ПМС (Предменструален синдром)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од srnicka24, 22 февруари 2010.

  1. ive28

    ive28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Jas gi imam skoro site simptomi na PMS, depresivna sum,se mi smeta :envy: ,nisto ne me rspolozuva,non stop se raspravam so bilo koj za sitnica.Placam bez pricina ;( ,mnogu sum emotivna,i decko mi ne znae kako da se odnesuva veke so mene. Ne jadam mnogu, no cuvstvuvam golema potreba za cokolada,togas moze da izedam mnogu :)
     
  2. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    ПМС (предменструален синдром)

    Неподнослива сум вчера вечер бев кучка кога ми се одврза јазикот едно зборење од мене,дрскост навредливи зборови,а златен тој се потрудил со убавото јадење печена кокошка,вино,кокакола,блачко а јас јазичарка некоја како да имам некој недостаток за кавга.Ми попушташе поради ПМС.Кога сум во оваа фаза менам расположение на секој два саата,плачам,јадам сите ми се криви и се сум од нешто незадоволна.
     
  3. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    734
    ПМС (предменструален синдром)

    ДЕФИНИЦИЈА:

    ПМС е рецдивантна појава на комплексни психички, невролошки, ендокринолошки и метаболни промени, циклично во лутеалната фаза на менструалниот циклус, што се губат на вториот или третиот ден од настапот на менструалното крварење, после што следи “слободен интервал“ без симптоми, во пролиферативната фаза од циклусот, се до настапот на овулацијата.
    Опфаќа симптоми и знаци што се поврзани со менструацијата, а кои се објаснуваат со растроена адаптација кон циличните промени на невро-ендокрината функција.


    СИМПТОМИ:

    - Психо-емоционални: Напнатост, депресија, ИРИТАБИЛНОСТ, ЛЕТАРГИЈА, замор, зголемена сонливост, намален интерес и одговор кон околината.

    - Нестабилно расположение и однесување: Намалена ефикасност во учењето или работата, намалена концентрација, конфузија со намалена координација и чести незгоди, грешки, АНКСИОЗНОСТ, возбуденост, АГРЕСИВНОСТ, заборавеност, нервоза, напад на паника, промени во либидото.

    - Невролошки: Мигрена, главоболка, епилепсија, синкопа, вертиго, гадење, повраќање.

    - Метаболни: Хипогликемија, зголемен апетит, жед, нетолеранција кон алкохол, периферни едеми, ретенција на течности и сол, опстипација, дијареја, добивање на телесна тежина од 1.5 кг, абдоминална подуеност, тежина во стапалата, ЛОШО ПРИЛЕГАЊЕ НА ОБЛЕКАТА!!

    - Дојки: Напнати и болни. Намалена отпорност кон инфекции.

    - Дерматолошки: АКНИ, уртикарија, херпесвирус.

    - Кардиоваскуларни: Палпитации, ЕКСТРАСИСТОЛИ, пароксизмална тахикардија.

    - Респираторни: Астма, ринитис.

    - Офталмолошки: Конјуктивит, глауком.

    - Уринарни: Цистит, уретрит, енуресис, олигурија.

    - ОРЛ: Синузит, болно грло, засипнатост.

    (извадок од книгата по гинекологија на медицински факултет, значи мажи кои ќе наминете на темава еве ви доказ дека ПМС постои и не се преправаме и не се вадиме на секој наш испад со ПМС, туку навистина ни е тешко!!!)
     
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.351
    ПМС (предменструален синдром)

    незнам дали спаѓам во групата неподносливи само лесно ме иритира се мразам допири галења тогаш уф не ми се приближувај нервозна ептен. се обидувам да се контролирам ама...

    сега кога ми дојде последен пат и такав ми се плаче нервозно куче бев ама некако како преморена без живот и вереникот пред телевизор седи а јас се спремам за бањање и му викам ако ме слушниш како плачам не се секирај и терај исто како ништо да не е . :lol: и тој веднаш рипна што како зошто што ти е зошто да плачиш има ли проблем дојди да раговараме :D :D викам не бе душо пмс морам да се излеснам :D убаво се изнасмеавме после за реакциите.

    а инаку знам да се дерам многу и да се лутам за ситница :P
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    10.018
    Пол:
    Женски
    ПМС (предменструален синдром)

    Не е за фалење ама јас сум страшна и ужасна во ПМС. :|
    Точно 5 дена пред да добијам јас сум како друга личност, до тој степен што ни мајка ми дома не ме сака :D Можеби е смешно, ама така е.
    Добивам напади на нервоза, се живо може да ме донесе до работ на нервно лудило, и расположението ми се менува за 360 во две минути. А да не ги спомнувам и физичките болки, градите, грбот и целосно мускулатурата.

