Јас сум неподнослива кога сум во периодов. Многу брзо менувам расположение.. Плачам, викам, се дерам, не дај Боже да си во моја близина. И постојано сум нервозна. Едвај чекам да помине, да се стабилизирам малце.
За нервозата Б6 витамини, доволно е 3 пати на ден по едно апче. ВО упатството пишува може до 5 да се испијат, но според мене 3 се доволно. Јас пијам само во екстремни цитуации, не секој ПМС, ама некогаш имам стварно потреба.
Помага секако, бидејќи смирува. Б6 е храна за мозокот Плус ги смирува нервите низ цело тело, па мене конкретно ми помага и за болки- главоболка, менструална болка. И најважно е што се витамини, не се антидепресиви или нешто такво.
Во тој период сите ми идат на живци па дури и самата си се мразам баш ќе пробам и јас со Б6 белки нема да бидам толку ужасна, јака и душа на тие околу мене
^^ Jас немам проблеми,да нервозна сум за се му викам ама тој кутричкиот ми попушта. Баш денес ми дојде и утрово се закаравме оти сум го испитувала,ама јас онака прашав само. И му реков добро немој да ме бараш повеќе,неќам да ми се јавуваш,и тој истото ми го рече и по 1 мин. Се јавив и ми рече немој да ме оставаш,и немој толку лесно да се откажуваш од мене. И си се извинивме и толку. Значи пак тој попушта А јас нервозна сум денес дека прв ден и тоа многу
Не да имам, дечко ми озбилно си го добива додека јас сум во ПМС, ама па и тој е напорен, постојано ме гмечи, ме стиска, ме закача и тоа особено во овој период, а замисли, јас не можам самата да се трпам а камоли неговите гњаважи. Деновиве се оние денови, рака не ми се крева, муабет не ми се прави, само ми се спие, башка што ме болат и бубрезите, ужасно многу Утрово се испративме со караници и лутенки, страшно луѓе, страшен е овој период
А да раскинеш и да се свестиш за тоа тек кога ќе дојде тетката?Is it normal? [/quote] Драга ова е најлошиот ПМС период во животот мој, мислам дека полош нит сум имала нит сум помислувала дека ке имам. Прво ме боли глава, бубрези, јајници, стомак воопшто, ми се повраќа, ме гуши, одвратно ми е, мислам дека ке се струполам од болки, ич не ми е добро, а со дечко ми....немам коментар. Понекогаш и тие се преголеми виновници за овој проблем, но нели кој не трпел не знае за што се работи.
кога сум си ја у ПМС многу ме боли стомакот и сум нервозна а дечко ми кутриот си знае на почеток на месец дека се работи за тоа и тој сиротиот само си седи мирен ко кутренце
А да го препратиш дечко ти да му објасни на дечко ми како идат работиве? Иначе Фаилпмс вчера ја имав твојава ситуација, среќа што не стигна до крај иначе вчера и свечено ќе ја затворев 5ипол годишната врска, у пм нека иде овој ПМС. Еве ја признавам, напорна сум во ПМС, тешка сум за соработка, за комуникација, све ми смета, цела сум потечена...ама мајко му коа ќе ти речам не ме чепкај у тој период не ме чепкај бе Злато, едноставно е, што си запнал да ме закачаш, да ме малтретираш, да ми збориш работи кои знаеш дека ме нервираат.... И јас вчера си дадов свечена заклетва дека нема да дозволам ништо повеќе да ме изнервира, самата на себе си ветив Ама и јас сум за ќотек, знам дека тоа го прави од забава и јас упорно му дозволувам
Несвесно се случуваше се тоа,затоа и прашав дали има и некоја друга да сподели со мене,доколку несвесно се понашала во овој период...едноставно осеќав дека не ми е потребен
Ах јас кукав од ПМС ама вчера квалитетно ме фатија бубрезите и заборавив и на ПМС и на се, да видите како можам да се гушкам и у ПМС кога ме боли нешто и кога сум натажена. Драга, дечко ти ако те сака ќе те сфати, ќе му објасниш и ќе му кажеш, овие денови ако ме сакаш ќе ми простуваш се и не ми фаќај здраво за готово. Ова ти зборам за долга врска, мислам дека во врска од еден месец нема да запали баш ПМСто, треба малку да повнимаваме и ние сепак. Пробај разговарај со него и ќе видиш што до каде дошло, ти посакувам среќа да се смирите и помалку нервози во ПМС. Инаку имало лек и за ова, со самото започнување на тегобите дневно два пати Магнезиум, Вит Ц и Аспирин, навечер Бедоксин и Б комплекс и убав и квалитетен сон, да се избира лесна храна, повеќе овошје и салати од вообичаено, ао можат и цели оброци да се заменат со една салата одлично ќе биде, да се избегнува термички подолго обработувана храна и да се избегнува кафе и газирано. Јас пробав и ете ме веќе два дена немам маки како вообичаено, можеби и ова со бубрезите малку ме измести од колосек, ама ќе се трудам бидејќи има логика сето тоа што е препорачано.