е сеа ти па до толку не ,ама чуствувам на моменти дека тонам дека секој момент ке паднам а до толку да се изолирам не
http://panicend.com/unreality.html Тука пишува за тој симптом, а и добро е целиот сајт да се прочита, убаво се објаснети некои ствари.
Елицеата не се воопсто штетни дури мислам дека се и на природна база по консултации со многу доктори искрено ги препорачуваат...ова ти го кажувам пошто дечко ми сеуште ги пие иако нападите престанаа после месец до два...А за твојот проблем мораш да му кажиш барем на некој со кој си постојано дечко другарка за да не те паничат уште повеке и во тој момент мора да ти прават постојано муабет на други теми за да ти ја одтргнат мислата....јас лично веднаш почнував да го прашувам нешто друго шо нема врска со нападот али сепак прашанја на кој мора да ми одговори блиц и на брзина за да го фокусирам на друго...он вика дека многу сум помогнала...
добро е еве денес двапати осетив дека ми доаѓа пак истото чувтство дека ќе паднам ама издржав некако ,почнав да кажувам вицови многу да се смеам и помина ....ете туку така дури и се изненадив )))
едно прашање кога сум под голем стрес имам отежнато дишење рацете ги тријам една од друга и целата се тресам и исто имам голема главоболка дали е тоа напад на паника или обичен стрес ?
Ако немаш ништо друго од наведените симптоми, мислам дека е само обичен стрес... Повремено, и после ти поминува. Мислам дека паничните напади го доживуваш повеќе пати, и страшно е тоа. Инаку јас фала Богу не ми се случило нешто вакво, да чукнам во дрво но си имам сабо обични стресови, како секој друг нормален човек нели. Човек без грижи нема
http://www.anksioznost.net/izlecenje-napada-panike доста добро објаснето како да си помогнете.. од лево имате и симптоми, што е уствари напад на паника и што да правите кога имате напад на паника па на крај ви е најтрешкото но не и невозможно-> лечење! Јас лично мислам дека вакви проблеми и напади имаат луѓе кои не можат да ја контролираат сопствената психа. Се е до психата луѓе! Вашата мисла го гради вашиот живот! Ако сакате да ви биде убав, градете го со позитивни мисли или едноставно кажано не мислете многу, уживајте!
Све е до психа како ја наштелуваш така ке ти работи, ако ти константно мислиш на проблемот кој и реално не постои КЕ ПОЧЕ ДА ПОСТОИ...од психата луге бубрег може да ти откаже...затоа само позитивни мисли у глава...не туку си ги пронаогај сите болести на светот не туку паничи...едноставно опушти се пиј си ги апчињата ( тие се тука да ни го олеснат животот) и само со позитива ке ти биде подобро!!!
Често ми се случува кога учам ,а сум преморена.А тоа е на крајот на годината.Лани воопшто неможев да земам воздух страшно беше,а после плачев 10 мин. Сега да чукнам во дрво не ми се случува
Ми се има случено вакво нешто и тоа токму со овие симптони.Беше пред една година ама уште ми е страв од таа случка.Престрашно е. И никогаш не би сакала на некој да му се случи.Мислев дека ќе умрам во секој момент,се тресев,се потев а ми беше ладно, срцето пребрзо ми чукаше,ми се вртеше и матно гледав. Сето тоа траеше 15-20 минути ама изгледаше како да нема да престане.Кога малку се смирив изедов цело чоколадо и две кришки леб.После 5-10 минути си легнав ама цела вечер уште се тресев и плашев пак да не ми се случи. Ама од тогаш ми се нема пак случено и не дај боже да ми се случи.
