Zdravoo, mi se pojavi nesto ko crvenilo na dolniot kapak pred tri dena. Prvicno mislev jacmen deka ke se formira ili deka sum se izgrebala slucajno. Ama ne se formirase nisto, si ostana taka kako crvena damka. Dali bi znaele sto moze da e? (se javiv na oftalmolog termin za nedela dena, a jas panicam )
Здраво на сите. Навистина ми е потребно мислење. Мајка ми (40 год) пред еден месец чувствуваше како боцкање со игла во левото око, па беше на очно случајно и го мереа очниот притисок и се покажа дека и е многу висок. Откако се покажа дека има висок очен притисок и дадоа капки за да и го средат, откако почна да ги користи капките имаше проблем и со крвниот притисок знаеше да и се крени и до 160/140 при што и ги заменија капките со други, па вторите со трети и сето то траеше цел месец и фазла. Сега од третите капки и се крева крвниот притисок, има неподносливи главоболки во пределот на тилот и слепоочниците и секое утро се буди целата отечена. Некој да се соочил со истиот проблем? Од што можи да е? И каде да се обратиме за да го средат проблемот?
Девојки дали постои "лек" за мрзливо око кај возрасен? Јас од мала имам проблем со тоа, но како што стареам повеќе ми се познава, посебно кога сум уморна. Најмногу на слики ми се приметува кога гледам директно во камера. Многу почна да ми смета, срам ми е луѓе директно во очи да ги гледам. Диоптер немам. Отидов во систина, ме прегледаа, ми рекоа дека не е страбизам, дека не ми се приметува и толку беше..
Прочитајте на гугл причини. А кај помали деца знам дека со наочари и одредени вежби може да се поправи.
Heyy sestra mi imase ambliopija t.e. mrzlivo oko kako mala. Skoro dve godini mislam deka i go pokrivaa zdravoto oko za da se zajakne mrzlivoto isto pravese vezbi sekoj den, se sekjavam samo na edna so moliv i go doblizuvase i oddalecuvase od nosot. Sigurna sum deka sega onlajn mozes da najdes vezbi za zajaknuvanje no ne znam kolku bi ti pomognale poso si vozrasna.
Здраво. Сакам да прашам тука дали трепкање на очи може да значи проблеми со видот и дали ако се чеша, се работи за дете 4год, може нешто од ова да биди. Гледам вака светлина му смета, но не знае да каже како му е видот пошто е мало, не го боли колку покажува вака, нема кажано ни глава дека го боли. Посебно имам забележано на едното око ко повеќе да трепка, ќе направиме брис, однесено на очен ни пишаа капки и може да е вирусно. Видот следно ќе се провери пошто малце да се смири окото со капките. Ни е спомнато дека може да е тик дека само ќе се повлечи, меѓутоа си мислам и нешто со очите да не . Не ми изгледа како тикови вака, не прави некои фаци само си трепка и се чеша. Совет..
isto, mene cesto mi smeta koga sum na komp koga rabotam neznam toa kako da go sredam bev vo privatna mi vikaat nemas nisto i ne mi najdoa nzs sto da pravam..
Колку време после ширење се враќаат у нормала зениците? Вчера ми ги ширеа денес уште матно гледам пред себе и имам главоболка.
И јас денес бев на преглед и ми кажаа диоптер -0,50 а цилиндер -01 така нешто беше и дали требат да се носат очила ми дадоа незнам што да правам испаничена сум до сега никогаш во животот не сум носела
Здраво, дали некој има дете со нистагмус? Има тема за тоа но не е активна ... Доколку некој сака може и во порака да ми пише.
Ме боли левото око, на капакот горе некаде накај средината, ме боли кога го допирам(стискам) за чешање. Па и на допир на перница. Немам црвенило, оток или проблем со вид. Што може да е и што можам да ставам? Имал некој нешто слично?