Па, едно не дава резултати. Ако ти прие, ќе пиеш редовно. И не само да земеш нешто. Размрдавај се. Шетај.
Плус на ова земи си и б12. Кај мене ПМС во лето беше ужас, значи имав уплав кога лето доага тогаш анксиозноста во ПМС ми е хаос. Ова лето најтопло досега јас не го ни осетив психички , дури ми е криво што полека заминува а јас лето го мразев поради што сум анксиозна во овој период. Сега хормоните пак си дивеат ама има многу голема разлика.
Дали е нормално физичките симптоми да почнуваат 2 недели пред циклус? Најмногу ми смета што почнува зголемен апетит, сваштарии ми се јаде а во исто време и мачнини имам
Месецов имав болна овулација, и тоа пред два дена. Ме болеа јајниците како прободени со нож, имав болки и назад накај анусот. Со аналгетици и топла облога помина. Сеуште ме наболуваат јајниците, а и таа болка анална е присутна, при седнување, станување. Дали некоја имала ваква болка после овулација? Препишувам на слободна течност што често ми се излева при овулација, па може врши притисок. Исто и јајниците ми се полицистични. А исто ваква болка имав на почетокот од бременоста, чинам дека цел прв триместар додека бебе не се качи нагоре.
Кој ви е најчуден ПМС симптом кој го имате ? Мене последните месеци болка на здрави заби, болка под пазува а последниот месец и затнато уво Ах и херпес ми има излегувано. Мислам дека сите симптоми ги добивам
Да прашам некоја случајно да не знае или пие нешто за осетливи и болни гради при пмс. На прослава сум и фустанот неможам без прслук да го носам, а искрено толку мн ме болат што нема шанса да истрпам прслук неможам да се допрам . Па со нешто да се ублажи болката да не знаете да користела некоја нешо ?
Девојки,како се справувате со многу подуен стомак во ПМС? Ми доцни скоро 10 дена и од вчера наваму премногу сум подуена и мокрам нон стоп,а здраво се хранам.
Може се хемороиди некогаш болката е слична ко менструална и многу сече а хемороидите го прават тоа внимавајте што јадете луто, зачинете кафе избегнете како и некои пијалоци како црвено вино.
Дали ви се има случено во пмс да ви се мокри често,овие 2 дена на секој сат и побрзо ме тера на мокрење,стомакот подуен ,што вака не ми се случило,некој нов симптом или што незнам..
Секој ПМС ми е така. После овулација почнува и скоро 2 недели трчам во ВЦ како бремена да сум. Ништо страшно, после пак се враќа во нормала.
Луге кажувајте чаре за чешање уво внатрешно, ова ми е последната година, две ненормално чешање пред да добијам. 10 дена трае ај денски не е страшно ама ноќе полудувам Капак на се, се будам со мачнини како права трудница А за останати симптоми да не зборам, лудило Ама ај со витамини тие ги замаскирам некако ама физичките катастрофа
Кажете некој лек за намалување на пмс симптоми, немам никакви болки ама имам голема нервоза и бес, на сите се дерам и врескам, со сите се карам, плачам, некогаш и кршам. Секој месец се полошо ми е. Дали да побарам некоја стручна помош, дали уопште постои некаква помош за тоа? Неможам веќе да се поднесам таква ама посилно е од мене.
И јас тоа се прашувам.. Не се поднесувам сама пред да добијам а не па камоли другиве околу мене шо се... Најзлобна ,најлоша и најбесна станувам. Комотно можам да отепам некој.
Јас барав стручна помош, после некој месец од порагај, совет беше дека се хормони, секако насоки на дишење, и физичка активност. И после толку години, јас се помирив, освен што зголемив внесување на витамини, магнезиум и б витамини посебно, ашваганда, исто магнезиум со валеријана е добар. Јас ретко сум нервозна и општо, во ПМС 2 пати годишно нервоза ќе ми се јави ама анкиозност и панични напади нема крај. Затоа во ПМС по два пати препеглувам плакар Ако ептен не можеш да издржиш побарај совет од стручно лице, прашај и гинеколог читав членки и давале некои апчиња баш поради ПМС симптоми. Јас мојата и за тоа кога ја прашав ми рече хормони се тоа и така си живуркам секој месец Најмногу од се ми помага физичка активност пешачење. Чаеви исто камилица, нане, маточина ама јас во тие моменти немам трпение за такви работи како се ми смета неможам и со чаеви, пробај може кај тебе ќе помогне
Абе јас секој ден и пешачам и чат пат вежбам, значи нонстоп иам обврски, немам застането. Тоа не ми помага Ама ќе побарам помош од гинеколог оти ова моево излегува од контрола.