Луѓе имаме голем проблем...Помагајте..... Се работи за брат ми (15г.).. Скоро година има вакви напади. Нема никаква др.дијагноза освен паничен стрес и анксиозност.На почеток ,нападот траеше 10 мин. Сега се зачестени скоро секој ден и траат и по 2 часа. Никаков лек нема, испитано му е буквално се ...Однесен е кај најдобите психотерапевти, прима куп лекарства. Незнаеме каде да го однесиме веќе.... Глетката кога ќе се онесвести е страшна, цело тело му се укочува и не можиме да го помрдниме и освестиме...Секој ден брза помош го зема и му даваат системи и инекции. :'( Не можиме да издржиме веќе....После денешниот напад почна и глупости да зборува. Како баба ми е умрена ,а жива е жената со нас седи и ја нарекува по името на сестра е која притоа е почината 5 год..... Ве молам доколку некој има слично искуство ,пишете ми ЛП....
Вчера ми се случи прв пат од нигде никаде. Излеговме со дечко ми на кафе, малку се изнервирав за глупост ништо битно,само што седнавме почна срцево да ми лупа, да ми станува ненормално ладно, грутка во грло, некоја возбуда ама негативна, дека ќе се случи нешто лошо, многу лошо се чувствував. По некое време се потсмирив малце и кога дојдов дома пак. Не можев воздух да земам, солзи сами од себе како река. Цела ноќ не можев да заспијам. Сега станувам сабајлево изнемоштена, како дел од мене да умрел, не ми е јасно што ми се случи. Периодов премногу нервози и стресови најверојатно тоа ме доведе до тука.. Имам посетувано психијатар пред некоја година кога имав тежок период, немав никаква дијагноза, ми рече дека сум супер само ми даде релаксан на природна база месец дена да се олабавам и толку. Најверојатно треба и сега да посетам психијатар, но периодов стварно мислам дека нема да можам, немам сила за тоа.. Стварно мислам дека ќе спобудалам..
да си појдиш на лекар зашто после ќе настане вистина здравствен проблем. Јас со панични напади и доста стресен период во тој момент да не осетев дека сериозно почнува да ми се нарушува здравјето немаше да појдам на лекар. Добив исто чек на природна база - неолексан. Паралелно со тоа многу е битно да си ја самоконтролораш состојбата јас така си помогнав.
Овој проблем го имам две години но многу учев за ова и некако знам каква е ваа состојба и од што е не ми е веке толку засташувачка кај мене гушењето се јавува ретко и нападот да ти се лоше да мислеш дека ке умреш, ама се уште неможам да го преболам чуството на друго доживување на околината и себе( секако свесна сум за се ама имам некој страв, тензија нереален страв) дали ми е останато во потсвеста тоа незнам, пијам лекови ама тоа чуство никако да престане дали со самата помисла на тоа пак ми се јавуваат такви чуства. Како се справувате вие?
Не се ова панични напади човек со панични напади е свесен и за околината и за се и знае што зборува а тоа страв од полудување е само страв во главата. И ретко некој да се онесвесте од паничен напад, одите нека му ја снимат главата
Земи пиј од тоа што ти препишале претходно... за да собереш сила да посетиш психијатар. И имај на ум, дека нема да умреш.. само чувството е одвратно Се' најдобро
@Amy.Lee Можеби на брат ти не му е потребен психотерапевт туку невролог. Овие напади се можеби епилептични, не панични. Не е верно дека сеуште не му нашле дијагноза. Правевте ли CAT scan и MRI на вратот и главата? Можеби тука се одговорите на прашањата. Иако, навистина не мора да значи дека има физички проблем, паничните напади знаат да бидат доста силни по интензитет до степен да се изгуби допир со реалноста додека се случуваат. Сепак според напишаното делува како и понатаму да треба да барате одговори и решение.
Паничните напади неможе да напраат да се изгубе допир со реалноста како што опиша членката за нешто нереално, деперсонализацијата е нешто друго. Паничниот напад те тера да мислиш дека ке полудеш и од тоа те фака паника и имаш тензија во себе ама никогаш неможеш да полудеш од паничниот напад ни често да се онесвестуваш.
Може. Кај сите се манифестира различно. Во ретки случаеви и вака. Сепак нека пише членката за што се работи најдобро.
