Женски,имам прашање... Минатиот месец мај добив менструација на 15 ти месецот. Во јуни вадев два заби ...па овој месец јуни не добив,а и менструалните симптоми ми започнаа порано,еве и сега има. Симптоми ама немам добиено. Дали можеби вадењето на забите влијаело? А и да напоменам секогаш сум имала редовна менструација.Но,исто така да напоменам дека и претходно ми се има ова случено.Да имам симптоми во месецот кој треба да добијам,а да добијам во друг.
Овој месец поминав полесно психички да не се подречам оти уште сум во ПМС да не ме трефне пак како вообичаено, ама мислам дека што пијам омега. И претходно лани пиев и тогаш се приметив ама мислев така се погодило, незнам зошто ама омега само ми текне еднаш годишно по еден месец ги пијам и после ги прекинам. Овој пат ќе се задржам на нив подолго оти јас во ПМС ај што имам болки, со лошење, и психички се чувствувам лошо тоа ми е поголема мака Вие што сте анксиозни и депресивни во ПМС пробајте омега, и магнезиум со Б6.
Дали чувствувате огромно болки во телото пред да добиете? Ниакко да ми пробие, се дујам ко балон и напната сум постојано, со главоболки...
ПМС не поминува кај мене без плачки. А бе за најмала ситница ќе се закопам во кревет Тогаш до никој и до ништо не ми е дојдено, освен за благо и телефонот.
јас сум со истите симптоми а,а потењето е најизразено кога спијам навечер…многу лошо се осеќам тогаш и од самата анкс и панични напади добивам и диареја.пиеш ли некиј седатив тогаш???
Не, не пијам ништо. Нема што да те заплашува тоа, ПМС е природа. Немој со лекови бидејќи можеш повеќе компликации да си направиш.
Ама не е ништо страшно. Ако си во депресија или под стрес, тогаш е страшно. Секој ден се чувствуваш многу лошо како да си во ПМС?
Неколку месеци со ред кога сум во ПМС ми е прелошо. Од главоболки до вртоглавици до лошење повраќање и болки во кичма и јајници буквално се. Со преголем интензитет дури неподносливо да сум во свое тело. До пред половина година не беше вака. Најверојатно организмот е во фаза на промени затоа што нагло сум здебелена. Дали за ова да се обратам на гинеколог? Дали има нешто што може да конзумирам да ми ги смали овие непријатности?
Жива и здрава да си,мислам дека ти зборуваше за магнезиум со Б6. Јас ги најдов и ги пијам редовно,ептен ме релаксираат. Е сега уште ме фаќа језа ќе добивам и мака ќе ми е знам.
Јас уште пред 6 дена добивам нагони за повраќање, губам апетит болки во желудник. Нз што ми е. Осеќам безволност