Познато ми е се што напиша eli25 И да,десетина дена пред да добијам се денови на ПМС,после уште 5 дена добиено...и ете ти пола од месецот како го поминуваат жените. И после,жените биле чудни.
Значи овој месец ме пукна, т.е последниве 4-5 дена. Абе тоа ужас! Значи од фаза на запаленост, поминав на фаза на ненормално јадење , па од тоа преминав на плачење неконтролирано , и тоа не знам ни за што му плачев цел саат на дечко ми вчера Па, стомакот ме боли, градите не можам да ги пипнам, ко да ме тепале се осеќам, и да, нервоза ме тепа многу често! Се на се, лошо!
а некој да каже некој ,,лек,, за ублажубање на ПМС ,,,,,,,,,ужасно чувство камо да траеше еден ден а не десетина дена
Во контекст на темава Жените се нервозни во 3 случаи: КОГА ЌЕ ДОБИЈАТ, КОГА НЕМА ДА ДОБИЈАТ, И КОГА ТРЕБА ДА ДОБИЈАТ... ИНАКУ, СЕ СКРОЗ ОК!
Моето ПМС најчесто се одликува со претераното јадење, посебно на благо.Тегла нутела е потполно добредојдена за смирување на нервите кои во тој период се и те како активни.Се околу мене ме нервира, ама луѓево веќе ме навикнаа и по првата моја постапка, знаат дека сум во таков период.Посебно тој..нејке да ме лути, да ме закача и размислува 3 пати пред да каже нешто. Еднаш дури и на шала ми кажа да не контактираме додека сум во таков период им благодарам на сите што ме разбираат додека сум во тие периоди, знам дека ви е тешко хахаха
Порано се двоумев дали навистина постои ова или е некоја измислица. Како да е смртоносна. ПМС, аааааааааааааааа, сите стојте подалеку од мене. Последниве месеци и мене ме фаќа. Симптоми: Менливо расположение-во еден момент секоја глупава песна ми е интересна и пеам на глас, потоа ќе ми текне нешто, и ајде-тажни љубовни песни, плачење, депресија, а се е во ред. Морам да се исфрлам некаде. Да се карам со некого. Едноставно, манијачам луѓе. Се правам дека зборувам сериозно, а јас само се зезам. И после демек се извинувам, секакви глупости измислувам. Многу ме мрзи. Само за јадење не ме мрзи. 4 пати на ден би можела да јадам манџа, и пак ќе ми текне нешто да јадам. Најкритично е тоа што им се пуштам на сите околу мене. Секој ми е згоден, и ги изнервирам, после абе извини, тажна сум. Криза бе...
Катастрофа ! Јас самата себе не можам да се поднесам а можам да замислам како им е на кутрите луѓе околу мене тие неколку дена ! Полна со негативна енергија,расположена за карање,голема плачка,градите ме кинат (стомакот никогаш ме нема болено за време на ПМС ).. * Се вратив од училиште и правец во кујна да јадам,гледам јадењето на маса, и ги викам моите ајде да јадеме ..они ние јадевме јади ти ти оставивме...Кога залипав во солзи бог да чува како не знам што да се случило..Ми идеше да си врзам 3-4-5-6-7 шлаканици утредента кога помина кризата.
и јас вака.......лелеелеел сама себе се мразам во тие денов,нервоза,депресија,солзи крокодилски..ужас....кога би имало некој лек............барем да не јадев волку..а пмс кај мене не се јаво со првата менстуација,туку последниве 2-3години а имам 24год....ма ужас бре
Во тој период сум најголемата идиотка, ме нервира се околу мене, мислам онака си седам и се нервирам за ништо! Јадам НЕконтролирано, благо посебно. Моите дома размислуваат да стават катанец на фрижидерот Болки-невидени.. Едноставно, ги мразам тие 2-3 дена
Mene PMS vo mi se poznava 2-3 godini nanazad,sega poluduvam od jadenje do nervozi,a pred toa nikakvi simptomi nemav raat si bev hahahah
кај мене во пмс е ужас депресивна, лосшо се чуствувам, мислам дека ке полудам, анксиозна сум, плачам за ништо со еден збор ужааааассссс
Лелелеле ме утепа овој ПМС Цела сум депресивна, нервозна.. не дирај лава док спава. Едвај чекам да ми дојди барем ке се куртулам од маки. А тоа што имам еден апетит не дао ти Бог . Ко некоја трудница, сега киселко нешто, ајдесега благо лелеее нутелата ја гледам и ми се плаче, па ајде сега едно јаболко ... а сиренце да каснев а ??? Е не иде веке !
Mене порано не ме "маваше" пмс,но сега има 1 година,пред да ми дојде стомакот ми е подуен како на трудница,запек,ми се јаде ненормално многу,денеска на сите прсти можам да избројам што јадев Eве сега полнок е,си слегов долу каснав маслинки,крофна,ајвар,чипс и си направив нескафе и си дојдов в кревет,е ваквите денови ги мразам се чуствувам дебело,грдо,како највалканиот човек на планетава Kако ми е страв да не ставам некое килце,нон стоп сум гладна E и нервозна сум многу,се ми смета,градите порано воопшто не ме болеа,сега и тие почнаа
Мене и ПМС и постменструален синдром ме мачи, секогаш после менструален циклус ме фрка глава и ме вребаат несоници исто како кај пмс и чувствувам тежина.
Ја кога имам ПМС чуствувам болки во главата и ме боли стомакот ама не ме боли многу туку помалце . Ништо не ми ги спречува болките и сум многу уморена .
Воопшто не ми влијае. Имам болки во кичмата, но не ми се одразува на расположението. I would say- it's all in your head