Секој месец различно, ама отприлика 10 дена. Еве сега почнуваат да ме болат градите а за 12 дена треба да добијам
Фала ти, ме утеши, по се изгледа нормална сум , и покрај тоа што имам ненормални симптоми И кај мене скоро секогаш е различно, што убаво ми беше едно време, неколку часа пред добивање имав необјаснива нервоза, штом добиев бајче бев. А сега понекогаш кога добијам ми почнат симптомите, изгледа стареам
Можеби и повеќе се само не приметувам. Мислам дека не треба до толку да ја префрлаш вината на пмс, или незнам.
Па последните два месеца сакам хормони да испитам ама се ми се пага во недела да одам, се надевам овој пат ќе фатам ден, може и некои хормони се покачени. Најмногу од се ми сметаат мачнините и вознемиреноста без причина, психолог ми вели нормално е. Не знам колку е нормално, кај мене не траат со денови, ми траат неколку часа. Ама има некој ден што ми се изредат сите расположенија. Ако во ПМС немам симптоми во овулација имам. Во овулација ги имам добиено најголемите панични напади онака без причина, почнува со потење, мачнини, тахикардија, ужас.. Ова ми се дешава откако добив после порагај, една година по порагај
На какви симтоми поточно мислиш? Кај мене ПМС ми почнува од овулацијата до менструацијата и ова е обично кога сум под стрес, особено последниов период ми е така. Се е до хормоните, ама тоа е нормално и се средува, зависи од моменталната состојба.
Кај мене симптоми се паника без причина, некоја вознемиреност, почесто мокрење, мачнини, несоница, зголемен апетит.. Се ќе издржам ама она кога без врска се препотувам, тахикардии онака одеднаш па почнува мачнини е ќе си пукнам Кога сум во нормални денови ништо не може да ми влијае а во вакви денови за се нешто се раскинкам а ич не сум плачка, кога ми помине после се срамам од сама себе
Применувај некој физичка активност што ќе те опушти, јога, пилатес, пешачење, јади по здрава храна т.е храната да ти се состои повеќе од овошје и зеленчук, земи редовно магнезиум и б6, пиј многу вода, чај од камилица, маточина(особено тој период). Ќе приметиш разлика.
Се правам од ова освен што не вежбам, оправдание или не, некако време не наогам, или ме мрзи . А здрава исхрана користам скоро 20 год, од пубертет како почнав, дома многу внимаваме на исхраната.
@anggell не си сама. Храната и физичката активност можам да ја контролирам ама стресов... ужас. Дефинитивно најголема улога игра. Медитации, дишење, боење, ма нема теорија. А и турбо период ми е, големи промени, што и да направам, џабе. Месецов е толку лошо што сериозно размислувам да се вратам на контрацептиви, да барам пач од странство или да ставам спирала. Џабе циклусот го средив кога другиве симптоми ми се излезени од контрола. Инаку, една недела ужас во периодот од овулација, една недела ПМС. Отиде пола месец
Кај мене и да не е стресен период јас во вакви денови сама си го правам стресен а пак да е, уште толку ми е лудило Освен контрацептиви, што можат да дадат, некои витаминки , шала на страна ама контрацептиви ич нејкам , а дали кога ги пиеше во ПМС немаше вакви симптоми? Јас ок сум горе доле со мензис, ама симптомите ме пореметуваат
Мене ми е скроз океј и циклусот и овулација, исто и мене другово ме ремети Ич не памтам како ми беше со контрацептивите, 5-6 години не пијам веќе... мислам поплачка бев ама не бев суицидална пред да добијам циклус. Не знам друго чаре, ни медицинава не знае. Што е до мене правам, не знам што повеќе.
Мене симптомите ми се толку изразени неколку дена пред да добијам што буквално сите околу мене знаат дека треба да добијам. Многу нервозна сум тогаш и се ми иде на нерви мислам со сите околу мене се расправам за ништо. Исто така ден пред да добијам за се ми се плаче . За какви се не глупости имам плачено дури ми е глупо да кажам.
Koj ima problem so pritisokot vo pms pred i posle ? Mene pred da dobijam mi se kacuva pritisokot ili glavata me boli mnogu kako se spravuvate so ovie problemi ?
Колку време после пораѓај ви дојде циклус? Јас после 4 месеци добив, минимално крварење, кратко траеше. Веќе се поминати 7 месеци, а јас добив само уште еднаш, пап направив, нема ништо, ехо вагинално и надворешно, се е ок, матичната вика можно е да е поврзано со доењето. Иначе има денови кога ми се гади, вртоглавици, главоболка, вознемиреност, страв, паника... се пмс и анксиозност, најјака комбинација
Мене ми дојде после 7,8 месеци, исто доев, откако добив ПМС ми е со најголема анксиозност, вознемиреност, паники без веза , најверојатно хормоните ми се хаос
За ПМС јас најдов решение-вит с, т.е.ацерола 1000 мг. Моментално не ги пијам овие туку ферсан форте против анемија, кои исто така содржат вит. С и ни трага од ПМС. Инаку одредени месеци ми беше пеколно.