Засилени емоции, нагли промени во расположението, преголема емотивност, за секоја ситница можам да се расплачам. И најчесто многу дрдорам, се глупирам, сама не можам да си се поднесам
Ете деновиве ме дрма. Денес јадам како протурена. Уште во 8 се разбудив пошо ми се јадеше. Прееска околу 1 ипол се најдов со дечко ми, да седнеме негде на кафица. Во меѓувреме јадев еден француски. Седнавме во ања. Нарачав кафе па ми се пријаде од тие вафлите нивни (а до сега ги немав пробано). Абе лиги ми течат и готово. Нарачав. Го изедов. Дечко ми беше . Не ме видел до сега таква. Попосле ми се пријадоа кисели гумени бонбони од оние во Рамстор што одат на мерење. Он почна да ми се смее. Првин и јас се смеев, па почнав да плачам. Баш да плачам. Јас му се налутив. Почнав да му зборувам дека он мене не ме разбира, не ме сака, несака да има односи со мене (да напоменам дека не сме имале 2 недели, некако цело време со обврски сме). Јас сеуште плачам. Он ме убедуваше дека нема врска, ме сака итн. Јас се изнервирав и му раскинав. Прво мислеше дека се заебавам, ама јас бев озбилна. Бараше причина, јас му кажав дека не го трпам веќе. После пола саат кога ми помина тоа лудилото, му реков дека го сакам и дека неможам да живеам без него. У меѓувреме се испокаравме јако. Он пак остана вака Ете таков е мојот ПМС
До пред нешто повеќе од 1 година имав ПМС во форма на истоштеност пред циклус, подуеност и блага нервоза, али ништо страшно. Доживеав голем стрес и после тој стрес почнав да имам многу многу поизразен ПМС кој е проследен со главоболки, неконтролирано јадење (не ми се јаде вистински ,а ми доаѓа да изедам се околу мене ), ми се плаче хистерично, мислите ми се во хаос, секој за нешто ми е крив, страв, огромна нервоза, нетрпение, растревоженост, ќе убијам некој пикиран (не буквално ама знаете како е )...се плашам и сама од себе дури поради тоа што го чувствувам. Ако во неПМС период некои работи што ме нервираат успешно ги одбегнувам, ги игнорирам или смирено ги решавам, ПМС е период кога лесно можам да излезам од контрола. Не знам каде да побарам помош ама ме плаши ова ПМС-ов да не ме поремети трајно
јас конкретно сум во пмс- не сакам ни да го именувам- и секогаш кога сум, па и денеска, збеснувам, буквално. Ми се вртат глупави мисли во главата. Дека дечко ми намено ме избегнува, а при здрав ум и разум кога сум знам што се случува и зошто ни се случува така овој период, и сешто ми поминува низ глава, и нема спас.
Jа ПМС не ни приметувам кога имам ( откако ќе ми помине сфаќам до што било моето расположение те.е кога ќе ми дојде црвенава тетка уствари сфаќам дека сум била во ПМС претходните 4 5 дена ахам значи добра сум Битно е дека некад сфатам ( боље икад него никад ) Причина заради која не знам дека сум у ПМС зашто теткава кога и прдне на памет си доаѓа безобразна една Пред 10 дена исто имав добиено а отприлика пред 15 дена има ПМС ( абе кој што стигне и како сака си прави ) Више не се ни замарам се откажав и ја си правам како што сакам ( мада малце е досадна) ама тоа ми е трпи и ќути! Еве на пр. вчера ми дојде а претходните 5 дена прво се скарав со дечко ми, па имавме секс, па пак се карав па после ми се спиеше цело време ( значи кој знае колку време си немав легнато во 10 и станував во 10...е сега и то чудо бидна ) Добро беше зашто видов бел ден среќа времето се погоди викендов најубаво Еее после откако се наспав, почнав да јадам све живо и диво и мир на бев не се карав со никого...откако изедов све пак почнав да се карам и емоции да ми удараат во глава а Е да и сонував скоро секој ден реални сонови.И вчера ми дојде и сега имам несоница Чувај боже...( ако ме сфати некој супер ако не пак супер...а не е ни страшно пошто ни ја не се сфаќам ) Ете така ви ја опишав у кратки црти последнава недела! П.с. Со закон да се забрани менструцијата! (требаше со болд и огромен фонт може кога ќе е потенцирано ќе го усвојат законов ама ме мрзеше веќе напишав )Ете обично и не пишувам толку пошто ме мрзи ама еве сега постПМС не ме мрзи па си се распишав.... .
