... би рекла инфекција на око, највероватно од шминка или од често бришење/чешање на окото со прсти што доаѓа до инфекција, очен антибиотик во вид на капки би завршило работа и масте навечер, но по правило би требало да се земе брис од тоа бело лигаво и да се види која бактерија е одговорна за инфекцијата со укажување на соодветниот антибиотик кој ја покажува стерилноста при микробиолошкото испитување на брисот...
Не можам да најдам соодветна тема, па тука ќе прашам. Каде купувате очила со диоптер? Ми требаат за блиску и за далеку, ама скапо многу, рамки под 3000 нема, два пара+стаклата+заштита за сонце= еден бубрег. Сите оптики низ центаров ги пројдов.
Оквири купи си од Бит Пазар, ке најдеш и за 300-500 денари. Ако носиш секој ден, ке ти ги направат комбинирани (и за блиску и за далеку). Ако ти требаат само за блиску (ова најчесто повозрасни луѓе кои имаат намален вид од годините) и само за читање, тогаш можеш и стакла да ставиш, поевтини се. Ако имаш диоптер и си помлада, тогаш пластифицирани стакла ти требаат (потенки се, естетски поубаво изгледаат и полесни се - ова особено ако ти е поголем диоптерот). Заштита за сонце нема, имаш заштита за компјутер (има за 1000 денари, ама има и од 50-100 евра, и ова може ама и не мора) и фотогреј (ако си забележала оние очила што потемнуваат кога ке излезеш надвор). Тоа што велиш ти заштита за сонце, може да ти изработат очила за вид со оние темни стакла што штитат од сончеви зраци (УВА и УВБ) ама таквите очила нема да можеш да ги носиш внатре, само за надвор се. И да, мнооогу се скапи.
За мајка ми барам, еден пар за блиску и еден за далеку. Го имам рецептот па сакав да ја изненадам со саглам квалитетни наочари ама се изненадив од цените во оптиките. Тие универзалните и за блиску и за далеку не доаѓаат во предвид затоа што ми побараа 10 000 само за стаклата. За блиску стаклата се околу 700ден а рамка каква ќе одберам( обичните како жица што се тенки се од 2000 нагоре) а тие за далеку сакав да бидат поквалитетни со ува, увб заштита и фотогреј ама скапиииии. Понеделнички ќе одам на пазар да се распрашам таму. Идејата ми беше да одам во некоја оптика и да платам а она само да си одбере рамки и кога ќе бидат готови да си ги земе. Она има и друга состојба на едното око па пожелно е да имаат фотогреј, ама не сум спремна да платам 200 евра за наочари. Останува на пазар да видам. Фала ви за советите.
На пазар само рамки, оние спремни очила - никако. Фотогреј е околу 50 евра, цена за изработка на стаклата е горе-доле иста цена во сите продавници, заштита од компјутер околу 50 евра (ама ако ти е скапо не мора, освен мајка ти ако работи на компјутер). Во принцип рамките се најскапи, а било какви рамки ке завршат работа, затоа и ти велам да провериш на пазар и да купиш некои евтини, за стаклата нема бегање - таа е цената. Сепак очила се нужно зло, нема бегање од трошоците. На тема рамки, неколку девојки имаат купено од бит пазар, цени од 200 до 1000 денари, рамките изгледаат одлично и со квалитет се океј. Девојка која купи рамки од 4000, пак, е крајно незадоволна, за неколку месеци почнаа да и се лупат. Еве во Бела Виста има оквири од 1000 денари нагоре. Спојлер https://www.bellavista.mk/opticframes-DCarlo 212-00199 https://www.bellavista.mk/opticframes-Oxo Regular 2000-00187
Фала @Rebecca_R Денес бев во Буњаковец ама не се качив горе. Гледам на фб дека Бела Виста имаат попристапни цени, ќе ги проверам во понеделник.
Бев пред oкoлу двa месеци нa oчнo и ми рекoa декa немaм никaкoв прoблем. Нo, вo пoследнo време имaм зaбележaнo пoгoлем oтсјaј нa некoи пoсветли предмети. Кo зa бељa целo време нa тoa мислaм и гo зaбележувaм, кoгa ќе пoдзaбoрaвaм не гo зaбележувaм тoлку. Другo вaкa дoбрo си гледaм. Имa ли пoтребa пaк дa oдaм нa oчнo?
dali ti smeta belata boja? opsto koga sedis na kompjuter i ima bela pozadina. ili gledas vo beli predmeti,svetlinata od neonka svetlina od telefon dali ti smeta ?
istoto i mene mi se sedava. bev na ocen lekar 2 pati me proverija samo dali gledam na daleku i odblisku ama na aparat ne me stavia posto mu bese rasipan -_- gledam i daleku i odblisku ali mi smeta svetlinata posebno bela svetlina.
Кaј oчните лекaри кaј нaс, мнoгу честo мoже дa нaидеш нa oнa: Апaрaтoт не рaбoти, Не ни е тукa мoментaлнo и сличнo. Инaче јaс си земaв нaoчaри сo UV зaштитa и имaм приметенo декa светлинaтa штo ми сметa oд стрaнa(гoре, левo, деснo)јa регулирa и сo нив не ми сметa вooпштo. А не знaм зa oтсјaјoв. Некoи ми велaт нoрмaлнo е дa имaш oтсјaј нa предмети штo се мнoгу светли, aмa мислaм декa кaј мене е изрaзен пoвеќе oд штo требa.
После ова бев и кај друг очен доктор, и тој ми кажа дека сѐ е во ред. Јас си го препишав на психа, бидејќи кога не мислам на тоа, не го ни гледам. Е сега ти најубаво ќе биде да си посетиш очен лекар, јас не можам точно да ти кажам што ти е.
Здраво драги членки сакам да прашам дали страбизам е наследна болест на пример ако еден од родителите има страбизам дали детето може да се роди со истата болест,дали мора да значи дека детето ќе го наследи тоа?
Ај овде ќе прашам. Добар очен лекар на приватно кај што не е прескапо? За одредување диоптер ми треба.
Zdravo sakam da prasam ima li nekoj koj pred sebe gleda crni tocki kako lebdat i svetlosni mali tocki ?