Дали некој ги има пробано Фемисан А капките, пишува за ПМС се? Се мислам да ги пробам, може ќе ми реши проблемот и маката во ПМС
Колку често ви се случува ПМС симптомите да ви следуваат по завршување на циклусот? Јас пред некоја година така имав де во овулација или по завршување на циклусот. Нервоза, вознемиреност, на плачка се ме тера за ништо а иначе не сум плачка.. Се до пред два месеца ми беа пред циклусот и кога добиев за ден, два се враќам во нормала. А сега последните два месеци физички симптоми пред добивање, а психички сум никаква откако ми завршува некој ден, буквално како издишан балон и само гледам што да се карам и со кого . Прееска на реклама се раскинкав а вчера ми заврши Стварно не се издржува
Значи секој месец е различно, ако едниот пат сум немала толку изразени симптоми пред да добијам ќе имам одкако ќе ми заврши па потоа нареден пат пмс ќе вријам и така со ред
Леле и јас сум така, и чудно ми е некогаш викам дали е нормално, на гинеколог редовна сум, па и тоа прашав, демек нормално било ама јас и покрај се не се чувствувам нормално.
Дали помагаат капките од валеријана за опуштање на телото? Ако некоја користела, да сподели искуство?
Јас чај имам пробано, опушта ама јас имам низок притисок и дури страв ме фака како ме малаксува. Затоа не ми се допага, многу ги фалат капките, исто и за Фемисан С прочитав дека за ПМС се, се мислам нив да ги пробам. Купив Лунерба апчиња пред пола година, ниедно не пробав имам голем страв од апче за смирување
@anggell остави, мене ми се споија и ова згрчувањето и несоницава, сега сум заникаде. И таман се радувам кога доаѓа крајот на пмс-от, ама циклусот буквално ме убива. Не ми помага ни кафетин, ни б-комплекс, ни витамин ц. Денов еве едвај го минав, не знам утре како.
Мене физичките симптоми не ме плашат толку колку физичките. Мене ме маваат и панични во ПМС, тоа ми е најтешкиот дел
Дали само на мене ми се случува или има и други со слични проблеми, пред циклус имам болки во нозе, циркулацијата е катастрофа, цело време ми е ладно и пред да почне имам топлина ко температура и се така додека да добијам после се е нормално.
ПМС симптоми ги има многу, ако си приметила дека пред циклус и после се враќа во нормала значи ПМС е. Јас пред некоја година секој ПМС како настинка да ме фаќаше, треска, тоа ми исчезна, па ми се јави болка во мускулите на нозете. Сега ништо од ова немам имам сосема други симптоми. Симптомите се менуваат со текот на годините. Следи кога се јавуваат.
Лунерба-дневни и ноќни,тоа се суплименти,не се тешки лекарства,не се како диазепам,може да те потсмират,никако да те успијат,од искуство.Помагаат при стресни ситуации.Биди без грижа,слободно напи се,ништо лошо нема да ти се случи.
Што пиете за болки во пмс? 7 дена со болка во кичма, пробав аналгин, кафетин, вентор, парацетамол, ибупрофен, дуклодуо, дексамен. Ништо не помага. Се разбудив во 3 со болки не можам да спијам уште од грб.
Покрај сите глупости највеќе се нервирам што последните денови јадам свашта, апетит 100 ка, не ми е за килажата која секако ја немам , се нервирам што толку внимавам на исхраната што за 10 дена направам лом со јадење. Ме фака стрв за глупости, во овие денови како да не сум видела храна
И јас сум истата. Циклусот треба да ми дојде за 6 дена,а јас веќе два дена умирам од болки и во стомак и во кичма. Ништо не ми помага. Една тапа,неубава болка,ме омалаксува. Јас имав пред 1 месец операција лапараскопска,каде што ми отстранија адхезии,па сега се плашам да не се вратиле пак,да не ми е од тоа болките,или ова се типични пмс?, незнам,ептен на психа ми мава. Сум имала болки пред да дојде циклусот ама со апче ќе поминело,сега со ништо живо не поминува
Нормално е, кај мене ретко се јавува нервоза ама кога се јави се плашам од самата себе. Најчесто во таков период сум многу плашлива, вознемирена од се се плашам, паничам без веза, некои црни мисли што ако се случи... па сценарија во глава, мислам дека нема никој полош ПМС од мене . Ако не е ПМС, во овулација ова ми се случува, катастрофа.