ПМС (Предменструален синдром) не си ти крива ... лоша ти била тетката а богами и мојава денес се нешто ме нервира... среќа што нема никој до мене инаку ќе си го добие
Ќе се преживее ли бре?! Се напукав со магнезиум и б12,нека ми писне само! Оддамна не сум имала толку тежок пмс...ми збоктиса и од настинките и ова ѓубре...ах ќерата. Ќе почнам да јадам живи мажи чувствувам,татко ми пред малце ја окрка и мангупски ми се сврте и ми рече,ти имаш пмс изгледа,ај не ме замарај,сум осетил јас,мислиш не!
Овој месец беше страшно! Ваков ПМС одамна не сум доживеала. Си плачев, си плачев зошто немав дома Нутела, ниту пак некој сакаше да ми купи а имав направено палачинки. И така од нервоза скршив две-три чаши и ја претепав перницата. Чудно, чудно Што треба да трпиме, па и тие околу нас
Јас сум си многу фина кога сум во Пмс, но препорачливо е да бидете што е можно понастрана зошто касам. Ете и Петко знае и он има Пмс секој месец, си се караме т.е. јас се карам а он ме гледа и мора и он да се кара, ако молчи знае веднаш ќе почнам „ти не ме слушаш, ти не ме сакаш, каков вереник си ти, ти си идиот, јас незнам како можеш така, па стварно си безобразен...Што си ги фрлил таму чорапите скоте еден невоспитан, срам да ти е, јас што сум ти на тебе? “ и почнувам да плачам и сум досадна. Како ЦД на рипит кога е, се едно исто. И кога ќе завршам со цмиздрењето следува лигавење „Петкоооооо знаеш што? Ми се јадееееее, ама знаеш што? 7ца или МекДоналдс, ќе идеме? А? Ама Петкоооооо па ајдееееееее те мооолааам, како јас се те слушам ...“ И ако каже „не“, пак од почеток почнувам да се карам. Вака си се караме, а он веќе си знае ако плачам треба да ме теши, ако викам и тој да вика, ако почнам да тепам нека бега. Стварно сум многу лоша тогаш, се ме нервира и ако на нешто/некој не му најдам маана кога сум во Пмс тогаш тоа мора да е совршено 100%.
Недај боже да ми се приближи некој во овој период. Ќе си го добие на велико богами Инаку моите симптоми се: кршење (за среќа полесни и безвредни работи), врескање, плачење. Во тој период по можност подалеку сешто е убиствено како цигари, алкохол, за благо да не правиме муабет Самоубиствени нагони во огромен број. И ми недостига уште една потреба за која несакам да зборувам Не, не е на арно Во тој период психијатар мислам дека донекаде ќе ми заврши работа
Јас коси скубам за чипс во ПМС.И сега исто.Одамна не сум имала вакви болки мислам ми растат двете испакнатини.Се карав со татко ми додуша секогаш се карам ама сега и јас се инаетам и тој се инаети и така си тераме како и двајцата да ќе добиеме.Една недела еј ме мачи...добивам нагони да задавам некој од нервоза и шо е најжално дечко ми само ме разбира,а дома не им е познат тој поим. Заклучок:Кога жената е во ПМС може да изврши и убиство и никој не смее да и писне
Аха да, трагично е. Тогаш сите ме мразат, сите ме искористуваат и сите ми грешат. Спомнав ли дека тоа е во периодов ?? Значи промени во расположение, ооооо колку ги мразам. Не знам како е можно да се толку изразени, буквално сум способна за еден час да променам 10 расположенија. А плус пијам и Диане35, наводно ги смирувале симптомите на ПМС. Којзнае што ќе се случи ако не ги пијам. И мислам дека треба да се отворат некои клиники/лудници, во кои ние жените би биле изолирани таму за времетраење на ПМС. Си одиш фино лепо таму, те сместуваат во соба со бели ѕидови обложени со душек, плачеш, врискаш и јадеш колку сакаш и по 5 дена кога белите ѕидови ќе станат црвени, си одиш дома. Совршено, нели ??
