Може да се рече, јас овој месец се осеќав многу лошо, сеуште се осеќам додуша. Е сега имав болки во бубрезите и во кобинација со пмс умрев, но знам дека откако ќе се напиев бруфен цела се препотував, значи сум кревала температура. Прашав за тој комплекс витамини за проблеми во пмс и никој нема појма, во ниедна аптека не знаат Морам да ги најдам пред да се мрднам од памет оние денови
иде периодот кој ќе биде исполнет плачки,вриштења,болки ,магарешки инаети и многу кафетини менстуали или пак аналгини
Нервозна сум и сите ми се криви а не дај боже некој да почне да се кара со мене ! + стомакот ми се надува
Хахаха мене пред да ми дојде сум неподнослива. Со сите се карам,не се контролирам што зборам,нервоза. Ако нешто не ми е погодено одма се нервирам. Ми се плаче, не ми се седи дома... Дечко ми ме избегава кога имам ПМС ми вика НЕИЗДРЖЛИВА СИ. Нешто овој месец се исконтролирав. Пиев по 2 бедоксина дневно и ми ја смирува нервозата. Стомакот ми се надува.
Никогаш полошо, се осеќав меланхонично, многу тажно .... ми се случуваат некој вид на најголеми глупости, тешко ми е од се по ред, немам апетит, ми се пие само вода... глупо ми е како никогаш досега , се што се случува влијае на мене, и моето расположение ... до кога вака ....
Абе прашајте го Виктор од Идол тој ќе ви објасни подетално за ПМС, па може и да ви попее за полесно да го поминете.
Нервозна сум премногу и сите ми се виновни.Зголемен апетит,јадам ко да не сум видела јадење до сега. А најмногу благо.Ме боли стомакот,но се обидувам да не пијам многу апчиња.
Нервозна премногу, градите ме болат и ми се зголемат, ми искачаат бубалици на челото, ми се јаде се што видам и многуу сум нервозна, се ми смета и сум неподнослива
јас неможам ни себе да си се поднесувам вцера плачев зосто мајка ми ми рече - зосто не си избрисала прасина вристев и плачев на цел глас а после се смеев на самата себе и само јадам се нервирам и си пиам Б6 апцина за да се смирам малку инаце се ке испокршам и само плачам спиам и се карам
пмс оффф се мразам самата себеси кога сум во пмс две недели пред да ми дојде стомачето ми станува како да сум 5 месец, градите ми стануваат како камен и ненормално ме болаат а со однесувањето сум како разгалено 5 годишно детиште ми смета и тоа што дишам, да имам оружје во рака мислам дека сите ке ги убијам ахаха ептен сум неподнослива се дерам, цркам се карам со сите, и кога некој нештко убаво ми каже јас се лутам и му викам
Страшно , абе ќе си полудам од овој проклет пмс . Пред да добијам ме дрма ама онака нежно , ама кога добијам не да ме дрма, треска ме по психата како на пример сега, веќе трети ден како имам се си беше океј денеска до пред еден саат кога нервоза ме фана ауууу ова да не си жена бе , а може ли б комплекс и б6 заедно да се пијат или само едното може, демек во б комплекс сите витамини, а ова б6 повеќе за нервите било
Значи иам приметено една интересна работа последниве неколку месеци. Значи во поглед на физичките симптоми од ПМС ги имам (интензитетот зависи од тоа колку во текот на месецот се пазам во поглед на исхрана, физичка активност и сл.) но овие емоционалните да ги речам промени, од типот на анксиозност, депресија, лутина и сл. ги искусувам по циклусот...некој поупатен да ми каже дали е ова нормална појава?
Во последните неколку месеци во овој гнасен период имам болки во јајниците и имам напнатост да уринирам. Би ги замолила оние кои ималѓ вакви тегоби да ми кажат дали можеби тоа е синдром на цисти на јајниците?
И кај мене е така пред да добијам имам ублажени симтоми , ама од кога ми помине што да ти кажувам и јас се чудам нормално ли е, ваљда е нормално , еве јас пред ден два како ми помина а се осекам ужасно не се трпам ни самата себе, жени...
Во мојот ПМС нема нервози, напди за кавги, желби за јадење...Ама 3-4 дена пред да добијам обавезно излегува некоја поткожна на лицето која боли и не можам да ја стиснам. И градиве ми пукаат од болка.
Последниов период многу лесно го поминав ПМСот среќа немам неконтролирана желба за јадење, во тој поглед сум многу дисциплинирана, не можеш мене да ме видиш да трчам во фрижидер од досада или да грицкам нешто на пауза или меѓу оброк. Да не забегам од темава, освен што немам желба за јадење, не сум неподнослива, ама имам некои такви малечки промени во расположение ама траат кратко и се случува периодот пред да бидам нешто повеќе нервозна ама благо нервозна и се контролира нервозата, па брзо ми поминува, други промени нема.