Ааа нее хаха,2 недели по малку имав секој ден различно,ама денес после ручек ме сакати хаха,измешано скрос,од паника ,ми се плачи,грдооо...ех дур пробие сега...а бев поднастината деновиве па затоа можеби и ми касни
Грицкај б12 и земај магнезиум бисглицинат, мада мене вчера ништо не ми помогна, мислев ќе полудам Во климакс којзнае каква ќе бидам
Дали на некоја во пмс и стоело како градите да и се поголеми и да ја болат? Мене ова ми се случува сега, премногу ме болат Аман више, секој месец нови симптоми, незнам шо ќе се прави веќе. Постојат ли некои апчиња за олеснување на такви симптоми а исто и на многу голем бес?
Последниве месеци и мене како нов симптом ми е болка во гради, страшна болка, неможеш да се пипнеш. За бесот незнам што да ти кажам, оти до толку ме дрма што ќе убијам некого
Мене ми се како темпирани бомби, подуени, не можам да ги чепнам од што ме боли, нервозна сум и ми касни 2 дена. Замисли сега кај и да е ќе експлодирам.
Пиј Б6 неколку дена пред добивање. Па и некое апче за болка. За бесот можеш да земеш сукало и мавај по тесто (можеш и со готово ако не ти се прави) за да го обликуваш. Или по маж ти ако си го бара.
Значи нема спас Пијам б витамини со месеци, за ништо не помагаат. Маж ми некни го тепав, шо зарем пак сега?
Кај да вежбам кај да се запустам, ќерка ми уште не ја примат во градинка, бев и таму се карав со нив, и со мм, и со сите се скарав веќе..... секој месец одлепувам, луѓе, мора да најдам решение, неможам веќе така. Ќе направам некоја беља. Плачам, викам, се дерам, се карам, некогаш знам и да скршам нешто, сите ми се криви, сите ме нервираат, масажа не ми помага, џабе.... Секој месец е вака, а откако ќе ми дојде, како нов човек сум. Па неможат веќе да ме истрпат дома
И мене пред неколку месеци ми се појави тој симптом а претходно го немав. Убаво истрипав и почнав да барам дали има нешто што не треба ( читај грутка) После се испостави дека е само симптом. Кажи му на маж ти да не диша гласно.
2 дена пред менс денес лошо многу,вртоглавица ми се гади цел ден,главата како во магла..нека пробие аман со овај пмс лош...
Колку е нормално кога циклусот веќе привршува а кај мене психичките симптоми да почнуваат? И претходниот месец и сега вака, ајде пред циклус имам некои ситни неприметни ама сега од 3 ден на циклус јас почнав како пред добивање да сум, на плачка ме тера на реклами, анксиозност, не ми се спие, аууу шекнувачка