Здраво, Во текот на бременоста ми се појави како темна точка на десното око, помина годинаипол и сеуште ја имам сум била и на офтамотолог ми споменаа дека треба да се следи со време дека може да биде и страшно не дај боже.. дали некој имал вакво искуство од што може да биде.. и искрено ми пречи во секојдневието деновиве и како да ми се зголеми таа точка изгледа заматена и ме деконцентрира.. најмногу ми се појавува на светло..
Дали не некој му се случило да чувстува како притисок во очите и болка во челото, слепоочниците. На офталмологот му спомнав за ова, ми рече дека е од премногу седење пред екран, лаптоп, мобилен.
Здраво, година дена гледам со едново око постојано како прозорен црв исвиткан и нон стоп ми стои. Како што гледам со оково така и тоа го гледам. Дали е нешто сериозно ?
Па на почеток првите месеци ми сметаше дека ми е баш на средина од видик и како дамка ми е,а сега се навикнав. Но онака ме интересираше да не е знак за нешто
Јас кога почнав да носам наочари имав ептен мал диоптер, веќе кога почнав на факултет ми се зголеми диоптерот а имав и мал цилиндар на едното око и офталмологот рече нема потреба да ставаме на наочарите за цилиндарот бидејќи е незначителна разликата, сега скоро кога бев на последен преглед на наочарите ми стави и за цилиндар и пак ми е малце зголемен диоптерот . Дали некој имал проблем со потешко прилагодување на наочарите за корекција на аситигматизам? Веќе одамна ги имам неколку месеци ама ги чуствувам како многу да ми го изострува видот, некогаш како да ми се губи фокусот кога гледам на блиску, а кога ќе ги извадам наочарите некако чудни ми се очите, како фиксирани, не знам како да опшам со зборови. И дали на некој му се случило да чуствува како притисок во очите и болка во челото и слепоочниците? Офталмолог ми рече дека можно е да е од суво око ако предолго седам пред екран, бидејќи на преглед се беше во ред.
Штом имаш цилиндар би ти препорачала редовно да ги носиш наочарите. Јас почнав со за мене незначаен и смешен диоптер со 0,75 цилиндар. Не ги носев редовно и сега ми е зголемен на 2. За тоа со фокусот, сосем е нормално, и откако ќе ги носиш па кога ќе ги извадиш за момент е чудно, заради различното прекршување на светлината во окото со и без наочари, но не се плаши, тоа е сосем нормално, и мене ми е така. За ова со болката, веројатно е од суви очи и јас го имам истиот проблем, земи си капки, многу помагаат, а веројатно и ако ги напнуваш очите и од тоа се јавува болка.
Искрено малце се исплашив нешто да не ми е згрешено, бидејќи првпат носам наочари за корекција на астигматизам. Ти благодарам што сподели искуство.
Денес менував стакла со нов, појачан диоптер. Бев неколку пати на преглед, ми одбраја баш понизок диоптер од тоа што реално , да не се експериментира со висока диоптрија. Ама солидно ми е појачан, за -0.50 на двете очи и на левото плус цилиндар -0.50. Меѓутоа не ги осеќам баш погодени, како да ми се јаки, ме наболува главата. Дали е нормално ова на почеток додека да се навикнат очите?
Нормално е додека се навикнат очите, околу една недела. Не знам дали е до цилиндарот и јас моите ги осекам како многу да се појачани веќе долго време ги носам, и после долго време носење на наочарите во текот на денот очите ги чуствувам како изморени и си ги ставам старите наочари.
Здраво Еве веќе недела дена како левото око ми трепери. Долниот капак под окото трепери,дури се забележува кога ме гледа некој. Ќе нема некое време п пак почнува. Досега вака ми се нема случено. Немам проблеми со вид и слично. Од што може да биде така?
Тоа е нервот, може да биде од многу причини, најчесто од замор на очите, сувост на очите, премногу консумирање на кофеин, стрес. Земај магнезиум и б6 подолг период.
Можеби е и замор ,работам по 8 часа на компјутер дневно а и стресен период некако поминав. Не го можам магнезиумот ниту во бременоста а б6 ќе пробам .
И јас денес прв пат цилиндар ставив. Ич не ги осеќам лагодни, глава ме боли, малце и ко да ми се лоши. И плус ги осеќам како изморени очите, исто ко кај тебе. Некое такво глупаво чувство. И јас сакам да ги ставам старите наочари, иако ми се слаби и не гледам баш најчисто со нив. Но колку побрзо се навикнам на овие, толку подобро. Иначе имам прилично висок диоптер, - 2.50 на двете очи, плус цилиндар на левото око.
Пробај да ги одмараш очите остатокот од времето кога не работиш на ком. Носи ги цела недела, за една недела би требало да се прилагодат очите. Јас еве веќе околу два месеца ги имам и не можам да се прилагодам на нив, не знам зошто дали ми се премногу јаки и поради тоа не ги носам постојано, планирам пак да посетам офталмолог. Исто и јас имам голем диоптер на левото око -2.00 а на десното -2.75 плус цилидар на десното. Кога ќе ги извадам наочарите како многу да ми е намален видот, воопшто не можам да функционирам без нив, а пред тоа пак гледав по нормално. Сакам да прашам дали е можно ова, на последниот преглед диоптерот ми е -2.00 на левото око, а на претпоследниот -2.25. Дали е можно такво нешто?
Не се секирај колешке ево јас почнав со 2 диоптер на двете очи и сега за 2 години едвај ми се направи 4 и ми рече дека е нормално.. После 6 било дегенеративно и не се поправало со ласер. Ми е страв и мене бар уште некоја година да издржам па да ми се стабилизира
Над 6 ми е, со 6 и почнав на факс, затоа и ме фати страв, ептен веќе не гледам без помагала, се приметувам и сама дека ако извадам наочари/контактни леќи катастрофа ми е видот... Јас знам дека прават ласерска операција и за поголем диоптер ама за тоа не сум размислувала уште, секако не ми е стабилен диоптеров...
Не знам мене така ми рече и се преплашив а и јас мислев дека прават и на многу поголем диоптер. Јас викам да издржиме уште малце после мислам дека ќе ни се стабилизира.. Барем нема да сме цел ден на книга. Сега баш ми рече мајка ми да сум купела капки колку толку ќе смени.