Дали земате нешто за олеснување на симптомите на пмс? Чаеви, суплементи? Зборам да ви помагаат ако имате силни симптоми, на пример јас не функционирам нормално...
Ако откриеш плс сподели. Буквално се тресам (баш буквално) и градиве сакам да си ги исечам од што болат пред добивање. Другото да не зборам колку ми варира апетит ненормално и остали работи.
ништо не ми помогнало мене до сега,а се пробав,не чаеви,не витамини,не минерали,не едни таблети баш за тоа се е џабе,само седатив еден за намирување на нерви и тоа е тоа,спас сеуште немам најдено
И јас не функционирам нормално за време на ПМС, некогаш имам многу изразени симптоми. Зависи што симптоми имаш, јас се трудам да се хранам здраво, иако за време на ПМС мислам вол дека можам да изедам. Пробај со чаеви за смирување на камилица, маточина, вит б6. Пешачење, јога за опуштање. Јас има периоди кога сум буквално хаос. Се мразам самата себеси. Особено кога ме болат градите, ми се потечени и ме наболува стомакот како за добивање, мислам дека можам човек да убијам. Промени во расположение, менувам расположение во минутка, де ми се плаче, де сум насмеана, а во истата секунда може да ми се спојат жичките и да избувнам за ништо. Стомакот знае да ми е надуен, ама ми помага за тоа многу чај од магдонос. Да не си женско .
И јас исто..ај болката во гради некако ќе ја истрпам ама имам нула енергија, не можам да станам. Некогаш знае и температурата да ми се менува, а да не зборам за ментални промени, некогаш имам и депресивни епизоди... Имам читано дека триптофан може да се зема(нели заради серотонинот) ама сѐ заборавам да купам и да пробам. Ако има некоја позитивно искуство со нешто конкретно, нека каже.
За тресењето знае да, пешачење да ми помага или лесно вежбање оти сум приметила баш ако лежам мирно во кревет ме тресе повеќе. Ама пак сум раздразлива. Пред последново добивање и топло ладно ми се менуваше, на моменти ко 40температура да имав бев, жешко одеднаш, после 5 минути ладно ми е и се наоблекувам. (Не знам дали во пмс или менопауза сум) И чудово продолжува на прв и втор ден од менструација и тек после од 3тиот сум така поарна и мирничка со емоции
Гледав по интернет има многу суплементи на природна база низ аптекиве ама скапички се и колку се ефективни, кујзнае. А и не би земала без да чујам искуство, чисто пари да не фрлам за џабе. Мене особено ми се влоши после ковид. Пред тоа имав онака средно изразени симптоми. После прележување ми стана ем нередовен ем со мноогу појаки симптоми, и пмс-от и кога ќе добијам. Дали е нешто поврзано врска неам.
Колку време градите те болат пред циклус? Мене овојпат скоро две недели пред добивање Не знам дали е нормално, си направив триста филма, сите болести си ги пронајдов. А плус јас во ПМС секако сум анксиозна, само некогаш повеќе, некогаш помалку. Еве баш во моментот сум заникаде и гуглам зошто ме болат градите Значи готово, полудев, паника уште толку ме трефна
Мене магнезиум со Б6 ми помага најмногу, ама овој пат не земав нешто редовно и сега сум хаос невиден. Јас во ПМС сум со паники, анксиозност, сега за беља и градите ме болат порано, некогаш ич не ме болат ама ете сега баш најде кога сум со паника на највисоко и сега оди па смири се. Цел ден го гњавам маж немој нешто да ми е, градите што ме болат, мислам ќе шизнам од паники Се исфрлав и по врат ама не ми е утеха тоа, одма на најлошо мислам, у *рац од мојата психа
И мене последниот пат повеќе од 10 дена ме болеа. Болка шо и маицата ми сметаше да ги допира. Баш тогаш пократко ми траеше и помалку болка во стомакот кога ми дојде. Ако ти е утеха. Мислам како врват годините се' повеќе симптоми и пострашни болки имам. Порано се чудев кога некој ќе речеше ме боли, а сега јас скоро пола месец не функционирам нормално. Оди на доктор колку да не ти е во мисла. А за совети за сите погоре, сум забележала дека кога вежбам и пешачам активно, полесно поминува. Јас гледам да избегнувам апчиња.
Јас пак ич не вежбам. Леле да ти кажам од доктори преку глава ми е. Преку два месеци наогам некои безвеза симптоми , се чувствувам како лудачка, и тоа секогаш во ПМС и се тресам како лист. Последниот пат поради многу воспалени синуси матичната ја отеков и велам а јас тумор немој да не имам , и тоа испаничена уште да се расплачам Кога ми помине, кога ми текне што глупости имам накажано , живи срамови сум. Е*ати кравата што сум, на доктор ќе одам кога ќе добијам, тогаш е најдобро за преглед на гради откако циклус ќе помине. Сега ако одам само може од памет да се извадам и така немам многу
Многу убо те разбирам. И јас барам болести. Засега решение ми е помалку социјални мрежи и вести, оти кога ќе се спомнеше болест, веднаш ја имав. Се' шо е со болест игнорирам оти ќе се збудалам. Си велам до глата ми е пак, и после два дена заборавам шо болест "имам". Батали Гугл. Месецов е посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Можи често го сретнуваш по медиуми па затоа и ти се врежал стравот во главата. Излези си утре на сонце, земи некое кафенце и уживај. Или сега некој топол чај, туш, серија...да се опуштиш. Мислам дека немало два месеци со исти симптоми, секогаш нешто различно ќе се појави. Некогаш ич проблем, некогаш да не можиш да станиш од кревет. Некогаш сум душа, некогаш сите лоши особини ќе ми излезат во два дена. Убо е да се прави преглед одвреме - навреме во секој случај, оди откако ќе ти заврши.
Леле да и тоа ме мачи, овој месец само на тоа наидувам, е гледам да не читам, пред два месеци спонтан имав па можеби и хормоните што не ми се средени сеуште, секако организмот ми е хаос првите 3,4 месеци тоа и докторите ми кажаа. Од упорно масирање на пазувите да видам дали имам нешто си ја напнав жлездата под пазуви, уште комшиката не ја натерав да ме прегледа Маж ми вика не знам од каде се си наогаш нешто, пред два дена си најдов како демек топче на увото, сега па гради ме замислија , подвижна катастрофа сум.
Толку виновно се осеќам цело пакетче чипс стегнав и тоа пред спиење и ај сега оди заспиј да те видам Мене валеријана капки или чај или капсули кои ја содржат ми помагаат ама вечерва доцна се напив, после чипсов
Сега те прочитав и тоа што ти се случило е трауматично искуство и немој да се срамиш дека глупости си истрескала кај матичната докторка. Прво тоа не се глупости, загрижена си за твоето здравје и ако е добро запознаена со твојава ситуација таа прво треба да ти е рамо за исповед, совети и поддршка. Можеби убаво е да почнеш со движење во природа, прво побавно, па со тек на време побрзо одење. Можеш ако те иритираат звуци со слушалки во уши и добра музика да се движиш или ако те опушта жуборење на вода да шеташ покрај река. Или рано наутро, зависи кога стануваш, да прошеташ па да си слушаш црцорење на птици ако те опушта тоа.
Исто и јас.. Како минат годините две недели однапред, а претходно бев една недела пред. Кој знае во климакс каква ќе бидам