ПМС (Предменструален синдром)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од srnicka24, 22 февруари 2010.

  1. srnicka24

    srnicka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    32
    ajde devojki me intresira kako se osekate koga ste vo pms? ja pocnuvam temava zatoa sto kaj mene ima golemi promeni...mnogu zasileni emocii...me tera na placenje nervoza i depresija..so site se karam...mi se jade mnogu...
     
    На angel82-gabriel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srnicka24

    srnicka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    32
    i dA DODADAM DEKA DECKO MI MI VIKA DEKA SUM NEPODNOSLIVA :?
     
  3. divine

    divine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    21
    isto custvuvam i jas , i se karam bez pricina se mi smeta nekoj ako mi se razvika i za najmala sitnica odma placam , neznam glava me boli se mi e tapa , ama pominuva koa ke dobies se pominuva , mene deckoto me razbira i togas vika aj ke pomine i ova! :P
     
  4. srnicka24

    srnicka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    32
    i jas mu vikam koga sum vo pms da ne mi zameruva sto sum negativna i se karam...stvarno go zalam..greota...ame veke otrpnuva :D :D :D
     
  5. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    14.483
    ПМС? Ноќна мора :)
    Не само за мене, и за околината.
    Прво, само нешто кенкам. Второ, ми се јаде се’. Можам и коњ да изедам. Нервозна сум и менувам расположенија како камелеон. Ми се плаче на фотографии, на глупави филмови. Еднаш се расплакав на Енимал Планет, спасуваа некоја панда, и плачев ете, така. Од ПМС моменти.
    Главата често ме боли, половината, се чувствувам надуено, а бре просто невозможна сум тогаш. Цицките ми стануваат балони ипол ( а и без тоа ми се прилично големи :? ) и не можам да спијам на стомак.

    Сега кај и да е ќе почне таа голгота... Имам среќа што дечко ми е душа, па ме гали и смее тој период, инаку не знам што ќе правев, ќе се тепав со него.
    Многу ја мразам таа процедура бе :) Болки, плачки... Ах.
     
  6. ss80

    ss80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Uf, ic ne mi e lesno vo PMS periodot-mozam da kazam deka 10 dena pred da dobijam patam od ovoj sindrom-gradite nepodnoslivo me bolat (ovaa bolka moze da se regulira so pienje redovno na vitamini od Natural Wealth: Evening Primrose Oil) - jas veke godina dena gi pijam i mi e super-vbo odnos na bolki vo gradite-opsto deluvaat na PMS pozitivno i imaat blagotvorno dejstvo vrz noktite, kosata i kozata. Inaku, ne mi pominal nitu eden ciklus bez Ketonal 100 mg - imam mnogu golemi bolki...
     
  7. srnicka24

    srnicka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    32
    болки немам ама сум во тешка психичка состојба...се живо ме нервира...имам 24 год а плачам како пубертетлика...срамота
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.250
    И јас немам болки за време на циклус, дури можам да кажам дека полесно поминувам низ циклусот отколку низ ПМС. Го мразам ПМС :!: :!: :!: Значи да се надоврзам на претходниве девојки и јас имам многу лош ПМС. Се живо околу мене ме нервира и за најмала ситница сум кавгаџиски настроена. Ме маваат некои тешки филмови кои полека преминуваат во депресија која пак ја лечам со купишта чоколадо,слатки,сладолед... :? ;( Сето ова е пропратено со неподносливи болки во глава и неизбежната болка на гради. Значи едвај чекам да ми дојде и конечно да завршат сите овие тортури. :)
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LaFille

    LaFille Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    51
    Јас немам проблеми со ПМС...ама тие околу мене имаат :lol: како последница на мојот ПМС :lol:
     
    На Jule.Sk и Marence.D им се допаѓа ова.
  10. srnicka24

    srnicka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    32
    хахах баш така :D
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.163
    Ауууу, страшна работа. Два дена пред да добијам се лигавам како тригодишно дете... плачам бе, со крокодилски солзи затоа што времето е облачно, заради гладните во Африка, озонските дупки, зошто мислам дека некој ме погледнал на криво... и плачењето крај нема...
    И се' ќе беше ок, да немав волку години колку што имам, или барем да не одев на работа... Не дај боже да имам тој ден некој состанок на кој треба да бранам став... а бе се расплакувам 100%. Минатиот месец ми се случи страшен дебакл... се разлигавив во канцеларија во моменти кога требаше да палам и гасам... лигла! Уф колку ми беше срам!За блиските - знаат веќе, и ме трпат, воопшто не ме сфаќаат сериозно! Ама ова со работава, не знам стварно што да правам.
     
