Класичен паничен напад не е од органска природа и нема веројатност да дојде до проблем со срцето ако е од некоја траума може што станала најдобро да отидеш на психолог да се види ако не ти помогне ќе треба со доктор да се консултираш за лекарства за психата
Вчера прв пат доживеав вакво нешто. Мислам барем дека беше паничен напад. Мислев дека ќе умрам, страшно нешто. Тешко на тие што често им се случува...
Немојте да читате негативни вести или содржини што ве нервираат не мора да е црна хроника. А ако се случува ваква работа со и во присуство на луѓе обавезно на доктор.
Долги години, може 7 се мачев порано со ова. Терапии и разговори со психијатар ми помагаа, ама период кога ми беше најмирен, беше периодот кога идев неделно на литургија, се молев сабајле и вечер кратко и среда, петок си постев. Едноставно и мирно ми беше. И осеќав внатрешна исполнетост. Е арно ама склоп на околности, од духовноста само постењето (диетата) ми остана, другото ништо не применувам веќе повеќе од пола година, може и више, 8-9 месеци може сум оддалечена од тоа. И еве ги нападите пак ми се вратија. Не се чести, за многу кратко време ми проаѓаат, ама таа смиреност и исполнетост во секојдневието ми ја нема веќе. Нејсе, ако даде Господ сила, ќе се вратам пак во „рутина“, арно ама си нарачав и ашваганда да пробам. Дали некоја феминка од овде пробала да ја пие и какви ефекти имала? Знам дека се пие месец ипол, или месец дена да речеме, после се праи пауза од 3 недели, па пак можеш по потреба. Ама никогаш не сум пробала, тек сеа чекам да ми стигне. Ја нарачав од Полео спорт, знам дека треба да има ознака KSM-66 што означува дека е од коренот на растението, а тоа е тој дел што треба да се конзумира ако добро сум разбрала.