Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Очни болести

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од GirlLove, 12 јануари 2010.

  1. Vekap

    Vekap Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2017
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво, пред некој 3 4 месеци почнав да осеќам проблем со очите и отидов на преглед и не е можно да ми кажаа за волку краток период да имам асигматизам на левото окото познато како цилиндар ..а пред тоа ниту од раѓање ниту од други повреди немав ваков проблем ниту генетски не е поврзано да бев од раѓање ќе се видеше тоа со тек на годините јас немав никаков проблем ..и сега не ми е јасно сакав да прашам од што може да се добие тоа со цилидар за краток период и што значи асигматизам на лево око 170? Дали некој знае?? ви благодарам се извинувам тоа е оската 170 а цилиндар -1.0
     
    Последна измена: 27 ноември 2024
  2. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Побарај и второ мислење за нештото ама кај некој добар очен лекар, многу има што грешат
     
  3. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Има некој што знате каде можам да земам наочари +0.25 за поефтино?
    По очниве кај што правев преглед 3000 само за стакленцата ми побараа...
     
  4. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    364
    каде беше на преглед ? закажи си во систина на преглед ќе ти направат убаво преглед на предно и задно очно дно. а @Its_me готови наочари по аптеките, на пазар обично има
     
    На Its_me му/ѝ се допаѓа ова.
  5. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    11.670
    Дали имате искуство со операција за катаракта (перде) во Промедика ?
    Имаат една операција од 29к а друга од 43к, по око. Што е разликата, во леќата или во тоа кој доктор те опрерира?
    Кај Трпеновски знам е најскапо и најдобро ама па зарем другите доктори не им се добри?
    Патем дали соработуваат со фондот? Колку време се чека?
     
  6. Vekap

    Vekap Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2017
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јаа сум од струмица бев на очната докторка масева
     
  7. Vekap

    Vekap Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2017
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Да, а вие да ми препорачате некој доктор очен ?
     
  8. Vekap

    Vekap Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2017
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    И дачи тоа се лечи мора ли да носиме очила и јас го имам истиот проблем ..се надевам постои решение целосно да се лечи овој проблем,, и јас носам очила ама само 2 недели скоро е, и не сакам да носам па освен да не носам што би можела да направам операција или што :/ ? некако друг лек за тоа има ли? а исто и мене ми е матно без очила ама не многу најверојатно од асигматизмот
     
  9. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.107
    Пол:
    Женски
    Само да споделам едно искуство, денеска бевме во Ремедика кај Др Ванчо Биковски, значи незнам катастрофа жива. Идеме за акутна промена на окото од висок притисок, дамка и болка. Ни мери диоптрија, му викам докторе за друго дојдовме. Ми вика за друго на клиника. Хаха и вика на мајками земи од пазар наочари за блиску. Му кажувам за проблемот загрижена дане прогресира видот дане се изгуби, нервот. Он ми вика еее де и јас низ пајажина гледам.
    Не е ништо проблем само губењето време и нерви и пари. Така да ако имате проблем на друго место решение да се бара. Убав ден
     
  10. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    Висок притисок на око ито како е огромен проблем. Се надевам дека отидовте после тоа некаде на преглед. Запознаена сум со глауком, баба ми имаше.
    Патем со син ми сум била за преглед на очи во систина задоволна сум. Одете таму или во таа како се викаше клиниката што е само за очи.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.107
    Пол:
    Женски
    Наутро бевме до Железара, и докторкава вика одлепување на стаклесто тело и нервните завршетоци има благи оштетувања и вика капки и да видиме после 6 месеци дали ќе прогресира, ми се гледа како глауком. Нема очен притисок и беше во ред. Прашав за операција нешто ми се сврти вика старост не се оперира јас исто имам точки во вид. И некако викам луѓево имаат проблем значи неможеш да ги прашаш. Океј ај викам второ мислење ремедика, уште поголема катастрофа. Немам коментар незнам. Кај Фани сум била за мене во Систина некако ме има протрчано исто со проблем бев некој, повреда имав. И незнам каде да одам, најзадоволна од Ристовски ама ред мн се чека а несакам да ја оставам така сепак е 62 години не е незнам колку жената стара.
     
  12. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    Не е ич стара. Незнам за какви точки стснува збор,ако се како црни точки има такви и мајка ми,а исто и пријателка која е доста помлада. Јас исто гледам како една дамка прозирна со едното око бев на повеќе места сфатив дека најбитно е да ти е во ред очниот нерв. Ако тоа ти е добро нема гајле другото. Мислам дека за проблемот на женичката се потребни два вида на капки и мора да се стават постојано. Ако некогаш ве однесе патот на кај Охрид, одете кај др.Виолета има приватна ординација со современи апарати и од неа може да побарате совет. Јас син ми го однесов Систина за второ мислење и двете беа усогласени.
     
    На WhiteCat33 и Ladyme им се допаѓа ова.
  13. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    @Ladyme јас имам 43г и веќе 2 години имам глауком. Во 8ми септрмври одам на прегледи кај Лазарова, ама сум поминала скоро кај сите по еднаш, бидејќи често правам контроли, видни полиња и ОСТ. Сите до еден се ок. Заради возраста ми закажуваат на секои 2-3 месеци мерење. Ти ги препорачувам. Мене ме води Лазарова, ама кај било кој можете да одите.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.107
    Пол:
    Женски
    Неа очниот притисок и е во ред, вчера кога и се појавила точката мерела крвен притисок и бил 160 со 100 обично има 110 со 70.. Дали тој направил некаков проблем двајцата доктори викаат нема врска ама не ми е јасно зошто се покачил и тогаш се појавила таа точка и вика ми шета како гледам лево десно.. Доста е голема како мува вика на 5 - 10цм да ми е блиску на видикот. Ќе видам ајде уште ехо некое рекоа да се направи. Ама сепак не мислам да ја оставам така. Само да ве прашам снабдени се со апаратура во осми септември?
     
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    14.509
    Пол:
    Женски
    а освен притисокот некои други проблеми имала од вчера?
    Инаку за во Железара зборат дека има супер апаратура и дека др Лидија е многу добра
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    14.509
    Пол:
    Женски
    очно дно и гледаше?
     
  17. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.107
    Пол:
    Женски
    Да јас му реков на докторот од Ремедика, вика ај ако ќе направиме ако сакате. И гледаше со еден рачен апарат. Вика нема ништо. И не ни даде ни капки ништо само одреди диоптрија и демек идете на клиника на ехо и компјутер.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.107
    Пол:
    Женски
    Незнам она ја стави изгледа на компјутер рече одлепено стаклесто тело и нервни завршетоци оштетени на некое место и ни даде капки.. Некако дрско рече дека големо чудо она од 22 години имала точки во видот мајками имала 63 била стара и нормално било да живее со нив што сме се успаничиле, ја прашав дали има некој ласер нешто што може да го среди тој дел и вика старост се оперира? и заминавме.

    Не друго ништо освен притисокот, бев и на интернист со неа. Незнам искрено, ми останува да видам уште едно мислење.