http://how-to.ask.com/other/how_to_kill_a_palm_tree Tа-даааааам! Да не е лошо случајно? Бре хејтери едни.
Aбре,немојте,ќе види некој од власта,ќе ве пикне во затвор што ги озборувате светите палми!!! Они се мачат тука да направат циркуз од Скопје,вие се смеете на тоа,абе ајде А и најлошото,во ќелијата палми ќе ви стават.И пластични,и светлечки,и летечки,и лимени,и гумени...
АХАХАХАХАХАХ..леле гледав пред некој ден на вести го интервјуираат Коце за палмиве, и си се смешка палмите биле убави на море го потсеќале -.- Има и еден виц, не го праќајте Коце во Венеција, ќе ни го поплави Скопје хахахахахахахах
Ок неможев да издржам Ајде барем сега некој се труди да направи нешто,макар тоа биле палми, бикови или шмизли Некој се труди да направи нешто од Скопје Што се направило во Скопје пред да се смени власта? Не сакам да сум ептен политичар и јас да ја оправам државата, ама ништо не признавате колку и да е тоа ТРУД
Па јас искрено не сум за тоа - боље нешто, него ништо. Ако се тоа шмизли, лавови (еден од животинското царство, а еден свемирски), зелено девојче, бикови и палми покрај река - подобро ништо. Подобро нешто асално - отколку нешто неасално. А ова се' горенаведеното е - неасално. А тоа - леле бе вие народот ама сте неблагодарни, барем нешто се прави, мене ми е оправдување за простата, неписмена раја. Милиони евра се испрани за да некој си ги наполни џебовите, а за возврат добиваме - палми. Дајте ве молам... Башка, да не ја разглабаме и тука, си има тема Скопје 2014, таму е сериозно, а тука се пукаат палмите и кој е за ремет и насмевка, бујрум. Палмите се смешни, бедни и не му доликуваат на Скопје. Подобро да се вложеле пари во една пристојна ботаничка градина.
па се нервирам бе Офи Нека го избришат моето мислење немам ништо против, само сакав да си кажам што ми лежи на душа Јас немам ништо против палмите и баш ме радува што нешто во нашиот град се прави.
Ова е преокрет, вие смејте се ама ако порано липите беа заштитен знак на Скопје, сега се пламите. Градот убав пак ќе никне, сонце ке пукне а ние под палмина сенка ќе си седиме...просто ме инспирираат палмите и Коце, он е мојата муза.
Итно да се воведе задолжително плажирање под палмите со палместа фризура. Иначе, ништо ич, џабе тропската клима.
Јас од се' срце се надевам дека ќе се пушти оваа песМа на свеченото отварање. Сакам доживувањето да е баш комплетно. http://www.youtube.com/watch?v=5-UumEsN ... re=related
Треба да се прогласи ден на палмите Секоја година на истиот датум да садиме по 2000000 палми In the jungle the mighty jungle the mayor sleeps tonight
.... Ќе осамне, кај и да е, на фејсбук некоја профилна слика со палма. Прво со бикот се сликаа, па со шмизлата, сега палмите... Кој ќе се качи повисоко. Кој ќе опфати повеќе палми во сликата. Кој прв ќе легне под палмата и ќе се сунча. Кој ќе украде прв палма. Арно пролет оти иде. Да идеше зима, пола Македонија на крадени палми ќе се грееше.