ПМС-пред менструален синдром Тажна сум и ми се враќаат милион слиќки од минатото. Нервознам сум премногу и сите ми се криви. А згора на се ме болат и градите,половината и нозете. Со еден збор неподнослива сум во ПМС.
ПМС-пред менструален синдром Кога ќе ми се закачи ова пред менструалниов синдром влагам у шема „доџи ми вечерас и никад више“!! Шала на страна, во овој период сум неподнослива, посесивна, импулсивна кучка! Се нешто ми смета, сите ми се криви за некои ситници. Spoiler Како на пример вчера си ги заборавив парите па дечко ми пустиот ме слушаше цели дооолги 5 минути како му се дерам за тоа дека тој е крив затоашто ме избрзал. Пустиот.. Ама за моја среќа само се насмевна и ме бакна. Имам ужасни болки во долниот дел од стомакот, грбот, нозете и за некое чудо-главата... Градите ми се отечени и премногу ме болат па избегнувам гушкање Исто така и премногу променливо расположение имам. Нешто во стил: сега сум среќна-сега сум нервозна и плачам. Секој месец сум принудена да поминувам низ овие маки... А за моја штета, не ми помага ниту апче, ниту Бог, ниту триста други светци. Епа Синтија, со среќа нека ти е наредниве 5 дена. Силна цурица си ти, ќе го препродиш и ова.
ПМС-пред менструален синдром Хахаха ме изнасмеја..ама мило ми е што не сум единствена..барем со тоа се тешам.. деновиве се чувствувам буквално како БАБА, собата ми е лом, ме мрзи било што да права и со сите се карам..се надевам дека ќе ми дојде набрзо да се спасам од макиве, плус тоа да отстранам еден сомнеж ..
а ти девојче наместо да прашуваш по форуми, да отидеше на преглед кај гинеколог(и да бараш да ти ги испитаат хормоните) оти ова не е нормално
Здраво девојки..... денес само што пристигнав од одмор, и ми се случи нешто но не знам зошто.... добив пред 3 дена,значи саботата после пладне, и неделата цел ден бев со менструација, нормална како секогаш. првиот ден многу ми течеше, но подоцна дента влегов во море , ми беа последни денови па влегов со се влошка да се избањам....утредента,значи вчера, кога станав утрото пак си имав менструација на влошката како нормално, и пак ставив влошка и влегов да се бањам, и коа појдов да ја сменам беше чиста, ми немаше протечено ич, само многу малце... и дента исто така само неколку капки,тргнав за дома,еве денес стигнав и пак само неколку капки, и цела сум омалаксана..... не знам зш вака, барав на интернет да видам дали е од промената на клима и од тоа што седев долго во море со менструација, па ми допре, и сеа дојдов тука пак сменив одма клима и лошо ми е како секогаш, малце време ми треба да се прилагодам на различна клима,... ама ме интересираше дали од тоа мозхе да ми допре, или треба да се секирам... фала
Мислам дека тоа е нормално, знае промената да влијае на циклусот така да мислам дека нема зошто да се грижиш. Ако продолжи така и понатаму ќе мора да испиташ што е проблемот.
Мојот период се одразува на моето психичко здравје. Урлам, нервозна сум, поим за вистински кретен. Другото горе-долу е океј. Трчам, можам и по дрва да се качувам, ништо не чувствувам. До сега сум немала посериозни болки (пупу), така да не сум морала ни да се клукам нешто особено со апчиња. За моја среќа, а туѓа несреќа, така стојат работите со мене и мојот ПМС. Засега..
Неподнослив... фала богу денеска заврши. А понекогаш сум многу расположена и позитивна. Кога како забегана работа...