  12. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    25
    Како што ме оцениле другаркиве мои,викаат дека сум со коњски живци и дека мака немам од ништо во нормален период,ама пред да добијам 3-4 дена е тоа е страшна работа.Тогаш се вампирам,и се карам и со бандерите по пат.Сестра ми се моли да ми дојде порано за да не избие нуклеарка дома.А за плачење ме фаќа само на вечер,така пред спиење една доза :lol: А на дечко ми тогаш тврда му душа :roll: А добијам и пак сум јагненце.
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Епа да почнам:

    1. Менувам расположение на секои две минути, де сонце, де облаци
    2. Се карам со кој стигнам, се изтурам за безвеза, по караницата сум мирна како бајче, се вртам и оп ете ти друга жртва. И вторава точка повторно се повторува.
    3. Не дека друг пат не јадам, ама сега и за благо апетитот ми се појавува и дома се плашат да не им откинам рака случајно :lol:
    4. Хиперактивност!!! Седење на едно место подолго од 5 минути никако. Тој што ќе ме спречи ги сносува последиците :D
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srnicka24

    srnicka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    32
    епа ај вака да се договориме..кога сме во пмс место да замараме луѓе и да и наштетуваме на околината..да си се истураме на форумов...кога е во пмс секој нека си каже што го мачи.. нека си се исплаче ем ќе си ја олесни душата ем ќе си направи муабет со луѓе што разбираат што знаЧи кога си во пмс :D ем ќе ги поштеди луѓето наоколу??? :D ааа??? :idea:
     
  15. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.443
    уф бре женишта :lol: а што викате да си се собериме сите пред пмс и да се испокараме така убаво да ни помине ? и јас се дерам се карам некој ако молчи ако зборува исто така ако се смее многу згрешил ако не се смее уште повеќе ми згрешил ако ме теши тогаш зошто ме теши кога не ми е ништо ? ако не ме теши зошто не ме теши па зарем не гледа дека ми е лошо и уште слични такви глупости кои ми ги предизвикува проклетиот синдром
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.443

    аааа не треба глас да пушта инаку ништо а типкиве на тастатурата не дека не страдаат ама не ми помагаат баш многу :D
     
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Тешко на тој прв што ќе го сретнам :worried:hock: Од сабајле му викам на брат ми,му се јавувам на дечко ми,му цимолам еден поласаат,па пискам дека нема ништо за јадење,а не знам што сакам да ми подготват...и толку.После третиот ден сум како нова :D
     
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.898
    Еве сеа имам добиено .. се лигавам на секој , или не зборам воопшто или се карам .. средина нема .. за тоа дечко ми најмногу си знае.. пред да добијам и вчера се каравме .. растур се напраивме и дека незнаеше дека добив ми вика ти забегана си бе , што ти е хахахаха .. а вчера ми вика ај добиено имаш ти се простува.. си трпат сите околу мене али дечко ми душичка е .. си го крка за џабе .. ама кој ќе ме разбере ако не он :lol:
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.674
    Лелее... ова со плачкиве не на толкаво ни во колку што е пред да добијам 4 - 5 дена.Денеска добив ама во средатапетокот... сироти луѓето околу мене... :lol: Плачев буквално за глупости...а башка и на една личност што ми е многу значајна и беше роденден,а ме повреди тоа што ни едно фала не ми пиша на мојата објава кај него на ѕид и така си плачев цел ден,а исто и во саботата...ама затоа денеска добив среќна сум си само стомакот ме боли ама ај ќе голтнам едно апче ќе се среди за пола саат. :lol: А послем плачка секогаш си ја слушам Донт вори би хепи и се расположувам :lol: :lol:
     
  20. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    72
    Ма се мразам себе си.Ми се плаче , за еден погрешен збор, јас се трескам од земја.
    Или па ме боли глава и јадам ко стока, јадам и пак сум гладна :? :? :? :?
    И со еден збор не си се сакам :( :( :( :(
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.