1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Панични напади

Дискусија во 'Психологија' започната од anaantonia, 4 јуни 2013.

  1. Dalia93

    Dalia93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2018
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Здраво душо, се соочувал со многу тежок период и навистина ми е жал. Единствен начин да си помогнеш е да посетиш психолог/ психотерапевт. Верувам брзо ќе се реши се.
     
    На Џасмин му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.390
    Пол:
    Женски
    Џасмин, еден гастроентеролог велеше „цревата се огледало на душата“ :) ... Добро е што си пошла прво на лекар за да провериш дали можеби има некоја физичка причина за проблемот со цревата. Тоа си го исклучила, така што може да се насочиш кон психичкиот момент. Сето она што го доживуваш психички, преку нервниот систем влијае на цревната перисталтика (или движењето на цревата) и ја забрзува. Оттаму имаш и потреба од често одење во WC. Чувството на вознемиреност кое го опишуваш, иако се случува навидум без некоја очигледна причина или моментална опасност, најверојатно има корени од друго место. Ете и самата велиш дека си имала негативни, стресни искуства во минатото. Не е лошо ако имаш некои неразрешени емоции во врска со нив, да поразговараш со психолог за нив. Реакциите на стресните ситуации некогаш се јавуват одложено, откако стресот ќе помине. Не се плаши да одиш на психолог и не чекај да помине само од себе. Дури не го расчистиш вистинскиот проблем кој лежи во основа на се', нема да исчезнат ни симптомите. Еве, и ти велиш дека си се затворила дома цел месец и не функционираш нормално. Тоа веќе е сигнал дека ти треба помош и од стручно лице. Тој/таа ќе ти помогне да разбереш од каде доаѓа вознемиреноста навистина, зошто се манифестира на тој начин и најбитното - како да постапиш кога ќе е појави вознемиреноста. Важно е да запомниш дека ти имаш контрола врз себе, своето тело и своите чувства и дека си способна да го надминеш проблемот. Се надевам бар малку дека ти помогнав со советов.
     
    На Џасмин му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Џасмин

    Џасмин Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу. Искрено на почеток мислев дека се работи за медицински проблем и затоа првиот месец и пол го поминав во сите можни испитувања и кога на крај испадна дека се е во ред мислев дека едноставно имам потреба од одмор и да се оддалечам од стресни ситуации.. и сега кога сфатив дека мојата состојба не е воопшто подобрена, соберив храброст и решив да закажам средба со психолог затоа што видов дека мојот проблем е доста поголем од тоа што мислев дека на почеток е. Искрено се надевам дека со помош на психологот конечно ќе успеам да се средам. Уште еднаш ти благодарам за твојот совет :)
    Сакав да прашам како изгледа средбата со психологот, дали поставува прашања или цело време јас треба да зборувам? Дали треба да се навраќам во минатото или се фокусираме само на сегашниот проблем? Искрено многу имам трема и страв од првата средба, не знам како да се понашам :?:
     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.390
    Пол:
    Женски
    Првата средба е за да се запознаете. Сигурно ќе ве праша што е причината зошто сте дошле или каков проблем имате. Нема сигурно да зборувате само вие, како монолог, туку тоа ќе биде взаемен разговор. Нема потреба од страв, иако ми е разбирлива тремата пред да се почне нешто ново или воочи првата средба. Психологот е тука пред се да ви помогне во една безбедна средина, а не да ве испрашува или осудува. Слободно прашајте си се што ве интересира околу вашиот проблем, третман или што и да е што ве интересира.
     
    На Џасмин му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Brokeneyes

    Brokeneyes Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Незнам што значи да се има панини напади. Знам дека е тешко за тие што ги имаат. Ви посакувам да се спасите од тоа, само со Господ молитви до него за вакво нешто
     
    На Crnookata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.475
    Пол:
    Женски
    Јас ноќеска го доживеав својот прв паничен напад.

    Вечерта пред да си легнам, дознав некои информации и бев малку исплашена, но се смирив и пред 12 легнав да спијам.
    Во 01h станав да се напијам антибиотик, и пак легнав.

    По 15 минути почна грлово да ме стега, како да ме пржи и почнав да пијам вода. Си мислев дека капсулата можеби во грло се растворила некако иако не е баш логично.
    Пијам една чаша вода, пијам две, не поминува.

    Земам да мерам притисок и беше 133 со 94 .. ми паѓаше мука па мерев пак. Вториот пат беше 120 со 100, пулсот исто така над 100.

    Почнав тешко да дишам и заминав да ги разбудам моите. Се вратив во соба и тогаш почна грлото да ми се затвара, ме стегаа градите, почнав неконтролирано да си ја тресам вилицата, рацете, нозете, не можев да се смирам.

    Истовремено вилицата ко да ми беше укочена, добив огромна главоболка и се обидував да земам здив бидејќи чувствував дека грлото ми се затвара.

    Пак мерев притисок, овој пат беше 170 со 110, пулсот ми беше 120.

    Дишев тешко, гласно и неконтролирано истовремено многу брзо додека моите пробуваа да ме смират. Мајка ми ми даде Диазепам од 5mg, ама не помогна.

