Мене секогаш ме болат гради, прво под пазуви почнува па од страна градите почнат. Ова ќе биде чудо да поминам без болка.
Дали ви се случува една недела пред циклус да имате гадење, болка во мускули, како без енергија буквално немам воља за ништо…Булвално како пред настинка
Дааа, јас се подреков немам симптоми ај што не ми доага него мачнини и гадење имам Јас редовно сум со мачнини како бремена да сум
Не знам што ќе беше ова стварно, секој можен симптом го имам…и тоа мислам дека како поминуваат години, се повеќе симптоми имам.
Земате нешто за ПМС што ви помага? За емоционалните симптоми ме интересира. Ми се чини секој месец сѐ полошо станува.
Магнезиум бисглицинат, б комплекс, б 12 и Д витамин ми се главни витамини за ПМС. Ублажуваат, помагаат, понекогаш симптомите се минимални скоро и непостоечки ама понекогаш е лудило. Инаку имам тежок ПМС со години, после 20 тата година каде ми се појавија првите потешки симптоми, терав некако. Од година на година стануваа се потешки, така да на овие години ги имам соберено сите симптоми од сите години кои ги имав по еден месечно. Велат некои вежбање помага ама јас сум мрза за тоа, со исклучок на летото пешачам инаку да се затворам некаде и да вежбам ми е незамислена мисија. Пробајте и со вежбање. Правилна исхрана секако, што јас ја применувам со години што и не видов нешто околу ПМС дека ми помогна, за здравје лично да ама во ПМС секако сум,, лудило"
Вежбам веќе неколку месеци, за жал не помага тоа со емоционалните симптоми кај мене. Порано најголем проблем ми беше болката во гради и акните, сега секој ПМС ми е подепресивен, до степен што ништо не сакам да правам и имам темни мисли. Ќе пробам со другото што го пиша, фала ти.
Dali vi se slucuva posle menstruacija da ve fati nerva isto kako vo pms??vrijam cela od nerva se me nervria isto kako vo pms a mi zavrsi vcera...:/
Да, обично такви симптоми имам ако не сум ги имала пред циклус. Битно дали пред, за време или после никако да ме одминат Исто и стомак ме боли кога ми завршува, имам јаки грчеви последните ден, два.