1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оштетена и виткана коса

Дискусија во 'Коса' започната од Emmie, 10 септември 2011.

  1. Emmie

    Emmie Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Луѓе, јас имам природно виткана коса. И бидејќи подолго време ја пеглав таа ми се оштети. Потоа ја скратив и малку од малку ми се обнови. И пошто сега сакам повторно да ја пеглам, но да не ми се оштети може ли да ми кажете што треба да ставам пред да ја пеглам и да не се оштетува ? И ако некој пробал некој шампон или нешто слично за исправување на косата без преса што стварно делува и изгледа како да е пеглана со преса, ве молам да ми кажете и да ми пратите слика од тоа што го користите, а може и линк.

    Исто така ако некој користи некое сретство за против оштетена коса (значи да си ја излечам косата од изгорениците од пресата) ве молам да ми пратите слика или линк од тоа и да ми кажете дали навистина делува. Ви благодарам однапред. :)
     
  2. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Оштетена и виткана коса.

    Пред пеглање ќе ставиш силиконски капки. Со пеглата нема да поминуваш по сто пати еден прамен, еднаш или два пати само. Потруди се што помалку да ја пеглаш, немој секој ден, еднаш неделно или два пати ако е потребно.
    Наместо да ја гориш со пегла, ќе се искапиш, ќе си сплетиш плетенки и ќе преспиеш со нив. Утредента косата ќе ти е многу убаво виткана, а бидејќи ти е природно виткана, подолго ќе ти стои. ;)
     
  3. Emmie

    Emmie Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Оштетена и виткана коса.

    Инаку не ја пеглам секој ден. Еднаш неделно ја пеглам но се оштетува. И ќе можеш ли да ми дадеш линк од слика од силиконските капки ? За да знам кои точно да ги купам. :) Инаку ти благодарам за советот.
     
  4. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Оштетена и виткана коса.

    Имаш тука тема за силиконски капки, разгледај и одлучи сама кои ќе си ги земиш.

    kosa/silikonski-kapki-za-kosa-t2340/
     
  5. mrslipgloss

    mrslipgloss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Оштетена и виткана коса.

    Истиот проблем го имам и јас.Мојата коса е виткана а кратка.Неможам да ја носам кратка виткана бидејки неубаво стои, бидејќи имам голем волумен а кратка коса :worried: Јас ја пеглам косата 2-3 пати неделно, но не ми гори многу бидејќи користам спреј за заштита на косата од горење и полесно обликување од авон.Не е многу скапо а е многу ефикасно.Пробај го :D eве ти линк како изгледа http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 0,s:0,i:54 :D
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Оштетена и виткана коса.

    Леле луге никако не ставајте силиконски капки пред пеглање, тоа ти е исто како масло да и клаваш и потоа ја пржиш. Пстојат специјални средства за заштита од топлина, најдостапно моментално е она од авон, другите потешко се наоѓаат.