    Белите дробови ги чувствував како да ми се кинат одвнатре, а јас не можев да прекинам да се тресам, па во 3h во полноќ тргнавме во брза помош со кола. (блиску е)

    Таму дежурниот ми измери притисок и пулс, рече дека притисокот е добар ама пулсот е висок, потврди дека е паничен напад, и ми кажа дека имам тахикардија.

    Ми ставија вакцина (не памтам што беше) и заминав дома. Легнав и конечно почна да делува, се смирив.

    Заспав кај 4h и се разбудив пак кај 7 за да го испијам антибиотикот. Само што го голтнав апчето, се чувствував како да не ми пропаѓа. Ме стегна една голема болка во градите и пак не можев да дишам. Тоа траеше пола саат минимум, па по тоа малку ми се смири болката и заспав.

    Денеска цел ден не можам ништо да јадам. Се чувствувам како да имам кнедла во грлово, како да ми седнал некој на белите дробови и ме притиска. Свесна сум дека сум ги оптеретила со тешкото дишење, можеби е затоа.

    Ќе почекам до утре да видам дали ќе се оправи ситуацијата, ако не, пак ќе одам на доктор иако ич не сакам да се мафтам по доктори за време на корона, а и прашање е дали ќе ме примат.

    Се надевам дека ми е прв и последен пат во животот да го доживеам ова, бидејќи толку беспомошно не сум се чувствувала никогаш во животот...
     
    На Nigredo Odor и bibiiii им се допаѓа ова.
  7. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.081
    Ако земаш антибиотик за респираторни инфекции,можда тешко дишеш ради затнат нос,и ако си заспала не си имала доволно кислород.Можно е о тоа да е.Еден паничен напад не е ништо.Јас имам 20г од време на време,и сум со хроничен синуситис и алергии
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    'Свежо' ти е се сеќавањето на паничниот напад и треба време да подзаборавиш на се' што доживеа.

    Сите симптоми кои ги опиша сум ги имала при паничен напад.
    Ми траеле со часови, некогаш со денови.
    Сто пати сум завршувала на брза помош, додека не нучив дека 'се ми е во главата'.

    Нема ништо да ти биде, само што е overwhelming чувството на беспомошност.

    Се' ќе биде во ред, верувај :hug:
     
    На LovelyGirl3 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  9. Marina*F

    Marina*F Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Дали може буквало да се угуши човек при паничен напад и да почине или само психа е тоа дека недостасува воздух?
     
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е ова паничен напад ама како да се плашам од нешто не визуелно ама внатрешно чуство пример да шеташ сам низ шума во темница залутан баш такво чуство неможам ни да го дефинирам ме маче подолго време а кога фокусот го ставам на друга тема на размислување или кога ке ми скрсне некој проблем тогаш не осеќам такво чуство. Неможам да го дефинирам стравот..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    @LovelyGirl3

    Како си овие денови, се смирија ли паничните?
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Според опишаното мислам дека имаш Агорафобија.
    Кога си излезена надвор, меѓу толпа луѓе, имаш страв?
     
  13. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.475
    Пол:
    Женски
    Леле сега го гледам ова, благодарам на прашањето

    Немав друг паничен напад, но имам потешкотии со голтање, и кога зборувам чувствувам дека ми снемува воздух. Тоа не помина :|
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Почетна фаза на анксиозност е веројатно. Не се плаши, само редовни прошетки надвор во пристојно време секој ден, вода колку може повеќе (верувај помага во ситуации кога не можеш да дишеш и слично) и исклучување на сите медиуми периодов. Ова последното највише. Бројот и да надмине 1000 на ден, исклучи се живо и почни да се занимаваш со некое хоби. Аеробик, плетење, готвење било што за да го одвлечеш фокусот од дишењето. За брзо ќе ти помине ако пресечеш во корен сега бидејќи си во рана фаза на развој на анксиозност.

    За било што друго да ти треба пиши ЛП, тука сум.
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.475
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :l:
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NVAleks

    NVAleks Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите..... јас во периодов имам огромен проблем... се појавувало и претходно ама оваа недела ми е страшно. Се плашам имам огромен страв во мене заради вирусов, си умислив дека имам симптоми, се плашам дека ќе пренесам на дете на родители. При мала помисла веднаш се препотувам, ми се згрчува телово и не функционирам само лежам, не јадам... а чувам дете цел ден го оставам пред телевизор, неможљм да си играм со него... лошо ми е.... ги мислам сите им звонам да видам како се... и само тоа мислам да не му се случи некому лошо..... неможам да закажам за психијатар све е полно.... многу ми е тешко....
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Јави се на бесплатните броеви.
    Проба ли?
     
  18. NVAleks

    NVAleks Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Пробав.... ова е од таму пробај да не мислиш, занимавај се со друго... играј со детето, ама јас неможам да мрднам буквално.... се плашам и да се накашлам.... сакам само да спијам....и сега додека пишувам плачам и се препотувам и како зуење имам, срцево бие јако... така
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Да ти дадам број од психијатар, да зборниш... може ќе те прими на државно... сакаш?
     
  20. NVAleks

    NVAleks Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    фала ти многу.... не сум од ск.
    како и да е само да знам што ми се случува... дали се напади или што е...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.