momentalno sum vo PMS me trese, se smeam ko da mi fali nesto (пијам по 2 б6 3 пати дневно не помага) се ме чеша, се ми смета, со сите се карам имам НЕВЕРОЈАТНА сила и храброст за се, и згора на се сум и хиперактивна (гледам да не бидам дома, да не им создадам на моите нервози) ме болат градите, ме болат јајниците немам контрола колку благо јадам(чоколадциња, сладоледи) i nemam vlakna na jazikot
ми се јаде ненормално многу тогаш сум во депресија градите ме болат и мускулите на нозете и под пазувите
Многу сум нервозна , јадам како луда и имам неподносливи болки во долниот дел на стомакот и половината
Исто како и на сите и на мене ми е терсене тие денови Откако ги прочитав статите на фемина за ПМС и менструација се ми е полесно Значи ако ги следите тие работи нема ни да осетите Инаку еве линк: Spoiler http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5/%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%BD%D0%BE/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC-%D0%BF%D0%BC%D1%81 http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 1%98%D0%B0 http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 1%82%D0%B0
Леле, гарант сум пишала на темава, ама да се олеснам пак. Сега сум моментално во ПМС. Имам испади ама не многу повеќе од нормално , некоја благо поголема нервоза. Како и да е, тоа не ме потресува толку колку физичките симптоми, а особено подуеност и болка на градите Мн ми е мачно. Негде прочитав дека калциум помагал за намалување на подуеноста и болките, па планирам да пробам. Друго, кога ми почнува ПМС имам мачнини и ми се гади, а брзо пред да добијам ми се отвара апетит дури јадам и благо (а вообичаено, освен ако не ми падне шеќер, немам некоја потреба). Јадам три пати позачинето од вообичаено и обавезно храна што во другиот период не можам да ја поднесам Болки во стомакот недела-недела ипол пред добивање ми се стандард, за целосно да ме исцедат првиот ден кога ќе добијам. Инаку ПМС-от ми трае 10-14 дена од кои последните 2-3 ми иде да си ги откорнам градите како сега!!!!!
Јадам како свиња Мразам кога сум во ПМС еве баш сега сум во ПМС и празам се околу мене па и самата себе си се мразам
све ме нервира се карам со кој стигнам, се лутам и плачам за скоро све .. ме боли и стомак и кичма и главаа...
Site se ;uvstvuvame taka...samo se karam so site,se nerviram bez potreba,mnogu mi se jade[osobeno blago] mi izleguvaat mozolchinja i uste povekje izbuvnuvam[podobro toj period nikoj da ne e vo moja blizina!]
Овојпат имам ПМС многу порано од вообичаено, што значи дека ќе ме држи најмалку две недели. Подуена сум, нервозна и многу јадам. Катастрофа.
Минатиот месец демонстративно му раскинав на дечко ми затоа што не сакаше да оди еден спрат подоле и да ми ги земе еклерите што ги нарачав . Му се развикав, му кажав дека е ѓубре што не ме почитува, не ме слуша и не сакам више да го видам, се расплакав и му раскинав. Додека он уште пробуваше да разбере што се случува со мене јас си легнав во 21.00 и станав во 4 сабајле. И сето ова се случуваше кај него дома, е ајде сега некој нека најде логика во ова.