Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Панични напади

Дискусија во 'Психологија' започната од anaantonia, 4 јуни 2013.

  1. bidivi

    bidivi Нов член

    Се зачлени на:
    22 септември 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    zdravo nova sum na forumot sakam da mi dadete mislenje pred sedum god prv pst se sretnav so problemot ansioznost pocnav da mislam deka ke padnam bo nesvest i yaa misla me macese non stop pocnav da ne odam bo kafici diskoteki da se plasam od guzva potoa nekoe vreme mi pomina se maziv rodiv no taa misla non stop e so mene da ne mi se slodi da ne padnam strav mi e da sedam doma sama so deteto noke ne odam po fiskoteki sto obozavav da izlegvam nosam so mene voda vo cantata non stop so pomisla da ne mi se slosi nezemsm nikakva spcina i nesakam sakam da mi pomognite ksko da se vrstsm na starata jas koja odese segde i pravese se za razlika od sega sto neodam po diskoteki dtrav od guzi da ne padnam strav doma da sedam so deteto sama nikoj neznaj za ova bidejki nejkam sama se soocvam pisete sovet pozdrav
     
  2. stelaohrid

    stelaohrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    jas pocnuvam da slusam sve kako so eho, so nozete kako da odam po oblaci i mislam sekoj moment ke se onesvestam
     
  3. Слава на Бога

    Слава на Бога Нов член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Драги мои се зачленив бидејќи случајно видов колку луѓе бараат помош и пишуваа на оваа тема па се надевам со моите искуства ќе ви помогнам.И јас мислев дека сум единствена или дека другите живеат нормално а јас немам мир.имав големи паники не можев никако да се возам во тунел мојата помисла беше дека сум во пеколот и мислев ќе снема воздух и ќе се задушам, не смеев во лифт не можев да се среќавам во друштва ниту со една пријателка,ме стегаше грлото како некој да ме дави,не можев секогаш да јадам и голтам мислев при голтањето ќе се задавам дури понекогаш и од сопствената плунка мислев ќе се задавам.имав многу големи главоболки ме држеа по 3-4 дена а таблети не помагаа. Не бев способна да работам бидејќи работев со луѓе по цел ден а имаше и лоши те напаѓаат и се расправат со тебе исто кога стоев ми се вртеше или кога одев не можев право се некако одев кон десно, морав на боловање а со тоа и дополнителен страв дека ќе ја загубам работата.добив таблети од психијатар но од нив симптомите се зголемија за дупло повеќе еден ден осетив како додека ме возеа во кола дека крвта што ми струеше низ телото беше како заледена крв многу ладна а јас ја осеќав и во истиот момент смртни стравови ме нападнаа мислев ми дојде часот најтешко од сите болки што сум ги имала до тогаш голема мака што велам не ја посакувам на најголем душман тогаш во тој момент само реков Господи јас повеќе не можам излекувај ме или ако треба нека се умре веќе еднаш! Се смирив и ги фрлив таблетите.почнав да трагам низ интернетов но на германски јазик ,не ни помислив дека во Македонија има толкав проблем со овие работи јас кога живеев Македонија се ми изгледаше духовно смирено.видов многу луѓе со вакви симптоми кои пишуваат на германски а овој јазик се зборува во отприлика 5 држави,кажуваа кој какви таблети пие а имаше и многу кои бараа излез како да ги остават таблетите бидејќи беа зависни а лек од нив не виделе.не можев да спијам случајно наидов на нашиот монах Партениј архимандритот во Св.Јован Бигорски една песна кој тој ја пее тоа се вика византиско пеење неговиот глас и таа песна ме смируваа ги слушав по 5,6,10 пати и заспивав со слушалки во уши. Пробав во тоа време и други песни да слушам но само ова ја сакав а сега слушам се од него.во песната на едно место ги има овие зборови: Господи смилувај ми се и исцели ја мојата душа,, на овие зборови силно на глас плачев знаев дека само Бог може да ми помогне.отидов кај психијатарот бидејки од таблетите го имав тој смртен страв и таа ледена крв а и мојата докторка сакаше да знае дали ми е главоболката од нервите.психијатарот ми рече што да правам со вас кога не ги поднесувате таблетите извади од ветерината две кутии од други таблети ми ги даде и рече пробај со овие.јас само му реков бидејки ми се ближеше одморот кажете ми дали да одам на одмор ќе помогне ли тоа? Мислев ќе рече не бидејќи и така се сомневав дека нема да го издржам патот ниту пак далеку од овде каде сум здраствено осигурана.но тој рече да оди тоа е добро.го побарав попот во црквата што ја имаме тука појдов во црква да ми прочита молитва.ме праша што ме мачи реков стравови лицето ми беше испиено од неспиење бев бледа слабо јадев стравот беше најлошата болест немаше ни таблета ни операција што го отстранува.единствено што не се откажав да одам барем на саат време во природа да потрчам или да прошетам.
     
