Здраво јас сакам да се правам операција на страбизам ама сите ме убедуваат да не одам дека на почетоко ако било успешно дека по некое време пак можи да се влоши ситуацијата повеќе па би сакала да ми кажеш дали до сега кај тебе беше се во ред
ме интересира дали успеја да се поправи минусот бидејки открија и кај моето дете и ми велат дека неможе да се поправи?
И јас сакам да правам операција на страбизам меѓутоа докторката на последниот преглед ми кажа дека не ми препорачува затоа што подоцна може да се врати истиот проблем, иако порано ми има кажано дека со операција може да се среди ако не друго барем естетски. Меѓутоа јас сум решена да направам но се двоумам за која болница дали во Скопје или Турција, јас контактирав со Anadolu Medical Center во Турција и чекам мислење од тамошниот офталмолог. Ме интересира за која болница се одлучи ти и дали знаеш некој со искуство во оваа болница? Исто дали имаш и некоја информација во врска со квалитетот и движењето на цените во други болници?
Јас сега брзо бев на преглед во белград во свети вид и ми рекоја дека имам наизменичен страбизам и ќе треба операција на двете очи по илјада евра е од око а јас имам страбизам само на левото а со видот исто немам никаков проблем па бидејќи се работи за двете очи сеуште не можам да се одлучам за операција страв ми е планирам и друго мислење да побарам а кај која докторка беше ти на преглед во белград исто ми рекоја дека после операцијата по шест месеци можно е да треба уште една операција ама само на левото око но тоа зависи можеби нема и да треба Јас сега брзо бев на преглед во белград во свети вид и ми рекоја дека имам наизменичен страбизам и ќе треба операција на двете очи по илјада евра е од око а јас имам страбизам само на левото а со видот исто немам никаков проблем па бидејќи се работи за двете очи сеуште не можам да се одлучам за операција страв ми е планирам и друго мислење да побарам а кај која докторка беше ти на преглед? А исто ми кажаа дека после прватс операција по шест месеци можно е да треба уште една ама само на левото око но тоа зависи по шест месеци како ќе биде се Здравопрочитавдека си се правела операција на страбизам па ако може да ми кажеш дали досега се во ред јас имам страбизам на левото око и пошто сум имала наизменичен страбизам ќе требало операција на двете очи и затоа никако не можам да се одлучам сеуште за операција од страв јас бев на преглед во Белград во свети вид и ми рекоја дека можно е да треба две операции прво на двете очи а после само на левото но тоа зависи можеби и нема да треба
Можеби имам пишувано на темава не се сеќавам ама ке пишам пак. Како мала мајка ми приметила дека едното око ми подзабегува малку, ме носела на доктор ама и рекле ништо страшно, како што ке расте ке се исправи. Диоптер не сум имала. Кога почнав средно приметив дека не ми е во ред видот, диоптер -75 и почнав наочари , па после некое време леќи . Сега стигнав до диоптер -2. Но очите се повеќе ми се искривуваат. Почнаа сите да ме приметуваат, гледам и јас сама на слики ептен ми се познава. Поготово кога сум уморна.. Многу, премногу ми влијае на самодовербата и многу ми смета. Докторката каде што одам ме гледаше на апарати да провери да не е некаква болест ама нема ништо такво и не ми кажа никакво решение, ама морам нешто да превземам. Сакав да прашам со операција дали може да се искорегира тоа, дали може некаде кај нас или мора странство и колку чини отприлика.
Не сум сигурна, можно е окото да ти е "мрзеливо". Од искуство, братучед имаше ист случај, не можеше да го задржи окото да се фокусира на нешто, туку само се вртеше малку на страна. Мислам дека има вежби за тоа, за операција не знам. Побарај второ мислење, јас би ти препорачала да се јавиш во Промедика и да одиш таму на преглед доколку си во можност, знам доста луѓе кои се задоволни од таму.
Здраво девојки. Со оглед на карантинов многу време поминувам дома и пред компјутер. Веќе неколку дена чувствувам дека кога повеќе време сум пред монитор било лаптоп или телефон имам болка помеѓу очите во пределот над носот. Дали е тоа некаков симптом на очен притисок или е во прашање само замор и слично?
Ве молам ако може да ми дадете некои совети во однос на амблиопија или мрзеливо око... Состојбава ја има другар ми, посетил неколку офталмолози но, никој не му дал некој поконкретен совет земајќи во предвид дека состојбата се корегирала исклучиво со вежби за време ма детсвото, а потоа не.
Не знам што ми се случува со едното око. Ми игра цело време (знам со што се поврзува народно, ама да бидеме реални), не престанува. И трае веќе еден месец. На доктор не ми закажуваат, пробав и приватно - нема. Не е само обично играње, туку го чувствувам нервот како полека се движи баш на линијата на долните трепки и осеќам солзниот канал како се иритира, па знае и да солзи. Периодично кога фокусирам, она што ми е во фокус го гледам но со отсјај како во вода доле, а не целата слика како треба. На гугл нема ништо за ова. А гугл нели...не е местото, но морам да знам што се случува. Некој со слично искуство?
Можно е да имаш мал недостаток на Б витамини. Земај ги одредено време и секако консултација со доктор.
Мислам дека е од акумулиран стрес. Се случува одредено време после нешто што ти оставило тежок страв, грижи, нервози. Ќе престане со тек на време. Пробај кога ќе заигра да се погледнеш во огледало на местото каде што ти игра дали ќе престане? Инаку недостиг на магнезиум, витамини од б група може да придонесат да “игра”.
Окцево мое изгледа е посериозно од што делуваше. Се трудам да најдам екстра добар специјалист офтамолог, и приватно, само да е добар. Почна да ми тече крв од носот секој ден од ноздрвата од страната на окото. Не го поврзував, но почнав да губам вид кд време на време на тоа око и тежина осеќам во него. Не целосно, но драстично заматено. Офтамологот каде што одам редовно за видот не е во можност да ме прегледа детално, но според она што мисли дека може да е, бара подетално да се погледне проблемот. Ем доктор, ем некој со нешто слично искуство?
Здраво, веќе долго време имам подуени подочнаци, како перничиња. Спијам секогаш по 8 9 саати. Насабајле или навечер знаат и многу да ми солзат. Особено од левото око ми е многу поотечено. Левото понормално е. Дали има некој искуство со ова ?
Здраво, ме интересира некој да сподели искуство доколку го има. Мајка ми имаше пад пред година и пол и удри го глава, но после тоа беше на прегледи по што констатираа дека нема никаков проблем, ниту потрес ниту ништо. По година дена, значи месецов почнаа да и се појавуваат "мушички" во левото око, каде што е и удрена на главата од левата страна, и светкање од тоа око. Беше на очен лекар, кој што и рекол дека не е страшно и дека ќе треба да ги игнорира мушичките, но дека можно е да е тоа и од маснотии во крвта, за која што таа веќе пие терапија. Исто и дал некои витамини. По проверка на маснотиите кои што и излегоа во граница на нормала пратена е на невролог за да проверат дали можеби има проблем со некој нерв. Дали некоја од вас има слично искуство со мушичките и светкањето, и како да ги снема?
Ме интересира дали некоја има искуство со Бела Виста за преглед и одредување диоптер и дали имаат доктор? Како сте задоволни?