ПМС.....уф.. да речеме дека сум без гајлиња само една недела во месецот. Пошто мене симптомите ми почнуваат две недели пред периодот, ми останува само таа една недела отпосле XD Емотивно и психолошки за среќа немам некои драстични промени, обично некој ден пред да добијам сум почувствителна и зголемен апетит. Но, болки......неподносливо. Тоа почна пред 5-6 години, сега сум 23. Две недели пред да добијам ми се менува Пх вредноста во вагината (ова ми го објасни доктор) и се мачам со инфекции и слично. Недела пред да добијам градите ми стануваат лубеници и не можам да се пипнам. Почнуваат болки во стомак, грб нозе....Е, кога ќе добијам...Парализа од половината надолу. Невозможно. Никакво апче, никаков чај, ма ништо не помага, и не можам да зборувам со никого, и не сакам никој да ме чепка. Неколку пати имам завршено на брза помош од енормни болки, на инекции и инфузија. Среќа го нема психолошкото пореметување, инаку ноќна мора скрос ))
значи од плачење може за две секунди да се смејам-КАКО ЛУДА...немам болки (одвен минатитот месец кога завршив на хитна со инекција (кетонал фаљда) никогаш не сум имала потреба ни од таблети ни инекци ама минатиот месец е богами се полудев и уште нешто ако видете дека јадам чоколадо како луда-знајте дека е периодот
тоа е мојот моментален период абе како свиња ненаситна сум ништо не ми се прави,можам цел ден да седам и да гледам во една точка и ич да не ми биде гајле за никого,порано мајка ми си го добиваше дебелиот крај од овој период,ама сеа ми е тука тој и некако полесно ми е пошто е веќе навикнат ! ама ајде веќе и пмс и се у пм, ах жени
Обично сум мирна не праам некои посериозни проблеми ама затоа се ме тера на плачење,ми иде секогаш некого да истепам(иако не го применувам методов за среќа),и у последно време ми се јаде како свињче некое незаситно сум.мислам дека 3 кила се дебелеам! ааххх како ќе с издржи,мислам дека коа иам ја добиено како цела куќа да има!
Јас имам огромна промена во расположението, покенкава сум, се` ме иритира и си барам `рчки. Се` би дала да не е така, ама заради физичките „проблеми“ во тој период нема нешто што не ми моча по нервен систем. Едвај седнувам бидејќи половината ме кине како стара баба да сум, за јајниците да не правам муабет, градите ми доаѓа да ги исечам со сатар.
Менструација Дечки можеби има веќе поставено вакво прашање но ајде да си прашам јас... како се однесувате кога имате предменструален синдром ? јас искрено неколку дена пред да ми дојде се однесувам ко ненормална никој не можам да трпам...
Менструација Јас ни сама себе некогаш не можам да се поднесам, така да, се е нормално Иначе, некогаш многу на јадење ме тепа, некогаш на плачење, некогаш на нетрпеливост и нервоза .... Па на благо многу, на спиење многу, секој месец различно, така да, што и да е, во пмс, се третира како нормално
Менструација Немам болки , ама многу сум изнервирана , јадам благо и напнувам . Затоа подалеку од мене хахах
Менструација во таа нервна фаза сум градите ме болат,јадак ко ненормална и се ми смета... овие денови ќе се дружиме со проклетата
Ме болат градите, имам променливо расположение, плачам без причина, јадам премногу (поготово благо), може и да се случи да се за'рчкам со некој.
Да, магнезиум помага многу, ама за болките (бидејќи ги регулира течностите во организмот). Меѓутоа расположението.. нема спас хаха
Еве баш сега сме, и градите ми се отечени, ме болат страшно, стомакот ме боле многу, градите ме болат веќе 3 4 дена значи денес или утре ќе ми дојде.