    На Syzane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Слава на Бога

    Слава на Бога Нов член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Но се разбира не сама во тој тежок период одев со мојот партнер.имав страв да ги пијам тие таблети и не ги пробав но знаев и дека не помагат само ќе го трујат уште повеќе моето тело.на фб имам неколку православни страни во кои е опфатена верата стално ќе читав по нешто ќе се појавеше и кога го прочитав : овој род само со пост и молитва се истерува почнав да постам тоа ми го предложи и попот а ми ја кажа и кратката молитва Господи Исусе Христе помилуј ме рече во тешки моменти да ја кажувам.помагаше знаев не сум сама кога се молев возев кола во тунел држев бројаница и ја изговарав молитвата.имав и напади но знаев дека ќе ги победам.беа Петровденски пости ми рече пости барем среда и петок со масло па да се причестиш.јас постев понеделник,среда и петок без масло зедов причест.бидејќи мојот партнер е опериран од кичма неколку години не возеше кола.сакав да си појдам дома да но не знаев како со авион не можев со автобус исто а со кола кој да вози ? Мојот партнер рече тој ќе вози но мене ми беше страв тој немаше веќе искуство и нервот во ногата му е оштетен.тргнавме.зедов да возам до 60км/час беше подносливо на 80 км/час давење во врат.после пола час застанав зедов капки на природна база, молитвеникот и читав а партнерот возеше.јас возев на премин на границите бидејки не се вози таму брзо.кога дојдов пред Македонија на граница го здогледав знамето и за прв пат после толку време се насмеав единствено со тоа имаше паихијатарот право.дома се видов со моите одморот убаво ми помина имавме три мали мачиња а мајка им умрела се грижев за нив, тоа многу ми помагаше ми даваше сила седев навечер со нив а две ми спиеа на нога јас ќе ги тргнав тие пак на нога.со моите родители исто бевме 3 дена на море давењето во грло се појавуваше кога возев на непознато место нели тогаш има несигурност и кога некој некого ќе оговараше тоа не можев да го поднесам ме правеше агресивна не можев да слушам некој некого да напаѓа да му се подсмева да оговара не можев навечер да излегувам бев два пати излезена да се видам со братучедка и еднаш со пријатели ме обземаше страв не се осеќав сигурна.приметив дека навечер треба да се одмара дома и било кога да си уморен треба да одмори не треба да се замараш со непотребни работи или муабети.голема желба ми беше да го видам Отец Партениј појдов во манастирот но тој одмараше тој ден станал многу рано коњаницата што оди Крушево била во манастирот.но јас сепак бев пресреќна знаев дека тој е тука имаше и други монаси сите се љубезни и многу мили побарав некој да ми прочита молитва.пред чудотворната Икона од Св.Јован Крстител ми прочитаа молитва после тоа не повикаа на кафе и тогаш го пробав најубавиот локум што постои.тоа место таму многу ме исполнува не можам да го опишам чувството едноставно бев среќна што сум таму.го посетив и манастирот во Рајчица убавина а монахињите како пеат како анѓели.ова лето на Св.Климент Охриски во Плаошник не знаев но го видов Отец Партениј за прв пат и кога помина покрај мене му ја фатив облеката и ја целивав бев прва во редот после мене уште неколку жени го направија истото значи и нив им помогнал .Тие се молат најмалце по 6 часа на ден за сите нас имам голема почит кон нив. Гледав на youtube видеа од емисијата православна ризница таму ви се објаснува се за верата.конечно собрав сила да се исповедам и тоа го сметав како многу страшно не знаев дали ќе ми се речи нешто лошо но колку ми олесна не можам да ви опишам.монасите се многу културни и образовани луѓе сите имаат факултети и зборуваат по неколку јазици сепак имат живеено како нас со тоа многу не разбираат.мислев дека исповедот ќе поминеше брзо исто како кај психологот еве ти таблети и чао следниот чека и едвај до термин да дојдеш мислев дека ќе ги кажам моите гревови а тоа се моменти во кои си скршнал од Божјите заповеди ќе ми прочита молитва за прошка и толку.