ПМС (предменструален синдром) пмс јас во моментов немам ама затоа има другарка ми ..можете да замислите која атмосфера е кога разговараме
и јас сум во ПМС леле, се испокарав со сите дома мислев дека ке почнам да гагам со се што ке ми дојде до рака опасен е овој ПМС
Исто и јас... Се ме нервира, ме иритира, ништо и никого не поднесувам овие денови. Едвај чекам да ми дојде и да заврши.
Неподнослива сум и за себе и за сите околу мене кога сум во ПМС, нервозна сум, и најмала ситница може да ме извади од контакт, лесно можам да се расплачам... ужас! А да не зборувам за болките во градите и тежината што ја чувствувам во стомакот
Хипи јас си мислев сум единствена што пмс има дури и до пред две недели пред да добијам. Не секогаш но знае да ме мавне и до толку порано.Исто како овој месец...ама ај ти барем се смееш, а јас сум тежок депресивец во тие мигови се чувствувам претажно и пре песимистично. Ајде иш пмсу еден...ИШ!
Разлика помеѓу жена во ПМС и терорист??? Со теротистот може да се преговара Неможам самата да се поднесам не ми е јасно како преживуваат другите околу мене
мене овие ми се омилени , инаку во пмс деновите се справувам така што, пијам вода повеќе од вообичаеното, наместо 1.5л вода, во тие денови внесувам 2л, конзумирам мед насабајле, а навечер краставица без зачини, ме спасува. секако подобро се чувствувам, помалку подуено и напнато. да не се овие неколку трикови ќе бидам како овие на сликата
кои симптоми ги имате 2 недели пред добивање на менструацијата ? (освен смеење и песимизам) ако воопшто ги иматее ?
освен што ми се зголемуват градите други симптоми немам барем не сум приметила а кога ќе почне мала болка во долниот дел на стомакот право за пола саат добивам и почнуват мн јаки болки проследени со гадење и повраќање
Значи kај мене почнувa со главоболка,кој како што ми се доближува времето за идење е се почеста, а и почетно отекување на градите.
Aхамм,и кај мене е истото само сакав да знам дали и кај други се појавуваат две недели пред добивање на ментруаацијата фалааа за одговоритее
мене стомакот ми е подуен како бремена.а еден ден пред да ми дојде и првиот ден многу ме боли главата по цел ден и цела ноќ,и да се напијам таблета не ми помага
Јадам, не дека не јадам и во другите денови, ама тој период сум со еден збор стока. Плачам, пискам, вриштам, се живо ставам на листа за убивање. Често водам длабоко емотивни разговори, сто пати повеќе љубоморам и кажувам работи во истите разговори кои претходно сум се плашела да ги кажам. Ослабувам до 2 килограми, иако јадам толку многу. Друго не ми текнува.
Го обвинувам за сите непогоди во мојов живот. Да добивавме менструација од раѓање, ке мислев дека денот кога сум се родила ми бил централен во ПМС-от.
Мене ПМС ми почнува една недела пред да добијам. Некогаш и десет дена. И многу ги мразам тие денови. Премногу сум емотивна (јас и онака сум ) ама во тие денови ми е многу поизразено. Плачам за ситници, пукам од нервоза за се и сешто и незнам да се контролирам, депресивна сум. Било што може да ме извади од такт. Градите ми се зголемуваат и премногу ме болат, стомакот ми е подуен но не ме боли (болките почнуваат веднаш штом ќе добијам), главата толку ме боли што мислам дека ќе ми експлодира во секој момент. Јадам премногу, значи премногу. Благо, солено... Не пребирам. Со еден збор: Кошмар.
Треба да добијам деновиве, и сум хорор и за самата себе и за другите околу мене. Па колку пати само во текот на денов размислував за смислата на животот, се изнервирав, па се развеселив. Едно време пеев под тушот, и излегов расплакана оти ми текна на нешто. Ми се пријаде маслинки, а вчера ужасно многу ме болеше стомакот - никогаш не ме болело така. Ми иде на моменти да напишам роман, следниот си викам а зошто па да пишувам. Како што е период за поинтензивен друштвен контакт - читај, слободни четири дена - ги збеснав сите околу мене. Најново, на кршење јајца во црква се развикав оти ме избуткаа, и му спискав на еден. Шејм он хим. И за крај, еден поздрав со сликава.
Мене пмс ми се појавува негде на срдината на циклусот,проследено со подуеност во стомакот,болки во градите,мозолчина за стискање по лицето,менување на расположение на секои 5 мин.А кога сум пред добивање два-три дена немам ништо не чуствувам ништо.И кога ке добијам ретко имам болки во стомакот