1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Папаниколау (ПАП) тест

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Miss.Sweet, 20 март 2012.

  1. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.537
    ПАП тестот е метода за рано откривање на карциномот на грлото на матката. Овој тест го добил своето име по американскиот лекар со грчко потекло, Papanicolau (1883-1962). Со ПАП тестот се врши преглед на можните промени во клетките на грлото на матката. Грлото е долниот дел на матката (uterus), а после него продолжува вагината.
    ПАП тестот може да покаже дали постои: инфекција, абнормални (нездрави) клетки на грлото на матката или рак на грлото матката.

    Зошто е потребно да се направи ПАП тест?
    Папа тестот може да го спаси вашиот живот. Со помош на овој тест може да се откријат најраните знаци на ракот на матката, рак кој е многу чест кај жените. Во случаите кога ракот на грлото на матката се открива во раните стадиуми, постојат големи шанси тој целосно да се излечи. ПАП тестот, исто така, може да ги открие и инфекциите и абнормалните клетки на грлото на матката, кои можат покасно да се развијат во канцерогени клетки. Лекувањето на инфекциите и на овие т.н. преканцерозни состојби на грлото на матката, можат да го спречат развојот на ракот кај голем број на пациентки.
    Ракот на грлото на матката најдобро ќе може да го спречите така што редовно ќе одите на гинеколошки прегледи, при кои, рутински се прави и ПАП тестот. Ракот на грлото на матката е еден од најчестите малигни заболувања на женскиот репродуктивен систем. По карциномот на дојката, тој е најчест во нашата средина. Во нашата земја, инциденцата на цервикалниот карцином се движи 16/100 000 жители.
    Воведувањето на цитолошкиот скрининг во последниве 40 години довело до значително намалување на инвазивниот рак на матката.

    Дали сите жени треба да прават ПАП тест?

    Многу е важно сите жени да прават ПАП тест, во склоп на редовниот гинеколошки преглед, како дел од својата рутинска здравствена заштита.
    Папа тестот треба го го направите ако сте
    - наполниле 21 година,
    - помлади од 21 година, но сте сексуално активни повеќе од три години.

    Не постои старосна граница за ПАП тестот. Дури и жени кои се во менопауза (време кога менструалните циклуси престануваат) треба редовно да прават ПАП тест.

    Колку често треба да се прави ПАП тестот?


    Честотата на правењето на ПАП тестот зависи од возраста на жената, како и од нејзиното здравје.
    Американскиот универзитет за гинеколози и акушери (The American College of Obstetricians and Gynecologists) ги дава следниве препораки:
    - ако сте помлади од 30 години, треба Папа тестот да се прави секоја година,
    - ако имате 30 години или сте постари, а веќе сте имале три нормални ПАП тестови во текот на изминатите три години, консултирајте се со вашиот гинеколог за можноста во иднина да го правите ПАП тестот на секои 2 или 3 години,
    - ако имате 65 до 70 години и веќе сте имале најмалку три нормални ПАП теста, а ниту еден абнормален тест во текот на претходните 10 години, може да се консултирате со вашиот гинеколог да евентуално престанете со правење на ПАП тестот.

    Треба да правите ПАП тест секоја година, без оглед на возраста во следниве случаи:

    - ако имате намален имунитет поради трансплантација на орган, или поради примање на хемотерапија или кортикостероиди,
    - ако вашата мајка користела Dietilstilbestrol (DES), во текот на бременоста.
    - Ако сте инфицирани со ХПВ и ХИВ вирусот.

