1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пад на еврото?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од kolovoz, 26 ноември 2011.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.665
    Допаѓања:
    6.219
    Во последниве неколку дена се зборува се почесто за европската криз која после Грција ја зафати Шпанија па Италија,...се зборува се почесто за опстанокот на еврото, некои даваат прогнози дека тоа ке опстои до крајот на 2012 некои до крајот на оваа година...
    Што мислите вие?

    Јас на пример сум песимист, сметам дека сите земји ке се вратат кога тогаш на својата валута, и мислам дека за некои тоа ке биде порано Грција, Италија, Шпанија, а за останатите малку подоцна, но неверувам дека тоа ке се случи оваа или наредната година, можеби за овие трите но не и за останатите членки...
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Пад на еврото??

    Грците земале се спротивставуваат на ЕУ, ќе ја враќале драхмата. Епа, затоа не можат да излезат од дупката во која се паднати. И лично сметам дека кризава за Грција намерно Европската Унија ја дозволи, зошто кога тие земаа астрономски плати, некој тоа го гледаше и сепак им дозволуваше за секако - да дојдат до овој степен денеска :) Ништо не е случајно.
    Еврото според мене ќе си постои уште добар одреден период, експерти предвидуваат и дека ЕУ ќе се распадне но, сигурно нема сега.
    И не знам што се стреми Македонија кон ЕУ, или тоа е само филм колку да бидеме и ние во кошот со други земји, пошто нели сите сакаат да влезат во ЕУ, пфф сигурно. Што виде лошо Швајцарија со фактот што не е во ЕУ? Многу убаво се живее таму, едноставно немаат потреба :)
    Ние треба да гледаме да се стремиме повеќе кон НАТО, отколку да правиме филмови и дури и да сакаме да влеземе во ЕУ да не форсираме толку. НАТО многу ни одговара, за ЕУ не сум баш сигурна.
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Пад на еврото??

    Грција од старт не ги исполнуваше критериумите за влез во ЕУ, башка што и години наназад земјата си водеше таква економска политика на што е одраз изразот ,,должен како Грција,, кој не е нималку случајно одбран. Си ја прифатија ЕУ како галениче и‘ ги крпареа досега успешно дупките од долгови, ама сега им снемуваат закрпи во евричи, а таа блефира како разгалено и каприциозно детиште, кој што си дробел нека си срка.

    Што се однесува до мене немам 100.000 евра на штедење депонирано ни тука ни странство, немам ни износ со - 5 нули заправо, така да не само што не ме мава песимизам, туку и мува не ме лази.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Пад на еврото??

    Уште со почетокот на кризата а посебно кога и Европа ја дрмна еврото се одржува по вештачки пат.
    Факт е дека САД замерачила да ја растури Европската Унија, што покрај политички цели и освојување на нови пазари, еврото како валута е појако од амер. долар. Лошо е што Јапонците замешаа прсти во ЕУ а тие се вечни ривали на САД па ке водат ладна трговска војна на тлото на ЕУ...
    Лошо е што нашиот денар е вржан за курсот на еврото. И нашиве знаат дека се одржува по вештачки пат и затоа се запрашаа пред некој месец дали денарот да биде фиксен или флуктоирачки. На некој си начин е мач со две острици, или ќе заживее пазарот или ќе не убие инфлација.
    Верувам дека ќе пропадне ЕУ затоа што ист раст и развој на многу држави тешко се одржува. Уште од старт некако вештачки се замисли таа демагогија. Факт е дека и ,,еки,, како валута не виде бел ден и пропадна, али ок, можеби тогаш беше време да се направи некаква глобализација на Европа за да биде некаква си против тежа на САД.
    Како и да е тука има многу политика и перење пари а ние се уште не стигнавме да влеземе во ЕУ а таа се распаѓа :) . Ова ќе бидат идни наслови на наши весници :lol:
     
    На Zaljubena111 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.062
    Допаѓања:
    246.081
    Ама ние не сме Швајцарија. И многу ми се без врска овие спореди. Како може мислам. Далеку сме ние од Швајцарија, на нив секако дека не им треба, ама ај ви се молам

    И имаме сега причина зошто да не се стремиеме за влез во ЕУ. Еве ќе се распадне, а и еврото ќе падне.
    Фала богу што извештајот ни беше толку лош инаку датум за преговори ќе ни дадеа и после што :^) .
    Ќе станевме членка на Европска унија.
    Убаво си знае премиерот, ќе си се скара со Филе, и ќе не спаси да не влеземе во ЕУ.
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Да, и јас како некои `експерти` :rofl: , предвидувам пад на еврото. :worried:
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Европа односно еврозоната се тресе веќе подолго време.
    Тоа дека Грција од старт не ги исполнуваше критериумите за влез во ЕУ е јасно како 2+2 на секој. Тоа дека Грција со години ги фалсификувала документите и извештајите за ЕУ веќе одамна излезе на виделина. Тоа дека оние краватоидни снобови кои ги пополнуваат канцелариите на европските институции и земаат тешка пара успејаа да „не забележат“ дека Грција со години лаже - е друга работа.
    Што е тука е.

