1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ПЛАНЕРИ

Дискусија во 'Канта' започната од theunforgiven, 22 јануари 2018.

?

Дали имаш планер?

  1. Имам

    2 глас(а)
    50,0%
  2. Немам

    1 глас(а)
    25,0%
  3. Имам, но не ми се допаѓа

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Немам, но би сакал/а да имам

    1 глас(а)
    25,0%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.150
    Во светски рамки, веќе долго време се популарни персонализираните планери.
    Станува збор за еден вид на нотеси кои се однапред отштампани со разни дезени. Во нив можеш да си ги планираш нештата на годишно, месечно и дневно ниво. Еден вид на календар на многу покреативен начин.
    Со еден збор - креативно хоби.
    Се употребуваат стикери, цртежи, washi tape (хартиени селотејпи во разни бои и дезени). Постојат листи на кои си ги запишуваш најважните нешта за тој ден/месец, нештата кои МОРАШ да ги направиш а да не заборавиш на тоа (потсетник), листа на омилени/гледани/планирани филмови/серии, песна на месецот, заведување на секој преглед кај лекар... И разно-разни додатоци.

    Постојат различни варијанти. Едни се поскапи, други поевтини. Некои, планерите си ги изработуваат сами, сами цртајќи си ги графите. Други, пак, си наоѓаат веќе готови шаблони на интернет, ги принтаат и си прават планер. Трети, си ги купуваат готови.

    За пример, еве еден од најпопуларните планери: The Happy Planner:
    [​IMG]


    А еве како (отприлика) изгледа потполнета страница:

    [​IMG]


    Веќе гледам дека и во Србија и Хрватска постојат готови варијанти на планери на српски/хрватски јазик. Кај нас, изгледа дека вакво нешто нема, освен оној ПЛАНУМ на издавачката куќа ТРИ кој е нешто ново, меѓутоа е направено на некој малку поразличен начин.


    Интересен начин за да се потполни слободното време, да се потроши креативноста и да се испразниш, истовремено планирајќи си и запишувајќи си ги сите нешта кои што не би сакал/а да ги заборавиш.
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Bullet journal?
    Ако да, го почнав од годинава. Имав голем ќеф да го направам, е сега за користење и не сум некој фан.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.