Не се поднесувам во пмс, буквално се мразам себе си, се ми смета, знам да се расправам а глупости, понекогаш знам и да се контролирам ама следниот пат ќе биде дупло, да наплати и за претходниот пат ако сум успеала да се воздржам. Физички последниве години немам мака, освен благи грчеви кои се издржливи, ретко имам и акни и болка во гради, ама емоционално сум катастрофа.
Не се грижи кога ќе родиш психички ПМС е повеќе од катастрофа, "да те утешам" Кај мене се случува да ме болат мускули, посебно на нозете. Еден период имав страшни болки, што мислев готово имам некоја сериозна болест. Во ПМС ме фаќаат сите болки и секаде, грб, глава, заби, стомак, мускули, ама мене ме мачи психички што ме отепува другото со апче ќе замаскирам. Грб кога ме фати ско не сум дома е страшно. Ако се наведнам ни напред, ни назад е до толку е а болки страшни. На пример вчера си оплакав некоја си невеста која ја видов кај сликар каде што на секоја слика плаче, па поштено си порикав а не сум плачка ич. Една инфлуенсерка гледам објавила како ќерка и плаче што братче ќе има а не сестра, па и на неа друштво и правев. Можеби па стварно психата ми е ептен излижана
Истово е и кај мене, буквално сум во депресија и се плашам колку можам да западнам психички. Не ми беше вака порано, не ни сеќавав кога сум во ПМС освен кога ќе ме болеа градите повеќе. Сега емоционален хаос, губам желба за сѐ, едно одење до маркет ми е претешко. Со душа чекам да ми дојди мензис секој месец за да ми олесни психички.
Ако ви трае ПМС 2,3 дена и не е толку за очај ама ако е 7,8 дена зборувам за психички симптоми, е право измачување. Третина од месец ти психички да си отепан е лудило. А тие што имаат ПЦОС верувам дека од нас многу потешко им е, не знаат кога ќе добијат и се постојано нервозни.
Море, мене ме фаќа уште од пред. 2 недели.... Нз како ќе се тера Јас природно сум плачка... Ама гледам да го занимаваме мозокот со друго нешто.... Се имам расплачено на нешто беше на пакување колбаси оти имаше некое животно. Свинче мало валјда.... Хахаа