    Грција беше последен пат спасена со "bailout" планот кој беше изгласан минатиот месец со огромни тешкотии. Последна се спротивстави малата и навидум безначајна Словачка. На крај се согласија и тие, и иако оваа мала земја ја препоти Европа со својата одлука да не учествува во помошта на Грција разбирај - во фрлање на парите во црна дупка (сосема разбирливо и алал да и е за ова), сепак Европа го изгласа пакетот кој требаше као демек да ја спаси Грција.
    Словачка денес нема влада, тоа беше цената која ја плати. Ем ќе ја ослабне сопствената каса ради предвремени избори, ем ќе им дава пари на Грците. И не е единствената земја без влада. Криза има во Белгија веќе некое време и сеуште не можат да формираат влада - а да не зборувам за тоа како Стандард&Пур им го намали рејтингот. И не само на Белгија. На Кипар исто така.

    А дека само Грција ја влече Европа надолу е глупаво да се мисли. Одамна се знае дека не е единствена. PIIGS земјите се у дубоки с*ања, народски кажано и е прашање на време кога Португалија, Италија, Ирска и Шпанија ќе паднат.

    Да, реално може да се деси да падне еврото и после ќе настане многу интересна ситуација. NOT! А наивно е да се мисли дека ако падне еврото економиите на останатите европски држави кои го немаат како платежно средство ќе бидат поштедени. Вистинските експерти и економисти би знаеле поарно ова да ни го објаснат.

    Не е на арно. Сериозно не е.
     
    На glamour-lady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nada-nada-nada

    nada-nada-nada Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Се додека оваа мало-голема земја Македонија се натртува да си го продаде угледот за најситна пара,некој сожалително и јадно ја гледа.Па знаете многу давано тело не е здраво,многу газена земја не е плодна. Јурииишшшш ,одиме во ЕУ,дај што даш. Се гадиме ли од сопствениот народ и сопствената земја та сами ја уништуваме.Бегајте големи и уки македонски глави бегајте од својата земја оти ке ве отсечат, а своето знаење-иноваторство на туги народи дајте го- тие кои ке ве уништат.
    Е македонецу се срамиш и гадиш од името сопствено,па рајгаќи деца имињата македонски ги отуѓуваш.Кој си и од каде довагаш ? Оди си невистинито име,оди си ти не си Македонија.
    Но застани пред да си одиш еве ти патем едно евро,да ти се најде.
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Со оглед на тоа што т.н. индикатори на конвергенција за влез во ЕУ се мереа на крајот од 1996/7/8 и не се согласувам дека е јасно како 2+2 на секого, колку беше реалното отстапување на Грција и по однос на стапката на инфлација и по однос на задолженоста, споредено со другите аспиранти за влез во ЕУ. Исто убедена сум дека дел од народот и не е свесен дека дека Грција не ги исполнувала критериумите воопшто.

    Инаку Германија веќе почна да печати марки, што е сигнал дека може да дојде до напуштање целосно на еврото, ова го прави под изговорот ,,за секој случај,,.

    Ние имаме фиксен девизен курс врзан за еврото, што означува цена на еврото во фиксен износ. При целосно укинување на еврото ќе се конвертира во нејм ит која валута дури и во денари по желба без загуба кај оние кои имаат заштеди орочени во евра, говореше и Гувернерот на НБРМ на вести пред некоја вечер за истото. Плус, има и соодветно осигурување на штедните влогови, така да и да не може да се врачат во целост заштедите, тоа гарантира некаде 90% враќање на износот на поголемите влогови затоа споменав да имам 100.000 евра заштеда, па изгубам 10.000 имам причина за грижа, вака си свиркам, немам што да изгубам.

    Меѓутоа, ако дојде до депрецијација на еврото, знаејќи дека секоја депрецијација е инфлаторна, ги зголемува цените на инпутите - само нафтата да ја земеме за пр. јасна е сликата, без добра стабилизациона програма ќе има ширење на инфлација, значи ќе ,,увеземе,, инфлација.

    Целава криза или евентуален крах многу повеќе ќе се одрази на земјите во ЕУ, иако нема да бидеме и сами поштедени од пренос на негативните ефекти на истото, ама многу помалку во однос на првите. Ама, ние сме ти навикнати на кризи, кризираме веќе со децении, нека му ја мисли разгалената младина на ЕУ повеќе.

    Ех, да, ако некој има сенс за њушење на текот на вакви разнишани и плодни за шпекулативни игрици услови :geek: , сега му е мајката.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.