не беше така седнавме тој ми рече што те мачи што ти тежи кажи ме слушаше многу мудро ми даваше совети кога ќе речев тоа ми помина ќе слушнав од него Слава на Бога.уште нешто сакаш да кажиш или прашаш не знаете колку убав разговор сите психолози на овој свет можат вода да му носат не бев кај Партениј бидејќи спонтано отидов и не се најавив но како што реков сите се добри.добив книга за човечките стравови и Божјиот страв.мене во меѓувреме бидејќи моите главоболки беа на моменти многу јаки и повраќањето не престануваше или болките викав доктор дома ми се погоди случајно докторот да е невролог така да тој ми рече имам мигрена така да јас бев кај него и ми дадоа дијагноза мигрена.добив таблети специјално за мигрена.ги употребив до сега 3-4 пати на почеток ја дуплираат болката и повраќав а сега се навикнав на нив.на исповедот добив неколку молитви кои се читаат секој ден и правило како да се чита новиот завет кој го имав почнато но не читано до крај.почнав да ги читам молитвите и од Библијата многу е лесно и одзема можеби само 20-30 мин време тоа го правам пред спиење и после спијам како јагне.еден ден ме болеше многу глава и си реков ќе читам прво Библија после ќе пијам таблети па ќе си легнам кога прочитав што требаше мојата главоболка ја немаше.што подолг период читам Библија се подобро се чувствувам и не планирам никогаш да престанам да не даде Бог.многу сум среќна што Господ ме прибра во своето стадо што го фатив вистинскиот пат јас секогаш верував во Господ но не постев често и не одев на Литургија. На денот кога бев на исповед кај мене не постоеше друг страв постоеше само тој страв дека можда ќе умрам а не сум Исповедана како тогаш ќе се појавам пред него кога не сум се покајала за моите гревови а нив ги има секој дури со грев се раѓаме а Господ е полн со љубов потребно е да се покаеме да не правиме веќе гревови а тој ќе ни прости.преполна сум со љубов не мразам никој и сите вас од што многу ве љубам ви ги кажав моите маки и страдања спасете се Божјото Царство е големо тој сака сите да не проми јас веќе не се плашам дека ќе умрам се плашам ако не влезам во Царството Божјо тоа е сега единствената моја грижа.за луѓето кои немаат доволна вера им препорачувам да посетат некој манастир да се советуваат со монах нека ви се прочита молитва за здравје побарајте на фб има многу страни каде се објаснува :православие,византиска музика,слово против сектите,агапи.мк,мина даниловска, емисиите православна ризница.стравот бил недостиг на верата верата се зацврстува со редовно одење на Литургија секоја недела. Стравот тропнал на врата отворила љубовта и немало никој пред врата а љубов е Бог. Сакав да се регистрирам како сонце името беше фатено и што да земам друго освен Слава на Бога маѓични зборови кои чуда прават доколку ги употеребувате. Се секавам не можев да гледам ТВ не можев да слушам музика едноставно ништо слушајте на вашето тело ако не можете да се среќавате со луѓе не прави си поголем стрес не оди не губи време во кафичи или сл појди во природа вие сте во Македонија имате многу цркви и манастири јас препорачувам манастир не троши време во бош муабет со кој нашиот грев расте прочитај некоја молитва таа ќе те лекува и штити од лошите духови.за тие што не веруваат во Бог и не сакаат многу ми е жал пред некое време слушнав за докторка која лекува многу болести па дури и рак а и депресија така да можете неа да ја побарате Слава на Бога што ни ја пратил во Македонија др Слаѓана Велков природен начин на живот и чистење на телото од отровите и многу сум убедена дека лекува таа метода а смирението во душата ќе го најдете само со вера во Бог само ќе добиете нема ништо да изгубите пробајте на сите ви посакувам излекување бидејќи ги сакам луѓето а мојот народ од секогаш го љубам најмногу.
     
