1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Очни болести

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од GirlLove, 12 јануари 2010.

  1. ilovecupcake

    ilovecupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    77
    Пред некој ден осетив на левото око некои пулсирања, незнам точно како да ги објаснам .. Дали е некој од мускулите таму или незнам, меѓутоа не е константно тоа, само повремено. А немам воопшто никаков проблем со видот, не носам ни наочари. Му се случило нешто слично на некој?
     
  2. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Не се плаши, мене тоа ми се случуваше цели 5 месеци без прекин.. Нема простор за паника, тоа е зашто ти игра самиот нерв :*
     
    На ilovecupcake му/ѝ се допаѓа ова.
  3. beliver

    beliver Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    денес бев а очно и ми кажаа дека трба да носам наочари со цилиндар. Што е тоа цилиндар се познава ли на наочарите? На едното око е -0,75 а на другото -0,50 ?
     
  4. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    I jas imam strabizam na levoto oko. Eden den mi e normalno naredniot den mi e zavrteno navnatre t.e nakaj nosot. Ili pak moze da se pogodi nekolku dena po red da mi e normalno :)
     
  5. joanna90

    joanna90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    31
    Бидејќи прочитав многу членови тука кои имаат проблем со страбизмот, а знам и дека многу други нечленови читаат, ќе го споделам моето искуство со страбизмот па се надевам дека ќе му помогнам некому.

    Имав страбизам од 2 годишна возраст, оперирана бев еднаш на 5 годишна возраст. По таа операција имаше подобрување, но пак имав страбизам, конкретно левото око ми одеше накај внатрешноста. Кој ја има болеста знае како е да се расте со нејзе, посебно во пубертет децата знаат да бидат многу потсмевливи и зајадливи. По првата операција мислевме дека тоа е тоа, максималното подобрување што можеше да се постигне кај мене, се додека не го прочитав мислењето на форумов на Есперанса, која пред една година се има оперирано од страбизам во Европската очна болница. Таа ми даде надеж дека може се да биде во ред, и дека можеби ќе дојде ден кога ќе можам да ги погледам луѓето во очи без да се срамам
    Решив да ја направам операцијата, се мислев меѓу Свети Вид во Белград и Европскава болница кај нас. Бев во Белград на преглед ама воопшто не бев задоволна од нив, така да закажав операција во Скопје. Таму на сите пациенти им гарантираат 90% успешност. Тоа што посебно го почитувам кај тамошниот доктор е тоа што тој се нафаќа да го оперира пациентот бесплатно (втората, третата итн операции) се додека не се постигне саканиот резултат. Иако јас ве уверувам дека кај нив се се решава со една операција, навистина се врвни специјалисти што си ја знаат работата.
    Операцијата започнува со крвна анализа и советување со анестезиолог, кој мене ми препорача општа анестезија, иако операцијата може да се изведе и со локална. Потоа пациентите ги качуваат горе на спрат каде што ги прегледува докторот хирург и не сместија во соби. Кога дојде ред на мене, искрено едвај чекав сето тоа да заврши, повеќе бев возбудена за тоа што ме чека после операцијата, отколку да се грижам како ќе помине.:) Операцијата трае меѓу 40 мин и еден час. Кога се разбудив ме пренесуваа во соба, оперираното око ми беше преврзано, а болки не чувствував. Значи операцијата не е воопшто страшна, ве заспиваат и се будите, и тоа е се :)
    Терапијата почнува неколку часа по операцијата, со неколку вида на капки на секој час. Е сега мене кога ми го отворија окото, ми беше минимално отворено, отокот беше голем, и воопшто немав белка, целото око ми беше бордо, темно (црвено) крваво. Тие се помалку пријатни моменти за памтење ама сепак се забораваат. Најтешки се првите 2 недели од операцијата, каде што е забрането гледање ТВ, туширање е дозволено од врат надолу итн.
    Нај"тешкото" да кажам е чешањето на окото, на моменти е повеќе отечено и поцрвено, на моменти изгледа подобро и така се во круг. Првите 2 недели не можев ни да погледам ни лево ни десно, ја вртев целата глава, а не погледот. Инаку заборавив, операцијата не е ласерска, има конци во окото кои сами паѓаат по 2 месеца, но не се познаваат и не сметаат ништо, освен првите денови по операцијата.
    Терапијата се става месец дена кога се оди на контрола. По таа контрола веќе почнав да изглегувам надвор, да се враќам во нормала.
    Инаку да напоменам дека процесот на враќање на окото во нормала е доста долг, црвенилото и отокот навистина долго траат. Мојата операција беше пред 3 месеца а окото уште ми е подзатворено и бледо розево. Но, со текот на времето ќе биде како што треба :)
    И на крај секако да кажам за резултатите: ЈАС СУМ СЕГА НАЈСРЕЌНАТА ДЕВОЈКА НА СВЕТОТ :) Сите што го почуствувале тоа на своја кожа знаат колку е тешко, но не можете ни да замислите колкаво олеснување е. Кога одам по улица и ќе се сетам дека нема зошто да се кријам си се смеам сама :lol: Овие три месеца како заздравува сум се повеќе задоволна, нон стоп сум пред огледалото и не можам да си поверувам дека конечно ми се допаѓа тоа што го гледам. Многу сум посамоуверена, а верувам дека во иднина ќе бидам и уште повеќе :))) На контролите ми кажаа дека се е во ред, страбизмот ми е отстранет и двете очи ми се прави. Верувајте нема поголема среќа од тоа да го слушнете, а уште повеќе и сами да го видите :)
    Извинете за огромниот пост, кој сака нека ми пише порака, ќе му пратам и слики да види.
    Инаку веројатно ќе ве интересира и цената, 2000 евра е со општа анестезија, а 1500 евра со локална. Се оперира по едно око.
    Навистина им посакувам на сите што го имате овој проблем што поскоро да си го решите, верувајте ќе се чувствувате како нови личности. Ако се мислите за операција јас најискрено ви ја препорачувам, парите се собираат и се трошат, ама тоа што ќе го добиете со неа нема цена. :)
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    Дали некој знае да ми каже колку пари е во Систина очниот преглед? Многу фала :)
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Баш пред некој ден бев на преглед. А прееска видов на листот, дека дијагнозата ми е астигматизам.
    Не знам дали е на двете очи. Левото око ми е -0.75, а десното око ми е -0.50. Наочари носам скоро 3 години. До сега читав на интернет нешто за астигматизмот... видов дека се отстранува ласерски и слично. Сакав да прашам, дали со астигматизмот ќе треба цел живот да носам наочари или се трга? На пример кога ќе ми помине пубертетот, нешто... или јок?