Не знаев реално каде треба да го сместам проблемов, минав низ сите теми, всушност најверојатно е за темата Панични напади Значи, оваа состојба ми е нова, релативно, започна пред 2,3 месеци... и еве замислете сеуште ми се влечка иако сметав дека ќе заврши, ќе помине... Бев при крај со факултетот, ги чекав последните колоквиуми, Мај месец, а предходно do kraj na dekemvri, na sred семестар одев и на еден дополнителен курс од три месеци, секој ден што стварно беше тежок, и напорно беше, ама го завршив успешно и бев и повеќе од задоволна . По тоа, при крајот на последнава година студии, малку можеби и притисок насобран од се предходно, и од крајот, и почнаа да ми се појавуваат напади на паника. Неосновани всушност, една вечер ми се слоши и повраќав од лоша храна, но пред да повратам пошто се осетив лошо почна да ми се развива паника, тахикардија, и иако повратив, не ми се смири стравот..па завршив на брза помош со инекција за смирување... некои чудни глупости ми се увртеа во глава, а воедно и се прашувам да не се работи за некоја депресија, тие паники, ми се јавуваат еве сеуште , наутро, штом ќе ги отворам очите, се соочам со денот, и почнува неосновано да ми лупа срцето забрзано, ...... немам никаков поголем проблем всушност освен меланхолијата од фактот што повеќе никогаш нема да сум студент, нити ученик, заврши тој дел од мојот живот и сега настапи време за работа, другото се е како што треба, планови за шетање, одмор, работа од септември, дома се е ок, .... но некако веќе по овие два месеци уморна сум од ова што ми го оптеретува мозокот. Стравот на почеток кога ми се лошеше беше да не се онесвестам, или замислете од срцев удар, ... па читав на интернет каде што уббаво пишуваше дека треба да сфатиме дека тоа не може да се случи, од напади на паника нема тоа да се случи и не се случува всушност ништо со нашето здравје, туку тоа е психичка состојба.. и ми олесна после тоа, заборавив на умирањето хехе , па ми се уврте во глава дека полудувам.... дека запаѓам полека се подлабоко во депресија, дека можеби никогаш веќе нема да го осеќам тој спокој што го осеќав, нити да сум смирена, и дека можеби се полошо ќе станува... се борам со сите сили, навистина сакам да имам посилна психа, не сакам да сум вака лабилна и да подпаѓам под овие глупави мисли.. и се трудам, и има денови кога успевам да се одржам да сум ок дури цел ден, без паника,.... ама се појавува некој дел од денот обавезно.... Сакам да си го вратам спокојот и сакам да се работеше за нешто што се лечи на лекар, со некоја терапија апчиња или инекција, и готово. Психата ме плаши.... сакам да не мислам на овој начин... Ослабев 4 кила , апетит ми се губи не ми се јаде од размислување глупости, иако волјата што секад сум ја имала за уживање шетање дружење, ја имам и сакам да сум ок да можам се што планирам да си правам спокојно, но поради тоа што се плашам од моите напади на паника, и од што кога се појавуваат знае да ми се слоши, сврти паметот, не сакам да правам драми, па и дури избегнувам многу да седам ете на пример далеку од дома, со другарки, .... ме нервира ужасно оваа состојба...