    На GirlLove, Syzane и joy1 им се допаѓа ова.
  5. missgretta

    missgretta Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    eve tema na koja mozham mnogu da pishuvam.. skoro edna godina se boram so panichni napadi, bev na psiholog mi dijagnosticira meshano anksiozno i depresivno rastrojstvo.. uzhasno e zhivot vo postojan strav, grizha nemozham da izlezam od doma sama strav mi e da preminam ulica i da odam se mi izgleda kako nerealno se mislam kje padnam kje se onesvestam a nema nikoj do mene mi se zdrvuvaat racete i nozete nemozham da disham, ne sum svesna shto se sluchuva i koga kje pomine toa ne se sekjavam na nishto ;( koga odam nekade non stop pishuvam i zvonam doma se grizham da ne im se sluchi neshto i sekoj den taka, se plasham da spijam.. ako site spijat doma jas sedam budna i se plasham.. piev nekoi tableti bedoksin, demetrazepam i heleks i nishto od toa ne pomaga da vi kazham sami treba da se izborime so nashiot um.. taka velat ama site shto stradame od ova znaeme kolku toa izgleda nevozmozhno vo nashata glava. i najmaliot problem e kako planina :( psihologot mi reche deka anksioznosta e koga premnogu chuvstvuvam, a depresijata koga voopshto ne chuvstvuvam nishto.. da se zhivee so anksioznost i depresija e kako da si zatvorenik vo sopstveniot um. :(
     
    На Nalayan и BigStar им се допаѓа ова.
  6. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    И јас се борам со паниччни напади веќе 3 години.Некогаш ги контролирам и едноставно не ги доживувам ама некогаш не можам да се смирам од нив.Дури и најмал удар или модринка или болка за мене можат да бидат опасни,бидејќи тогаш доживувам паничен напад.Се лишив од многу активности кои порнао многу ги сакав.Многу работи правам со страв.Дури и обврските ги запоставувам.Едноставно е престрашно,чувството дека умираш или дека си нешто сериозно болен е ужас.Најсигурно се чувствувам дома во мојот кревет и се разбира да има некој дома,ова се однесува на тоа кога имам паничен напад.Сакам да си бидам старата јас,без страв некаде да излезам и да се мислам дали ќе доживеам паничен напад,да се удрам и да не се плашам од најмалата повреда,да ги правам опуштено сите оние работи кои ги сакам.Се чувствувам како во некој маѓичен круг од кој нема излез.Сакам да ги надминам,ама е многу е тешко. :(:(
     
    На stelaohrid му/ѝ се допаѓа ова.
  7. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Веќе 5 години имам панични напади. Првиот напад ми беше кога татко ми пред мои очи доби срцев удар. Од тогаш па наваму при стрес и нервоза имам напад. Неколку пати за малку јазикот ќе си го голтнев, но за моја огромна среќа секогаш имало некој до мене за да интервенира. Во првите две години ги имав многу често и постојано идев на секакви испитувања. На крај се заклучи дека е на нервна база, а нискиот притиспк само зачин на целата манџа. Почнав со вежби за медитација и многу ми помогна тоа. Сеуште ги имам, но поретко, само при голем срес или ептен страшна нервоза.
    На сите би ви препорачала јога и медитација, верувајте од голема помош ќе ви бидат.
     
    На Onyx и Prijatelot им се допаѓа ова.
  8. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    јас скоро една година имав панични напади,несоница бев на психијатар пиев и апчиња за спиње и хелекс со тек на време веќе отрпнав ги прифатив работите такви какви што се си дадов време за себеси се посетив на себеси и се само од себе исчезна
     
    На Nigredo Odor, CirezD, Cinderfakinrella и 3 други им се допаѓа ова.
  9. BigStar

    BigStar Нов член

    Се зачлени на:
    23 септември 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Jas uste gi imam veke 4 god. I najveke imam strav od idnite napadi, posto neznam koga ke nastanat
     
  10. Ajnstajn

    Ajnstajn Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Jas licno mislam deka negativnata energija treba da se prenasoci I vo toj moment na Napad da mislime na nesto pozitivno I se ke bide vo red jas sum protiv antidepresivi
     
  11. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Јас патам од панични напади, поради тоа еднаш дури и колабирав пред полагање математика во средно, па мораа да викаат брза помош. И желудникот ми се оболи на нервна база. Но, се трудам секогаш да сум смирена и спокојна, да сум опуштена. Често страдав од несоница, параночни мисли, лоши мисли. Но, со тек на време ми се среди. Дечко ми е најголемиот „виновник“ за моето душевно, да го речам, опоравување. Бев на нерво-психијатар и ми предложи анти-депресиви, одбив да ги пијам. Се немам напиено такво нешто и супер ми е!
    Се е до психата кај човек, т.е. до колку ќе дозволиш било што да влијае врз тебе. Сите знаеме да бидеме вон себе, но треба да сме приземни пред се.
     