    И затоа... неделата пред да добијам секој мора да ми угодува (особено дечко ми) зошто за последиците не одговарам. :wasntme: ]:)
     
  6. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    12.391
    Пол:
    Женски
    ПМС (предменструален синдром)

    Исто како мене,на крај дешко ми ќе си го окрка,се нешто се сомневам му викам и на крај кога ќе му кажам дека треба да добијам му станува јасно :D па за среќа не ми раскинал до сеа,не знам како ме трпи тие денови,ем знам дека не треба да сум таква,ама неможам посилно е од мене
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.827
    ПМС (предменструален синдром)

    Никој несака да ме знае во вакви светло :tmi:
    Лоша сум ,агресивна |(
    хиперактивна ,нервозна ,непредвидлива, негативна
    но тие кои ме сакаат се навикнале да живеат со мојот проблем
    тоа е ...и јас не сакам ама ете се случува
    се смета
    и во тие периоди сама сум изгледа сите се плашат да остваруваат контакт со мене
    и им успева д ане го забележам дека е намерно тоа
    омг
    тешко на моите со мене :lol:
     
  8. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    373
    ПМС (предменструален синдром)

    Значи пред да ми дојде 3 дена не дај боже да си до мене...Нервозна сум у пм :@ се карам, викам ,дерам :devil: ќе тепам некој ако треба само да ми помине :^) Посебно кога ќе станам од спиење ее тогаш сум крај...нема муабет додека се расонувам :tmi: Ее кога веќе ќе ми дојде посмирена сум ама затоа ми се јаде све највише благо значи мерка немам од чоколади до торти се што ми се најде на пат од благо јадам, не јадам бре ждерам 100ка!! :!: Болки посебни немам ме смирува кетонал :rock: Али мускулатура уфф ми се иде да го извадам грбот и да си го масирам сама, раце исто така, нозе ауу :swear: Само масажа :devil:
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.789
    ПМС (предменструален синдром)

    Чудна работа, ама еве како се манифестира мојот ПМС: 2 недели пред циклусот :D почнувам со хистерично смеење без причина :rofl:
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    ПМС (предменструален синдром)

    Тажна, депресивна, нервозна и неподнослива.
     
  11. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    203
    ПМС (предменструален синдром)

    Јадам како СВИЊА на пола саат, се ми смета и затоа се карам со кој ми стигне.. Обично јас прва почнувам кавга и мора да е се по мое, депресивна сум и немам волја за ништо ;( ;( Баш таква сум деновиве :?: Дечко ми ме трпи, змае за неколку дена ќе помине, моиве така-така, ама со сестра ми очи си вадиме :lol:
     
  12. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    87
    ПМС (предменструален синдром)

    Депресивна,расположението ми се менува на секои 5 минути,се дерам на сите бо\ем ми се криви и едвај чекам веке да ми дојде зосто самата не се поднесувам.
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    2.111
    ПМС (предменструален синдром)

    ПМС ми се болки и отеченост во грсадите, и зголемен апетит. И обожавам кога имам ПМС, затоа што знам дека ке добијам. Кога ги немам симптомите страв ми е да не сум трудна недај Боже. :lol:
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    10.018
    Пол:
    Женски
    ПМС (предменструален синдром)


    :rofl: :rofl:
    Јас ова сум го испуштила, веројатно намерно.
    Баш во ПМС имам потреба од премногу мрсна и блага храна, а тоа треба да се одбегнува. Пред да добијам знаат кај да ме побараат- или сум во Палма или сум во Мек, трето нема...или можеби некоја локална сендвичара, Гирадико на пр.
    Кога ќе ги набутам сите тие масти и шеќери во мене, на момент се лажам дека расположението ми е подобро |(
     
  15. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    338
    ПМС (предменструален синдром)


    Исто и јас :rofl: Ако дома малку ни е леб знаат дека сум у ПМС
     
  16. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.560
    Пол:
    Женски
    ПМС (предменструален синдром)

    Ненормално зголемен апетит, кога ќе почнам да јадам не ми текнува да престанам :lol: Нервозна, сите ми идат на живци, на секој пола саат разично расположение. Ама не можам и да се пожалам кога сум во ПМС дечко ми секогаш ми прогледува низ прсти, :D што и да направам му викам абе не ми замерувај гледаш дека треба да добијам :lol:
     
  17. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.561
    Допаѓања:
    7.974
    Пол:
    Женски
    ПМС (предменструален синдром)

    Мене све ми е исто не ни осеќам кога ми е ПМС (среќа моја :lol: )само понекогаш ме боли стомак
     
  18. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    663
    ПМС (предменструален синдром)

    Непожелна за околина сум тогаш.
     
  19. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    ПМС (предменструален синдром)

    мене ме боли стомакот кога ќе имам ПМС и секогаш пијам апчинја за да не боли стомакот пијам топол чај и фала му на бога малце ми поминува :|
     
  20. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    294
    ПМС (предменструален синдром)

    Се нервирам за све и свашта,дури и за работи што не ми сметаат коа не сум во ПМС, се ми иде на нерви,не дај Боже некој да ми презбори,погрешно направил :lol: и уште кога се карам и некој ако ми рече треба да добиш,контролирај се,е тоа највише ме нервира,зашто да ми го кажуваат кога веќе го знам,а што е најтрагично не признавам дека е до тоа,ме болат градите,колку толку знае да ми се исфрла лицето.......со еден збор неподнослива сум