Здраво девојки,ме интересира имам примано вакцина за хпв,на пап тестот ми излезе дека имам кандида и некои промени,ќе треба да направам хпв типизација.Дали некоја од вас била во слична ситуација и дали е можно тие промени да се настанати поради кандидата.Ви благодарам
Денес прв пат правев ПАП тест. Може да ми објасни некој за што точно тестира? Дали само за абнормални клетки на грлото на матката?
Мене ми кажа дека сум имала многу исцедок и тоа ме исплаши. Ама имам пореметени хормони и не знам што не искача од мене веќе...
Тоа нема врска со пап, за тоа се прават брисеви и се испитуваат хормони преку крв, а пап е само за испитување преканцерогени или канцерогени промени на клетките од грлото на матката. Нема зошто да се плашиш, најголем дел се инфекции кои лесно се третираат, биди само редовна со превентивни прегледи и тоа е тоа.
Генерално се пренесуваат преку сексуален контакт, но не сите,. На пример кандида е габична инфекција, кандидата природно живее во телото и нејзиниот број е контролиран од бактерии кои исто така природно живеат на нас. После третман со антибиотици може да се појави инфекција со кандида или при паднат имунитет и така натака. Бактериска вагиноза е честа инфекција што предизвикува зголемен исцедок, а може да се појави како резултат на промена на хормони, при користење средства за интимна хигиена што ја нарушуваат вагиналната флора, а некогаш и не може да се утврди причина. Некогаш зголемениот исцедок е резултат на промена на хормони, а не значи дека имаш инфекција.
Дали има некоја видна разлика што гинекологот може да ја примети доколку станува врска за исцедок од инфекција vs обичен хормонски?
Zdravo devojki Pap i mikrobioloski brisevo kaj maticna dali se naplakja sto ke zema? Za kolku vreme ke imam rez od pap i mikrobioloski? I sto preporacuvate kade da gi nosam brisevite? Koja e cenata na drzavno koja privatno? Za vo skopje
По правило не треба да се наплаќа ама наплаќаат и за пап и за земање брис. Пап на државно околу месец се чека за резултатите, на приватно околу недела. За брисеви ден - два. На државно пап е бесплатен на приватно 1200-1500. Микробиолошките на држави околу 50д од брис, на приватно околу 800д од брис.
Сигурно е изгор. Моја препорака ти е Хистолаб, матичната нека ти земе пап, ти сама однеси си го, 500 денари е, резултати за 2,3 дена на емаил ти праќаат.
Никогаш да немате верба во пап тестови прегледувани во државно оти штедат реагенси и често пати резултатите се погрешни . Со пап тест прегледан во државна лабораторија може да се доведете во ситуација со години да лечите хпв или цин што не постои. Си плаќам 1000 денари за пап и мирна ми е главата.Мнолгу луѓе лечат гинеколошки болести што не постојат во нивното тело поради погрешен пап резултати и брисеви.
Плати па клати. Не сме будали ние што даваме и по 4000 ден за брисеви и за пап 1000 ден на приватно. Секогаш си на чисто и со добро здравје. Џабе добар гинеколог ако резултатите се проверува и во дупкине државни. Во бременост ми згрешија резултат кој за малце скапо ќе ме чинеше, хпв лечев што не постои . За памет. Сега огромни суми давам и фала богу немало до сега утки од приватниве лаборатории.
Добро, може да се случи грешка, ама ти кажа дека сите резултати се грешни и дека 'штедат на реагенси' Ова го знаеш како факт?
Секој си знае за себе си што му одговара,мене ми одговара резултати прегледувани во чиста лабораторија и скапо си ги плаќам истите. @Biljarkata Лесно е ако некоја живее во Скопје да кажува за пап тест. Дојдете во малите градови да видите услови за прегледување.
Прв пат слушам за ова. И искрено, би сакала да знам дали е вистина, оти и мене ми зависи здравјето од информацијава, а Бога ми и на мнозинството жени во државава. Ептен сериозно е ако е вистина. Оти тоа би значело дека умираат жени поради несоодветна дијагностика... Не е играчка
Како да не знаевте до сега дека државнине лаборатории во помалите градови се ужас. Да не се правиме дека не сме од овде. Нема потреба од паника, избор си е тоа и секој верува во тоа што сака и според искуства. @WildMk Ќе ги убиев ако се породив пред време поради бактерија. Цела се воспалив.