Ми се имаат случено повеќе пати, најчесто е на психичка база кога сум под стрес, лоши денови/ситуации/моменти, лоши филмови во глава. Ама си викам во себе ,,добра си, смири се ништо не е” гледам ако можам некаде да седнам, да се напијам вода/кока кола, да земам воздух.
Одлично видео, одлична анализа и предлози како да си помогнете сами. Погледнете го целиот канал, има добри видеа на темава. Исто и ова. Знам колку е тешко, со години се борам со анксиозност, панични напади и хипохондрија. Тешко е кога умот работи против тебе, но треба да си го најдете вашето happy place во такви моменти, да имате "спремна мисла" што ве смирува, нешто што ве прави инстант порасположени. И тоа е некој почеток...
Утре сум на предавање и напад ќе имам сигурно,и навечер неможам да спијам мислејќи како ќе ми биде утрешниот ден,како ли ќе го издржам повторно после секој напад многу ме болат градиве и плачам.
Како изгледаат вашите панични напади? Малку глупаво прашање ама не знам како да го формулирам. И не се манифестира кај сите исто затоа сакам да прашам. Досега ми се случило 2 пати страшни паники да ме фатат 2-3 пати со послаб интензитет и многу често паничам ко ќе е нарушено здравјето на децава.
Мислам дека пола овде што пишуваат незнаат што е стварно тоа... Не е се пред испит трема обична туку е мн повеќе од ништо нешто правеш дека е а со панично напад секогаш следат и мрачни мисли и депресијата.
па затоа и прашувам. Да пати што убаво ме стрефи додека да сфатам што се дешава ќе се онесвестев. После имаше послаби напади а и општа паника. А она испити на факултет не знам што ... Не се тие хронични напади туку само возбуда,далеку е од паничен напад
Koga imase jas cesti panicni napadi i neznaese veke sto so mene pretesko mi bese, dobivav i obicno koga lezev duri i koga ucev uste na cas bez vrska onaka.. Se izvinuvam za fondot sto pisuvam nemam na kirilcia.
Dennis Simsek vredi da se sledi na fb I youtube bidejki covekot menuva zivoti Negovite videa, knigi, afirmacii, mozat da vi pomognat mnogu vo nadminuvanjeto na ovoj problem, bidejki kako toj veli, ne sme krivi sto ni se slucuva no dolzni.sme da se izborime so anksioznosta, Edinstveno sto treba e da znaete super angliski za da go razberite, sekoj negov zbor vredi zlato.
Имам проблем, а ни сама не знам како да го опишам. Се почна пред околу 2-3 месеци, бев на предавање и наеднаш почнаа да ме фаќаат паники и да ме боли стомакот, осеќав како цела просторија околу мене се стеснува, како ми снемува воздух. Почнав да пијам вода на секој 2 мин и почнав неконтролирано да се тресам, не знаев што да правам па излегов од предавање се измив со вода и пробав да се смирам. Од страв ми се оди во wc, еве тоа и ден денес ми се случува и не можам да се контролирам . Не можам нормално да функционирам, не можам рает да излезам од дома. Некое време не одев на предавања, останав по болници да испитувам што ми е затоа што мислев дека имам проблеми со стомакот или пак цревата. Откако откривме дека со нив е се во ред, јас останав да седам дома некое време да се средам и после 1 месец седење само дома решив да излезам. И.. пак почнаа паники да ме фаќаат, почнав да се тресам, почнав да мислам на најлошото, не знаев што да правам. И пак истото, пак почна да ми се оди во wc. Посебно ми смета кога сум во затворено место и кога се околу мене е тишина или пак има премногу луѓе, си мислам дека ќе почнат да ми свират цревата, се некако во стомакот ми се превртува, не можам да се контролирам. Еве сега треба да почнам на факултет и уште сега почнуваат да ме фаќаат паники како ќе издржам во едно затворено тивко место да седам не знам колку часа, без да добијам панични напади и без да имам потреба да одам во wc на секој 5 минути.. Знам дека се ова е предизвикано од голем стрес затоа што во последно време бев многу под стрес и многу лоши работи ми се случуваа, ама сега сите тие работи се средија , а само јас останав во тој хаос. Знам дека се е до мојата глава, до мислите кои не можам да си ги контролирам и поради кои мислам дека имам проблеми во стомакот, ама сепак не знам како да си помогнам Ако некој случајно има некое слично искуство или пак знае како можам да се средам, ве молам кажете ми, навистина многу ми смета ова и не можам нормално да функционирам, а да не зборам колку само влијае врз самодовербата..