    И да... пред едно година дена, лекарката ми даде да пробам цилиндрични очила. Јас ги пробав и се чувствував ко изгубена во просторот, не се чувствував удобно, воопшто. Дали можеби ако ги променам очилата, ако ставам цилиндрични стакла, ќе ми биде полесно...?
     
  8. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Никогаш до сега не сум имала проблем со очите,но веќе 5-6 месеци бидејќи многу учам чувствувам дека многу ме болат очите по само еден час читање и ми се темнат буквите и тоа ми се случува само додека читам,а онака немам никаков проблем. Размислував да земам од оние очила што се за одморање на очи со заштита па да ги носам само додека читам,но не знам дали тоа би ми помогнало и дали е добро решение?
     
  9. loveisshit

    loveisshit Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    26
    Имам страбизам, само едното око на моменти ми бега. Кога сум била мала сум носела наочари, сега веќе не. Иначе страбизамот може да се корегира полесно кога си мал и тоа со мн едноставни вежби, со цел да ти зајакне очниот мускул. Воопшто не го сметам за проблем, можам да се контролирам и сум навикната понекогаш да избегнувам контакт очи во очи. Имам убава форма на очите и зелено-сина боја. Сите ми велат имаш преубави очи, а никој не ми го забележува проблемот, вешто го кријам :$
     
  10. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    700 или 1200 со ширење зеници.позз
     
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    значи вака ..ова ме загрижува ми се случува околу 3-4 пати...

    Како да ме стега некој на тилот, да ме боцка...и тоа како да ми се изразува на окото мислам некој ми го тегле окото навнатре и толку многу ме боли,кцка,како да ме потчукнуваат внатре во окото...тоа трае околу минута. Инаку додека тоа трае гледам со окото не ми пречи-не ме прави "слепа" .

    Дали е некаков симптом...му се случило некому?
     
  12. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Здраво дечки , сакам да ве прашам бидејќи почина мојата докторка кај која одев на контрола во Прилеп, имам инаку стребизам и ме интересира дали знаете кој е добар доктор во Скопје за очни болести ?
     
  13. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Здраво, Дали некој знае некој лек за глауком - очен притисок. Се работи за таткоми има очен притисок еднаш е направен операција и сега повторно му се појави, капи и капки, но тоа ништо не му помага. И некој добар лекар да ми препорачате ? Фала однапред.
     
  14. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Се прави операција за очен притисок? Во која болница? Колку се плаќа? Ако може некој да ми објасни...
     
  15. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Да се прави операција за очен притисок, во сите болници прават, во државниве ги прават со анестезија и со сечење, а во приватниве има и со ласер, колку пари е незнам, татко ми правеше операција пред 5 години со анестезија и сечење и лежеше една недела на болница , после тоа на 3 месеци оди на контрола.
     
  16. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Операција за очен притисок? Да не мислеш операција на катаракта (перде)?
    Таа се прави со сечење или ласер.
     
  17. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87

    Операцијата за глауком се прави со цел да се ослободи од интраокулрниот притисок ако тој е преголем или пак ако болката е неподнослива. Но во најголем дел од случаите притисокот се контролира со помош на медикаменти. Ако притисокот е преголем мора да се прави засек, ласерот не помага.
    Но најдобра проценка на случајот и на третамнот на истиот ќе ви даде вашиот офтамолог.
     
  18. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    А што е медикаменти? Извинете што прашувам многу, но имам висок очен притисок и големи болки, а докториве ништо не ми кажуваат...
     
  19. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Медикаменти е лекови. Офталмолог ги препишува.
     
    На lightning123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Направен е операција како што кажав пред 5 години, и прима лекарства, но последнава недела му е многу висок очниот притисок, ни лекарства помагаат ништо и секој ден оди на лекар да му го мерат притисокот.