Пребарав по форумов и видов дека нема ваква тема, се надевам дека не грешам. Сакав со оваа тема да поттикнам дискусија за тоа што ви се случува за време на пмс, дали имате проблеми во совладување и сл? Еве јас конкретно сум во пмс- не сакам ни да го именувам- и секогаш кога сум, па и денеска, збеснувам, буквално. Ми се вртат глупави мисли во главата. Дека дечко ми намено ме избегнува, а при здрав ум и разум кога сум знам што се случува и зошто ни се случува така овој период, и сешто ми поминува низ глава, и нема спас. Вам?