    Инфекцијата со ХПВ вирусот се смета како главен фактор на ризик за развој на карцином на грлото на матката.
    ХПВ е изолиран во 99.7% од сите цервикални карциноми. Се смета дека овој вирус трансформирајќи ги клеточните протеини кои се вградени со вирусните гени Е6 и Е7 можат да ги блокираат продуктите на тумор-супресорните гени p53 i pRb во клетката и на тој начин да доведат до нејзина неконтролирана, абнормална делба.
    ХПВ се класифицира во група на високоризични генотипови (ХПВ 16, 18, 31 i 45) и група на нискоризични генотипови (ХПВ 6 i 11).
    ХПВ 16 предизвикува околу 50%, а ХПВ 16 и 18, околу 70% од сите цервикални карциноми. Помеѓу 18 и 24 годишна возраст, со високоризичните ХПВ типови се инфицирани 8-12% од жените, а по 35 годишна возрат, 2-5%. ХПВ инфекцијата на цервиксот на матката, која се пренесува по сексуален пат, најчесто е во субклиничка форма, и е присутна кај 7-17% од женската популација. Оваа инфекција има улога на промотор во канцерогенезата.
    Од инфекцијата со ХПВ вурусот до развој на карцином на грлото на матката може да поминат 7 до 10 години, што остава доволно време за превенција.

    Превенцијата се спроведува со:
    - ПАПА тест: секои 3 години, доколку претходните последни 3 наоди на Папа тестот биле уредни,
    - тестови за идентификација на ХПВ, ако ПАП тестот е уреден,
    - колпоскопија, ако е наодот од ПАП тестот нејасен.

    Американските центри за контрола и превенција на болестите (U.S. Centers for Disease Control and Prevention) препорачуваат да сите жени кои се ХИВ позитивни направат еден ПАП тест, а потоа истиот да го повторат по 6 месеци. Ако е резултатот од двата Папа теста уреден, овие жени треба да прават понатаму ПАП тест еднаш годишно.

    Кој не мора да прави редовни ПАП тестови?
    Единствено следниве жени не мора редовно да прават Папа тест:
    -жени кои имаат над 65 години и кои имале неколку нормални наоди на ПАП тестот и на кој лекарот им советувал дека немора повеќе да прават ПАП тест,
    - жени кај кои оперативно е отстането грлото на матката и кои имаат мал ризик да заболат од рак на грлото на матката. Овие жени треба да се посоветуваат со својот гинеколог пред да престанат со редовните ПАП тестови.

    Како може да го намалите ризикот од добивање на рак на грлото на матката?
    Покрај редовните Папа тестови, најдобар начин да го спречите ракот на грлото на матката е да се пазите од Хуман папилома вирусот. Инфекцијата со ХПВ вирусот се смета како главен фактор на ризик за развој на карцином на грлото на матката. Тоа е една од најчестите сексуално преносливи болести.
    Одредени ризични фактори како: рано започнување со сексуални односи (пред 18 години од животот), менување на повеќе сексуални партери (на пример над 6 сексуални партнери), не користење на заштита (кондоми) при сексуални односи, заразеност со сексулано преносливи болести, раѓање на повеќе деца (мултипаритет), повеќе абортуси, живеење во лоши социо-економски услови, значително го зголемуваат ризикот за настанување на карциномот на грлото на матката.

    Како да знаете дали сте заразени со Хуман папилома вирусот (ХПВ)?
    Повеќето жени нема никогаш да дознаат дека имаат ХПВ вирус. Тој обично останува прикриен и не предизвикува симптоми, како што се половите брадавици. Доколку организмот сам не го победи овој вирус, тој може да предизвика промени во клетките на грлото на матката. ПАП тестот обично рано ги открива овие промени т.н. преканцерозни состојби на грлото на матката.

    Како да се припремите за Пап тестот?

    Многу фактори може да предизвикаат грешни резултати на тестот, така што ќе ги исперат или прикријат абнормалните клетки на грлото на матката.
    Затоа, придржувајте се кон следните препораки пред да се јавите на гинеколошки преглед и ПАП тестирање:
    - Воздржете се од сексуален однос два дена пред прегледот и тестирањето.
    - Не практикувајте промивање на вагината со туширања или користење на некои козметички средства и не користете било какви средства во вагината, како на пример лекови, спермицидни гелови, пени или креми два дена пред тестирањето. Сите овие можат да ги осиромашат или комплетно да ги отстранат абнормалните клетки и со тоа ПАП тестот да не даде точни резултати.
    - Не закажувајте гинеколошки преглед и ПАП тетсирање во деновите на менструација. Најдобро време за ПАП тестирање е 10 до 20 дена по првиот ден од последната менструација.

