Здраво. Веќе две недели имам проблем белките од двете очи ми се розеви и многу ми се познаваат крвните садови како црвени линии. Што може да биде. Бев на очно ми дадоја само вештачки солзи со алерген но не ми поминува...
Истото ми се случи и мене до пред некој месец. Ставав капки, но не ми помогнаа. После пробав да не седам многу пред лаптоп, телефон и ми се среди. Но понекогаш уште ставам капки. Едит: носам и очила со заштитно стакло, плус симнав за регулирање на светлината - lux мислам се викаше (баш од форумов прочитав препорака).
Пред неколку дена ми се појави како топче, поточно, набабрен дел на горниот капак на левото око. Внатрешно е. На допир го осетив. Не е јачмен. Сега веќе почна да ми "тежи" на окото и да ме боли. Плус, ако седам предолго на моб. или ком. - катастрофа. И црвени очите, солзат, печат Многу стресни моменти во последно. Ќе се јавам на лекар. Сте имале ваков проблем?
Не знам дали моево е болест или не, но овде ќе се обратам. Пред 2 недели бев на офталмолог и ми препиша едни капки за суви очи и ми рече д а ги одмарам очите, а после еден месец д а одам на контрола... Кажете спас за Ада не треба да носам диоптерски очила. Тој не ми препиша очила, но рече дека ќе ни дал со многу малечок диоптер, но прво сакаше да го види резултатот од капките... Ве молам дадете ми дополнителни совети за д Ане почнам да носам очила со диоптер
Приметив десното око намален ми е видот. Можно е некако да го поправам? Вежби? Совети нешто? Не сакам да носам ортопедски наочари
Слушај си го лекарот, не барај совети по форуми. Ако имаш диоптрија и мораш да носиш очила, ќе ги носиш, што е толку страшно? Лекар само. Нема ни вежби ни совети. Ако не сакаш да носиш очила, ризикуваш да ти се влоши видот. Што е толку страшно да носиш очила?
Не е ништо страшно да носиш очила а можеш и леќи . Подобро оди си на преглед зошто само од себе не верувам дека ќе помине.
Имаш многу кул и интересни рамки за наочари што може дури и ликот да ти го променат. Дури и лица на кои не им требаат очила почнаа да носат, зашто се интересни. Влези во некоја оптика и пробај неколку различни, ќе видиш сама колку знаат да го надополнат изгледот. Или земи си леќи, тие нема да направат разлика. Во секој случај, доколку имаш проблем со диоптрија, убаво е да си носиш помагала
Живееме во време каде што имаш доволно избор за помагала, дали очила, дали леќи, се' се решава. Клучното е да не размислуваш така за себе, оти денес се очилата, утре ќе биде нешто друго. Поработи си на самодовербата и научи да се сакаш себеси. Очен лекар обавезно и тој/таа ќе те советува што е најдобро за твојата ситуација.
Ако избереш вистински очила, верувај уште поубава ќе бидеш. Ќе си земеш време и ќе си најдеш какви што ти одговараат на лицето најубаво. Јас од 15 тина години носам, на памет не ми дошло да си набивам комплекси. Кога ставив наочари свет видов бе, како може да ги презирам. Е кога сум апла дотерана не сакам наочари да носам, леќи сум ставала само на искачање или прослави некои. Не ми оди некако со облеката посвечена наочари, само затоа. Инаку мразам леќи, не ми е пријатно кога носам. Наочари светска работа. И кога ќе си се бендисаш со нив, дури посамоуверена ќе бидеш. Тој комплекс датира од порано кога наочарите биле естетски непривлечни. Сега на толку рамки и избор, немаш причина за грижа.
Денес бев на очно и ми рече докторката на едното око почнал да се формира цилиндар... Засега не ми ги измени леќите, ќе сме следеле ситуација со почести контроли, минимално било, но и диоптерот доста ми се покачил, а во средно со години ми беше ист, а имам баш висок диоптер плус... Не знам дали влијаеше и ова со онлајн наставата, дека и дома пред компјутер уште повеќе саати од порано, но искрено се исплашив што иако и пубертет заврши и се диоптеров уште си расте... Имал некоја ваква ситуација, дури и нов проблем да му се појави одеднаш иако само не гледал на далеку? Не забележав голема разлика дека нешто полошо гледам искрено затоа и се зачудив, на апарат се забележа дека е пораснат диоптерот, инаку вака добро гледав со леќите на проверка, се што требаше прочитав точно и јасно гледав...
“Цилиндарот” се однесува на астигматизам, кај астигматизмот во окото, наместо еден единствен фокус во точката на најјасен вид(fovea) се формираат мултипни фокуси така шо, тоа шо се набљудува изгледа разлеано или извлечено - појава позната како асиметрична заматеност, каде некои делови од видното поле се позаматени од другите. Причината може да биде во корнеата, поради нејзина неправилна кривина(како да е зашилена) или промени во структурата на леќата при што и во двата случаи доаѓа до промени во рефрактирањето на зраците во окото, па и од таму, појавата на повеќе фокуси. Бидејќи лекарот ти посочил дека станува збор за почетна фаза, тоа е причината за остуството на симптоми. Лично, немам астигматизам, но додека не се запишав на факултет немав проблеми со видот, од 2 година на ми се разви миопија(кратковидост) и секоја година ми се влошува. Многу фактори влијаат, од растојание до книгата/компјутерот, до времетраење на активноста шо ги оптоварува очите. Неопходни се паузи, каде ќе ги одмараш очите од компјутер, книга, телефон.
Како тргнало ќе ослепам до дипломска хаха. Фала ти на подеталното објаснување. Ќе се трудам дефинитивно да ги одмарам очите колку повеќе...