно кога сум пред комјпутер или тв обавезно со нив.

    И не е битно тоа претходно некој имаше коментирано ,родителите биле зафатени со работа. И моите и двајцата беа вработени , па се ослободувале де едниот де другиот,па ке земат одмор и слично. Јас цела учебна година ја изгубив,наместо да одам прваче јас си одев во болница ,си го гледав здравјето.

    Сепак со очите се гледа ,тие се битен дел од телото
     
  16. marija9944

    marija9944 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Имам 16 години и имам страбизам на двете очи, посебно ми се забележува на десното око. На левото диоптереот ми е мн. мал, не знам точно, ама на десното ми е 4, отприлика. Сакам да правам операција и би сакала да ми кажете, ако некој знае, колу чини, отприлика. Знам дека тука не може да се прави, и се оди во србија, бугарија или србија. фала однапред :D
     
  17. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    32
    И тука прават операција на очи за стребизам. јас сум правена уште на 5 години во Прилеп во болница кај др Ружа и навистина многу сум задоволна имав и преголем диоптер,но по операцијата одма ми се намали.
    Постојано носам очила , оти тие се најглавни посебно кога станува збор за страбизам.Обично диоптерот ми беше стандард но некогаш знаеше малку и да ми варира, се зависи од тоа колку ги напрегаш очите и дали ги правиш вежбите што ке ти ги кажат.
    За точна цена на операцијата незнам да ти кажам оти ти викам тоа беше многу одамна
     
  18. marija9944

    marija9944 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Фала многу :D иначе сум правела се (мислам на вежби )и веќе 14 или 15 години носам наочари и знам дека иако ја направам морам да ги носам пак. но сакам да ставам леќи а затоа што мене ептен многу ми се познава не ми изгледа логично дека леќите ќе ми по покријат страбизмот како аочарите. така да знае некој дали сеќите всушност може да покријат страбизам ??? :D фала пак :D
     
  19. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    735
    Пол:
    Женски
    Немам голем диоптер само -0,25 но ми рекоа дека имам цилиндри, дали некој знае нешто околу ова да ми појасни, па да знам дали да си земам наочари или нема потреба. Бев на преглед на клиника во државна болница и лекарката не сакаше да ми објасни :devil: :devil: имала еден куп пациенти. Нејзиниот одговор беше дека морам да носам наочари и дека не е моја работа да прашувам што се тоа цилиндри :( . На предлед бев пред 2 години и од тогаш немам отидено на очно, па може да ми препорачате и добар очен лекар во Скопје (на приватно се надевам ќе ми објаснат повеќе).
     
  20. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    238
    Девојки ај ако знаете препорачајте ми некој добар очен лекар во Скопје што прави компјутерски прегледи, и по можност ако знаете да ми кажете и некои плус информации за него, кај се наога, колку чини преглед, бројче ако имате случајно и сл. ;)