    Како се изведува ПАП тестот?
    Папа тестот се изведува за само неколку минути во рамките на гинеколошкиот преглед. Од вас се бара да ја соблечете долната облека и да се сместите на специјалниот гинеколошки стол. Нозете треба да бидат раширени и полусвиткани во колената и потпрени на соодветни потпирачи од гинеколошкиот стол. Во секоја пристојна гинеколошка амбуланта, за време на прегледот се практикува покривање на стомакот и нозете со соодветна прекривка. Лекарот гинеколог, секогаш во придружба на сестра, го изведува тестот така што најпрво внимателно внесува еден инструмент во вагината наречен спекулум. Тој обезбедува отварање на вагината со што лекарот ќе има подобар пристап до местото од каде треба да се земе примерокот за Папа тестот. Примерокот за Папа тестот се зема со посебно стапче, на чиј врв се наоѓа чиста памучна вата, или во поново време се користат посебно приготвени четкици или тенка спатула со кои едноставно се гребнува по лигавицата на задниот свод на вагината и маткиното грло. Вака земениот примерок се нанесува на посебна стаклена плочка и се праќа во лабораторија.
    Во поново време, модерните гинеколошки ординации користат еден понов начин на земање на примерок за Папа тест. Имено, инструментот со кој се зема примерокот се потопува во специјална течност која ги зачувува клетките за испитување. Материјалот потоа се филтрира во посебна машина со што се намалува количината на крв и слуз. Со ова се овозможува значително полесно и поточно толкување на Папа тестот.

    Што значи абнормален наод на ПАП тестот?

    Може да се јави страв кога ќе слушнете дека наодите на вашиот ПАП тест не се во ред. Но, абнормални наоди на ПАП тест НЕ ЗНАЧАТ дека имате рак. Обично станува збор за некој помалку сериозен проблем со грлото на матката. Некои абнормални клетки можат да се претворак во рак. Но, во повеќето случаи, овие абнормални клетки ќе исчезнат сами од себе или со адекватно лекување. Ако овие нездрави клетки се лекуваат, можно е да се спречи, скоро во сите случаи, ракот на грлото на матката. Ако вашите наоди на Папа тестот не се во ред, треба да поразговарате со вашиот гинеколог.
    Ако се резултатите од Папа тестот нејасни или укажуваат на некои помали промени на клетките на грлото на матката, вашиот лекар ќе предложи да се повтори Папа тестот. Ако со тестот се откријат сериозни промени на клетките на грлото на матката, тогаш лекарот ќе предложи и други дополнителни испитувања. Тука спаѓаат следниве испитувања:колпоскопија, биопсија, киретажа.

    „ЛАЖНО ПОЗИТИВЕН“ ПАП тест?
    Папа тестовите не се секогаш 100% точни. Можни се лажно позитивни или лажно негативни тестови. Ова може да биде збунувачко и вознемирувачко.
    „Лажно позитивни“ резултат на ПАП тестот значи кога на пациентката ќе и се каже дека има абнормални клетки на грлото на матката, а тие се, всушност нормални. Ако вашиот лекар ви каже дека вашиот резултат од Папа тестот е „лажно позитивен“ тогаш не треба да се грижите.
    „Лажно негативен“ ПАП тест е случај кога тестот покажува дека клетките на грлото на матката се нормални, кога всушност со клетките на грлото на матката постои проблем, кој е превиден. Но, одењето на редовни папа тестови ги подобрува шансите да се открие било каков проблем. Ако абнормалните клетки не се откријат во тек на едно тестирање, најверојатно тие ќе бидат откриени веќе во тек на следниот ПАП тест.

    Kакво е вашето искуство со ПАП тестовите? Сте правеле ли и на колку време?

    п.с. Доколку има веќе ваква тема, затворете ја.
     