  12. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    "Моќта на сегашниот миг" од Екарт Тол, верувајте ми, прогледување е :)
    Прочитајте ја и ќе го гледате сето тоа мнооогу подруго.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marxa

    Marxa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Оффф, овој проблем го имам од средно а сега скоро 30 години ке полнам. Напади на паника имам постојано. Првиот пат ме држеше скоро две години и бидејќи ми се случи прв пат многу бев испласшена и не знаев како да најдам начин да се извлечам, а причината беше бев во Охрид на одмор, не бев убаво јадена демек слабеев и ме лупна сунчаница. Вечерта почнав да се тресам и да повраќам и ме однесоа во болница (типични симптоми за сунчаница) ама затоа што докторите у моментот не знаеа што ми е, стравот ми влезе потсвесно и се појавија нападите. Вториот пат,беше на факултет, од сабајле на предавања, поручек на работа втора смена и после некое време попуштив и пак напади ме фатија, се исвлеков за едно 6 месеци. Последниве година дена е страшно. Ми се случи комбо од депресија и напади на паника бидејќи излегов од катастрофална врска. Еве уште се борам, секој ден, и ги имам сите симптоми што ги набројувате постојано. Во искуствава како што можете да прочитате и сфатите стресот е на пиедестал. Највеќе што ми помогна беше читање книги (Антони Ди Мело, Лујза Хеј, Саи Баба, Филис Кристал, Екарт Тол, имате и видеа на ѕоутубе) медитација и вежбање. Нема подобро од вежбање. После кратко време вежбање се цувствува човек појак и автоматски се намалува тој нереален страв. Сакам да прашам, може некој знае, дали ова поминува скрос некогаш, мачно е да се тера вака. Чудно е како сум го поминала два пати до сега и третиов пат се однесувам ко да ми е прв пат. Не знам..Секој пат ко прв пат, чудно ептен..
     
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.861
    Допаѓања:
    15.746
    Пол:
    Женски
    Тоа треба да третира со соодветни медикаменти,психијатар и психолог,да дојдеш до тој степен да можеш да се контролираш
     
  15. geeoorrggiinnaa

    geeoorrggiinnaa Нов член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски

    здраво јас имам паницни напади веке 5 месеци кои често се случуваат ама и после нив јас лошо се осечам сите од овие горенаведени но и после паницните напади мене ми естрав од смрт и едноставно се одвикнав да излегувам надвор ми е страв да одам надвор бидејчи ми е страв да не се онесвестам дека че ми беде лосо имн други работи навистина ова сакам да ми замине сум посетила др но не ми помогнаа мн ме советувала и мојата мајка но нисто така да мозе да ми казе некој како се справил со паницен напад

    да мене постојано кога ке дојде некој така ми се слуцува
     
    Последна измена од модератор: 16 јуни 2017
    На Nalayan и La.loca им се допаѓа ова.
  16. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Оди кај подобар психијатар ако треба оди и во Скопје, мораш да најдиш соодветна терапија - не дај боже ти се случи кога преминуваш улица. А мајка ти сеедно е пристрасна, не е објективна, не можи колку и да сака да ти помогне.
     
  17. geeoorrggiinnaa

    geeoorrggiinnaa Нов член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    а како вие се справивте со тоа

    во ред ви благодарам

    од која годисна воздраст мозе да се пијат?
     
    Последна измена од модератор: 16 јуни 2017
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    113.055
    Пол:
    Женски
    Со редовна терапија и посета на психијатар.
     
    На Matea 179-A му/ѝ се допаѓа ова.
  19. geeoorrggiinnaa

    geeoorrggiinnaa Нов член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    во ред а од која фодисна воздрас вие го иматте века паницниот напад

    инаку благодсарам на советот
     
    Последна измена од модератор: 16 јуни 2017
    На Matea 179-A му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    113.055
    Пол:
    Женски
    од 21 година.