1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Панични напади

Дискусија во 'Канта' започната од GeorGinnA, 11 ноември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Колку што разгледав не сретнав ваква тема.Ако сум во грешка или ако не ви е интересна слободно заклучете ја,но ја поставив зашто сметам дека има многу да се дискутира.

    Паничните напади се вид на анксиозно пореметување при кое се повторуваат напади на паника кои не се условени со некоја опасна ситуација или пак некакви заболувања.
    Симптомите се :лупање на срце,премор,отежнато дишење,чувство на гушење,гадење,чувство на вртоглавица,ладни и топли бранови и претерана страв од смрт.

    Ова пореметување се маскира како варијација на медицинско нарушување и се случува најголем процент од луѓето да лутаат од еден лекар кај друг без да се утврди никаква болест од физички аспект,зашто нормално ова се лекува со посета на психијатар.Паничните напади како емоционално нарушување се многу почести од алкохолот и депресијата.

    После неколку месеци 10% од луѓето кои страдаат од ова нарушување се затвораат дома,а после неколку години поминати со панични напади кои не се лекувани 30% од луѓето ја губат својата работа,17% се соочуваат со ризик од алкохолизам,а 40 % страдаат од хронична депресија која им носи брачни проблеми,редуциран социјален живот и патувања.

    Моја братучетка верувајте дека година и пол ја изнашетаа по сите доктори,не можеа да откријат што и се случува,зашто беше здрава како дрен,се изнатрошија пари и нерви,додека сестра и не се сети да посетат психијатар,па фала богу сега е добра.

    Дали можеби некој од вас доживеал вакви напади или пак има некој близок што ги има овие симптоми?
    Споделете ваши размислувања ,искуства...
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.112
    Пол:
    Женски
  3. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    ок се извинувам,не прочепкав во здравје...разгледував тука во психологија каде што и мислам дека треба да биде:)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.