Прво и основно јадам многу благо. Еднаш дури изедов цели 2 чоколади од по 100гр и пола тегла крем. Нервозата ме убива и се нервирам што неможам да се контролирам. Си плачам на филмови и растегам локуми по дома и сите на светов ми се криви. Градите ќе ми пукнат и ме болат. Сексот ми е многу добар ден пред да ми дојде
Ниту јас сама незнам што правам и што сакам.. ншто не ми се погодува во тој период.. еднаш ми се јаде солено следните 5 минути кисело па нареднаш преминува во благо, ненаситново јадење е проследено со огромно променливо расположение, 2мин. плачам 10 мин. се смеам.. За секој најмал проблем цел свет ми е крив.. Уморна сум ме мрзи, викам и се дерам по цел ден.. Ги жалам луѓето што се околу мене во овие периоди најискрено
Еве деновиве ме дрма најнеподносливиот ПМС!!! Глава пука а мора да се работи, концентрација нула, благо здерам ко ненормална, нервозна сум и ми се спие. Страшно нешто. Катастрофа!!! Аман да ми дојде да се олабавам. А и градиве ми се како на Доли Партон. И онака имам бааги големи гради ама сега е ненормално!! Уфф значи женско да не си!!!
И мене ме дрма пмс :geek: само некако чудно , не се манифестира баш освен што ми се јаде благо, а тоа ми е уште еден симптом не дека не ми се јаде вообичаено, ама нападна криза за благо само за време на пмс, така да само тоа, нити нешто се нервирам многу, нити пак премногу ми се спие, ништо, тапа .Што убаво рај ех да е вака нонстоп, супер би било
нервозна сум дури и најмала ситница ме иритира.. ми се јаде , ми се спие.. се осекам ко бебенце........
Епа вака девојки.....овој месец ми каснесе мн а секогас кога ми касни ме болат градите и овој пат беше така...Еве ми дојде и усте ме болат нормално од тогаш има два дена ама левата ме боли повеке незнам дали така беше и порано или само сега забелезав дека се нервирав дека ми нема дојдено.....немам ништо така се допирав исто од двете страни ама едната ме боли повеке странично....Ај плс некој слино ако има вака да ми пише..... )
Без паника, нормална појава е, се случува градите за време на МЦ дури и воопшто да не болат, но кога болат или болат двете или боли едната повеќе, некогаш е со јак интензитет, а има периоди кога е помал, све зависи до хормоните. За време на ПМС и МЦ поради хормоните кои беснеат во телото се собира и задржува водата и како резултат на тоа потекува, но најмногу градите се пунат со вода, желездите се шират и затоа болат.
jas isto se osekam,pogotovo vo period od ovulacija do menstruacija..tie denovi mi e uzas,nervozna.de placam,site i se me nervira..togas ispravam krivi drini..glava me boli nekogas polovina nekogas iznenadno bilo kade.Vnatresno se osekam cudno...,nekogas nekoi zestini osekam,duri simptomite mi se poveke od ovoj tip otkolku ginekoloski sto bi trebalo bidejki e PMS..
Кога сум во овој период,би требало на чело да си ставам предупредување -PMS-Stay away Проклет ПМС,ми прави проблеми со дечко ми а и со сите околу мене.
Порано кога некоја ќе ми речеше-Леле бегај ,во ПМС сум си велев што и е на оваа Пффф,каков ПМС па мене ми е сеедно.Навистина не ми се случуваше ништо посебно ама баш ништо. Ама веќе година два,ПМС ми наплаќа за се ! 1отина дена пред да ми дојде,се осеќам ко подуена жаба,стомакот ми е надуван,градите исто,осетливи се и на најмал допир,ме болат ужасно,половината исто.Расположение менувам,но најчесто лошо Сите ми се криви ,плачам викам,се мразам себеси а најмногу што свесно повредувам некој во моја близина ни крив ни должен Фрлам предмети и неодамна си скршив еден драг свеќник кој татко ми и го подари на мама,па плачев со денови Чувствувам дека во ПМС неможам да се контролирам ,а свесна сум за се што правам и се нервирам Неодамна го скршив дисплејот на мобилниот кој е на тач,па ми бараа 1200 ден да ми го сменат,па морав нов да купам Страшна работа.А за јадење исто-јадам и пак гладна