Веќе два- три дена сум во ПМС, уште два и ќе прекини тортурава. - Јадам небаре трудна. Врти- сучи само фрижидер отворам. - Ме нервираат ситници. Нагласувам, ситници. - Неможам да држам една позиција, ни да носам градник, де болат палените, де чешаат, крај не им се наоѓа. - Неможам да терам нормален муабет зошто има 90% шанси да сфатам се пресериозно, да се издерам и да се расплачам после то. - И ми се оди надвор и не ми се оди, и ми се чита и не ми се чита. - През ден постојано сакам сама да сум со храната до мене и да менвам серија/ филм/ книга/ игра цел ден колку помалце да се нервирам и шансите се 99% дека ќе престанам да гледам/ читам/ играм штом нешто не е како шо сакам и да се расплачам. И најмногу ме нервира ако еден месец пазам шо јадам, вежбам, намалвам кила, ама се враќам ова седмица. Ама ај, се навикнав. Па после откако ќе дојди тие два дена залак в уста немом да клам па некако се изедначува. Кога ќе дојди како камен од душа да ми паѓа. Палениов ПМС, од еден излегувам во друг влегвам, мн набрзо ми иди И после лоша сум била, ха бе. edit: Неможам ни веѓите да одам да си ги искубам од се шо боли па морам до Среда да чекам де
Кажете нешто ефикасно за ублажување на ПМСов. Премногу сум нервозна, не можам да се контролирам, не можам ни да спијам. Чувствувам како цело тело да ми гори, како да се измачува телово за да добијам. Имам апетит, а не можам да јадам од напнатост и нервоза Не ми оди на место... Поспана сум цела а не можам да спијам. Дури гледам сега почна и херпес да ми излегува од нервоза. Со сите се испокарав и плачам цел ден. Вечер пред да легнам си реков 2 бедоскини да се напијам, а нешто друго да препорачате? Вие како се справувате?
Мене расположението ми е на место, али градиве неподносливо болат. А пак апетитот не ми е на место. Денес ништо нема да изедам, а утре ќе можам една цела торта и две пици
Јас сум во иста ситуација мила.. Уште што не пробав .. Пред да добијам ми е најголем кошмар значи многу лошо се чуствувам и повеќе неможев да трпам .. бев на гиниколог таа ми препорача да пијам апчиња секојдневно . Апчињата се викаат агнес коштаат околу 300 или 200 и нешто денари мислам не ме фаќај за збор и се на природна база во едно пакување имаш за два месеци секојдневно. Немаат никакви штетни реакции и се многу слаби на прирпдна база од билки мене многу ми помогнаа за пмс ов повеќе ги немам истите симптоми сега ке одам на преглед за да ми кажат дали да ги продолжам би требало да ги спречуваат и цистите во јајниците за ова незнам дали ми помогнаа бидејки ке одам на контрола да видам . Геникологод ми кажа дека после некое време имаат ефект бидејки се многу слаби. Ти препорачувам и на тебе и на сите други кој имаат ваков проблем но секако прво треба да си се консултираш со матичниот.
јас сум во ПМС, градиве не ме болат... само имам чудни вртоглавици... ви се случило на некого случно? многу сум исплашена :/
@sheis Не се секирај.Кај секоја различно.Некоја осеќа болка во градите пред циклусот,некоја за време на циклусот.Истото е и со вртоглавиците.
Јас ретко да имам вртоглавици,а ти напомена скоро секогаш,што значи кај секоја различно.Нема место за паника.Уживај си.
секој пат исто, никој неможе да ми се приближи чоколадо и благо и само тоа, се преселувам што поблиску до фиждерот, околу мене има џемпери кебиња и кратки шорцеви, зависи како ќе ме удре мозокот излегување нема или ако излезам или сум или
Јас не плачам, ама за тоа сум екстра нервозна... Зборам многу и никој не смее да ми иде "контра" зошто "тешко" него... Леле незнам уште кој не ми се почуди на лудилово мое Глава ме боли од нервоза, грбот, раце (од чистење), нозе, дури и прашинка ме нервира уф...
Мех последниов ПМС убедливо најлош ми беше. Па не се трпи ова веќе. Со се живо и диво почнав да се карам па два дена од дома не излегвам ради „безбедносни“ причини. @vitamina од следниот месец јас ќе одам до кај матичната да се консултирам и веројатно ќе земам. Обично сум сталожена личност ама на ПМС се од себе вадам. Thanke
Слободно прашај ја за мислење за овие таблети не губиш ништо само добиваш на природна база се и се слаби но помагаат јас после првиот месец веднаш се почуствував подобро значи не скроз но симптомите ми се ублажија дека дека подобро се чуствувам а верувај ми и јас бев како тебе само се јадев и се ме нервира буквално сега е многу подобро докторката ми кажа дека после 6 месеци дури во целост ке ми помогнат и не само за пмс ов туку и за цисти се супер. Со тек на време се се врака во нормала но бидејки е послаби треба да се пијат повеке месеци. 365 ги купив последен пат а верувам дека во др аптеки се и поефтини но тие се за два месеци.
Секој ден насабајле на празен желудник. Не се прави пауза. Но не се штетни не се ни хормони составот им е од некој билки. Ако те интересира поетално ке ти пишам во инбокс.
Јас кога сум во ПМС премногу сум нервозна ама не го покажвам тоа, не можам да се изнајадам не којзнае какви промени
Интересно е што некогаш има промени во однесувањето а некогаш нема. На почетокот од врскава ми варираше расположението и емоциите, дечко ми ме запозна како сатана Се нервираше и тој заради мене и му реков да не се гледаме во тој период од месецот но рече дека ќе се гледаме и ќе ме трпи ако треба Но сега не сум лоша како тогаш, долго време нормално функционирам
koga sum vo pms ponekogas sum mnogu nervozna ,se mi smeta,depresicna sum,dushata mi se trese,mislam ke poludam.....hahaha
Јадам, јадам, јадам, јадам... Не можам да престанам со јадење! Инаку, јадам по два пати дневно во обичните денови, ама пред да добијам и 6 оброка не ми се доволни!