сакам да си помогнам. размислував за на психолог, но едно што секаде прочитав е дека ние самите сме си најдобар лекар себеси, и сами треба да знаеме да се избавиме од калта во која запаѓаме, затоа и силно се трудам да си помогнам.. Не сакам да посегнувам по апчиња, секад сум била критичар на тие што немале самоконтрола доволно па цело време се под апчиња, .... иако морав да испијам пола хелекс тој првиот пат кога ми се појави, и после тоа уште два пати по пола, и не сакав веќе да слушнам за хелекси, пошто стварно сум била таа што критикувала кога ги пиеле, така да ми предложија персен, пошто биле на билна база, и биле помеки .... ги користев, една недела по 4 на ден се пијат тие, иако не видов некој поголем ефект, појак, пошто од хелексот нормално бев нокаутирана од пола апче за 15 мин, додека кај овие, можеби и придонесоа нешто не викам не, но на подолг рок, и со користење една недела,.... сега веќе и ништо не пијам, само бедоксин по некој онака,... и сум без апчиња и всушност горда сум на тоа што не ги користам а сум по добра од што бев, но би сакала да ми помине ова... дали некој имал слично искуство, и како се сносите со ова... како сте си помогнале... благодарам однапред
Вака...Истиот проблем го доживував јас лани...кај мене траеше цели 8 хоорорни месеци...НЕСАКАВ ДА ИЗЛЕВАМ НАДВОР..МИСЛЕВ ДЕКА КЕ УМРАМ...СРЦЕТО МИ ЧУКАШЕ ПРЕМНОГУ БРЗО....ОД ВРЕМЕ НА ВРЕМЕ ПОВРАЌАВ..МИСЛЕВ ДЕКА ГУБАМ СВЕСТ..ДЕКА СЕКОЈ МОМЕНТ КЕ УМРАМ..СЕ ГУШЕВ....СЕКОЈ ЧАС И ВЕЛЕВ НА МОИТЕ ДА МЕ НОСАТ НА ЛЕКАР...АНАЛИЗИТЕ ПОКАЖАА ДЕКА СЕ Е ОК..ДУРИ БЕВ И НА МАГНЕТНА РЕЗОНАНСА ПОШТО НА ПОЧЕТОКОТ ЧУСТВУВАВ БОЛКИ ВО ГЛАВАТА...МРАЗЕВ ГЛАСНА МУЗИКА,НЕ САКАВ ДА СЕ ОДАЛЕЧУВАМ ОД ДОМА,ДУРИ И НЕОДЕВ НА УЧИЛИШТЕ..ТАА ГОДИНА ВЕШЕ ПЕКОЛНА ЗА МЕНЕ.....НИЕДЕН ДОКТОР НЕ МОЖЕШЕ ДА МЕ УБЕДИ ДЕКА СУМ ДОБРО...САМО СТРАВОТ СЕ ЗГОЛЕМУВАШЕ...МЕ ОДНЕСОА КАЈ ЕДНА БАЈАЧКА ,НИ ТОА НЕ ПОМОГОГНА,НЕЗНАЕВ ШТО МИ Е НИКОЈ НЕ МИ НИ КАЖА ,ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ случајно пребарувајќи по форумот ја најдов темата,но за среќа веќе немам ПАНИЧНИ НАПАДИ И ЖИВЕАМ НОРМАЛНО....ПИЕВ БЕДОКСИН..Мислев дека од тоа срцето ке ми се смири...Отидов на одмор..кога се вратив сеште тоа одвратно чуство беше присутно ...Негде крајот на октомври се се смири и фала му на бога од тогаш до ден денес ми се нема повторено ова... Cleonika ДУШИЧКЕ ЗНАМ КАКО ТИ Е...НО МОРАШ ДА СИ КАЖЕШ САМАТА НА СЕБЕ ДЕКА ТОА Е САМО ПАНИЧЕН НАПАД ДЕКА НИШТО НЕМА ДА ТИ СЕ СЛУЧИ,И ДЕКА СЕ ЌЕ ПОМИНЕ,ЈАС НЕЗНАЕВ ШТО МИ СЕ СЛУЧУВА,БЕВ ПРЕПЛАШЕНА...Но еве,се помина,и сега сум добро...
ПАничниот напад е здобиен од разни последици. Најголем причинител е СТРАВОТ, а како друго бидејки сме анкциозни, или ни се случило нешто ко помали што не многу погодило или случило и ни ја убила мокта за самоконтрола од страв и силата на потсвеста, со што и психата ни ослабнува. Последицата веднаш не се појавува туку години подоцна кога ке ни се случи нешто слично од поранешното. Паничниот напад не трае вечно, но,ако му подлегнеме и ништа не превземеме секако ке бидеме лишени и многу подолго време. Есмо требате да знаете вие со тој проблем: да знаете и научете дека,доколку беше фати напад,да останувате свесни и да се контролирате и да знаете дека ништа нема да ви се случи. Ако почесто имате напади значи дека имате искуство и што научивте? Дека кога заврши пак сте добро, а сето тоа сами си дозволувате да ве обзема и самите сте виновни што сте дозволиле тоа да ве контролира, научете го ова (знам како ви во таа ситуација и тешко е да останете свесни ) Но, "СТРАВОТ НЕ Е ПРОБЛЕМ,ПРОБЛЕМ Е НИЕ КАКО РЕАГИРАМЕ НА НЕГО " јасан ова го пишав од искуство, секако и јад бев лишена едно 3-4 години и искрено се излажав со апчиња што полошо ми правеа немојте да пиете апове ако ви даваат, научете да се справите со тоа или прифатете го тоа во вашиот живот така да ако се соочите со тоа со тек на време ке исчезне.