    На Bitter-Sweet, okcenzi и zaljubena93 им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    правам ПАП тестови-редовно секоја година, две години по ред
    до сега се било ок
    само не ми е јасно КАКО некои девојки кои се сексуално активни со години одбиваат да направат вакво испитување :x
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.984
    Си правам редовни контроли на Пап тест 2 пати во годината, бидејќи живеам во странство правам тука еднаш, а и кога си одам во Мк си правам и таму, чисто за споредба , да видам дали и какви измени има. За сега се е било во најдобар ред, никогаш не ми покажал тестот нешто што не чини. Во секој случај треба да се прават ако не 2 пати барем 1 годишно обавезно :!: . Не е ниту страшно ниту болно. Сепак за нашето здравје се работи и подобро е да се спречи отколку да се лечи :)
     
  4. momo

    momo Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Добро утро девојки ако сакате да ми кажете колку кошта пап тестот дали боли и дали ако појдам на приватно че пиши нешто во книшката дека сум напраела пат тест досега не сум правела но сакам ви благодарам
     
  5. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    дали некоја од вас знае дали со пап можи да се открие постоењето на КЛАМИДИЈА?
     
  6. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Девојки може ли да се направи пап тест за време на менструација?
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Некаде прочитав дека првиот пап тест кај матичен гинеколог е бесплатен, инаку на приватно ми кажаа дека е 600 денари. Точно е дека кај матичен е бесплатен, или јас сум нешто збунка? :)
     
  8. Skorpi

    Skorpi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Јас правев пред една недела Пап тест кај матичен и не е бесплатен,платив 1500ден. ама приватно пошто немав картони,а иначе е 800 ден.Само незнам за колку време се добиваат резултати нестрплива сум ако некој знае може да ми каже :x
     
  9. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ако ти е матичен и имаш плаво картонче првиот пап тест во годината треба да ти биде бесплатен кај мене е така само си доплакам 200 за вагинално ехо и 100 за колпоскоп
     
  10. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    Јас ќе правам пап тест декември, без картончиња е 750 ден, а со картончиња е 150 ден. Ама секаде е различно. Зависи за во кој град зборувате.. :)
    А можи ли некоја да ми кажете за колку дена да очекувам резултати?
     
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    -Јас правам ПАП тест во поликлиника Ѓорче Петров (Со сини картончиња) и само ПАП тестот без ехо ме чини смешни 60 денари.
    -Не боли, непријатно е чувството но не е воопшто болно.
    -Ако направиш ПАП тест во приватна клиника и си го платиш прегледот приватно тогаш воопшто не ти е потребна книшка. Во државните клиники запишуваат само препишани лекарства, вагиналети и сл.

    -Резултатите од ПАП тестот не покажуваат присуство на Кламидија, за тоа ќе си побараш посебни испитувања.

    -Не, најдобро време за ПАП тестирање е 10 до 20 дена по првиот ден од последната менструација.
     
    На zaljubena93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Najmnogu me nervira sto za rezultatite cekam po mesec dena,a inaku ne plativ nitu denar za pap testot(kaj mat.gin.so plavo kartonce).
     
  13. Rosali

    Rosali Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Мене матичниот гинеколог ми побара 1000 денари за "бесплатниот" тест. Имам и опција да одам во клиника таму да ми го прочитаат, па така да биде бесплатно меѓутоа за тоа се чека со месеци и е процедура.
    Прашањето ми е:
    Дали некоја од вас знае за гинеколог во Центар или околината кој навистина го прави бесплатно тестов?
    Ви благодарам!
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ни мене не ми земаа денар за тестот, не знам зошто некаде матичните ги наплаќаат и тоа дебело :^)
    Е сега, малку во незгодна ситуација сум бидејќи татко ми ќе ми ги носи брисевите, ама за побрзо да биде, да не чекам толку долго за резултати :wasntme:
    Инаку гинекологот ми рече дека ако се е во ред, вообичаено не се ни јавуваат по пациенти.