Анксиозноста и нападите ми се секојдневие. Научив да живеам со нив иако ми е смачено секој ден да се тревожам. Лекови не помагаат ниту пак психијатри. Научете да живеете со нив не знам што да ви кажам. Тешко е да, но поентата е да се чувствуваш удобно во твоето неудобно тело. 3 години ги влечам и не знам како да си помогнам. Не излегувам сама никако на улица. Тоа е...
Девојки ве читам подолго време и еве ви праќам линк од книга што им има помогнато на многумина. Многу е интересна за читање и се гарантира пребродување на ова мачење. Повелете: http://www.panikastop.re.rs Одете на крајот од страната, пополнете како да се нарача е-книга и ке ви стигне на маил за 2-3 саати. Бесплатно е. Пријатно читање!
Јас сум голема паничарка и за се нешто паничам. Дали е тоа да доцнам, да немам време за нешто, да сум направила нешто лошо или да се случило нешто лошо, или не дај боже да се посрамам пред некој јавно, или некој близок да е нешто болен или повреден, јас веднаш испаничувам, ги ококорувам очите, почнам да ги кршам и грицкам прстите, да ми лупа срцето, рацете ми стануваат студени и потешко дишам, добивам болки во стомакот и почнувам да си зборувам сама со себе на глас. Голема паничарка сум Сум пробала да си помогнам ама тешко оди.
При паничен напад : Вдишувај 4 секунди Задржи го воздухот 7 секудни Издишувај 8 секунди This causes an autonomic nervous system shift from a sympathetic (fight or flight reaction) state to a parasympathetic response. ( Незнам како поточно да го предевам бидејќи се работи за стручни термини) Користете го при панични/анксиозни напади,тестови,презентации или било која стресна ситуација. Го прочитав некаде ова,коментарите беа дека е ефективно.
ke ve molam za pomos se raboti za dte 12 godicno ko ke si dojdi od skolo so se canta legnuva da spija od ko ke se razbudi so se canta dvizi niz soba kiznej kolku pati i si povtoruva so si klupila n a skolo posle pak dzvizi i dur ne gi npar rabotite ne se sobelkuva ke se sobleci i ke zastani do komoda i nadava so racete i vratata nos stop da bidi zatovrena televizor isto i smeta majkae nos stop da bidi sojnezene i vika mama nema da me ostaj ke zemi da jadi isamo preprasuva dali bilo zanjze jadejenoto ili viluskata sok samo preparasuva mamo ova zeme e po selden zatovrena stoj ne izleguva nikade ke zemi da pisuva na masta si mestimolivi gi vadi gi preklava se zagleduva vo santata duri majkae e trea nekoj pred meti da gi namesti ako se premesteni do 12 sato ne spijaa kolkupati se premestuva vodrugata kujka da spija
Јас имав напади, дури и по 2-3 пати дневно, најчесто кога сум излезена... две години се борев со тоа, ај почнав во апчиња ама немаше фајде и престанав да пијам, само се запознавав повеќе со тој случај и изтражував,научив се во врска со тоа и знаев како се појавува кога, зошто.... на крај го совладов нападот,го победив... Од последен пат кога имав напад на паника, завршив на болница, нервно-психијатрија, колку ли само се засрамив,не сум била свесна што сум правела кога ми кажуваше цимерката од болница и што сум зборувала, СРАМ!! Од тој пат повеќе не ми се случувало до толку, полсе само кога ќе осетев дека полудувам, а знам дека ќе се изгубам-изолирам, само седнев до огледало се шминкав,хихи, а сега се смеам на тие смешни дешавки секој пат кога ќе ме фатеше паника, ама сеа сум специјалист за тоа, можам некому да помогнам, научув од искуство, и знам кога некој е во таа состојба, што да му се збори а што не или што да му се прави,што не.