    Туку, друго сакав јас да прашам - микробиолошки тест правел ли некој?
    Денес закажавме за на клиника (морало да закажеш за брис да однесеш |( ), па во четврток пак ќе одам на гинеколог. Некој има поим колку чини тој тест? :?: На интернет најдов најразлични цени...
    Кога ме прегледуваше гинекологот ми рече дека се е во ред, ама некој жлезди биле запушени, што значи постоел проблем претходно. И сега се испаничив, цело време ќе ги мислам резултатите :doh:
     
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    47.760
    Пол:
    Женски
    Тоа се микробиолошки брисеви, цервикален, вагинален, за кламидија и микоплазма/уреаплазма. Цените постојано ги менуваат на микробиологија али се околу 300 до кај 350 повеќе не ни требало. А како забележал дека некои жлезди се запушени , преку пап тестот? :?: Друго што сакав да кажам дека на микробиологија не ги прегледуваат убаво брисевите, подобро да ги однесеш во Центар за јавно здравје или Институт за јавно здравје ( на 1 мин ти е од микробиологија) и таму не треба закажување :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^Не, не, брисевите за пап тестот уште не ми се однесени, ќе ги носам заедно со тие за микробиолошкиот тест. Инаку за жлездите гинекологов ми кажа додека ме прегледуваше, баш на екран ми ги покажа. Сакаше да провери случајно да не имам раничка на матката, за среќа се беше океј, освен овие жлездиве што ми матат памет...
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    47.760
    Пол:
    Женски
    Мислиш на пап тестот дека ќе го носиш заедно со брисевите, смее да се чува толку време :?: A, за жлездиве прв пат слушам дека може да се види на ехо, до сега ама баш никој ништо не ми спомнал такво нешто јас знам дека на пап тестот пишува таму нешто за жлезди :?: Кај кој гинеколог идеш? :?:
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Па веројатно може пап тестот да стои 2 дена, баш им реков дека во четврток сабајле ќе го носам и ми рекоа дека нема проблем.
    За гинекологов мој не се сомневам, фамилијарен ни е тој, имаме доверба во него :lol:
    Туку, ме предомислуваш сега да не одам на клиника да ги носам :?:
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    12.498
    Пол:
    Женски
    Помина еден месец од тестот, скроз и заборавив дека го правев. И ми се јавија од ординацијата дека имало вирусни промени и треба да направат дополнителни испитувања. Ми рекоа да не се секирам, демек не било ХПВ, ама морало да се провери што точно е. Деновиве пробував да се информирам што точно да очекувам сега (пошо освен за ХПВ и превенција од рак стварно не знам за што друго слуши Пап-от). Колку што можев да најдам, промените кои се гледаат на резултатите од Пап-от може да бидат локално воспаление (што се надевам дека е), но може да биде и некоја сексуално пренослива болест. Пред помалку од година правев Пап и ми беше чист, со истиот партнер сум 6 години, и од минатиот тест навака не сум имала односи без заштита, така да се надевам дека и тоа не е.
    Дали некоја од вас имала искуство со вакви резултати и што било понатака? Да очекувам лекарства како антибиотици, вагиналети и слично? Ми закажаа за понатамошни испитувања, ама не ми кажаа што точно ќе биде тоа, брисеви или нешто друго... Веќе подолго време сум на терапија за хронична кандида, дали и тоа може да делувало? Навистина не сум тип што се секирам премногу, ама во последнава година сум била повеќе пати на гинеколог отколку што мајка ми била цел живот. Се надевам дека нема да искочи нешто посериозно... :?:
     
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.857
    Допаѓања:
    122.895
    Jaс со кој памет правев во август месец кај матичната и тоа ни р од резултат.Резултатите ги добивале без потпис и печат и незнаат кој на клиника ги изработува.Па дали се нормални? Два месеци и повеќе за резултат! Па налет и бесплатен пап и се.Затоа си направив во Ремедика и за 3 дена добив резултат.Ремедика ги носат во Хистолаб стоеше потпишана др Проданова.
    Еднаш годишно практикувам,мислам дека е доволно.